настан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Feb 2024 10:40:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png настан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кралицата Камила за првпат се огласи за здравствената состојба на кралот Чарлс, а кажа и како е се чувствува тој сега (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kralitsata-kamila-za-prvpat-se-oglasi-za-zdravstvenata-sostojba-na-kralot-charls-a-kazha-i-kako-e-se-chuvstvuva-toj-sega-foto/ Fri, 09 Feb 2024 10:40:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338200

Кралицата Камила (76) се појави во катедралата во Солсбери со навидум добро расположение додека нејзиниот сопруг води битка со ракот. Таа ја објави веста, зборувајќи со болничарот за интензивна нега на Вилтшир, Бен Абот (40) и рече: „Тој работи исклучително добро со оглед на околностите. Многу сме трогнати од сите писма и пораки. Се одржува вечер на музика за да се слави работата на локалните добротворни организации.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

На концертот ќе настапи наградуваниот концертен пијанист Руперт Егертон-Смит, кој ќе настапи во музичка придружба. Амбасадорот на воздухопловната амбуланта на Вилтшир, Пол Мартин, е домаќин на настанот, при што сите собрани средства ќе одат за локални добротворни цели.
 
Тоа е нејзин прв јавен ангажман по објавувањето на веста за ракот на кралот Чарлс во понеделникот. Бакингемската палата во соопштение потврди дека кралот останува „целосно позитивен“ и дека почнал да се лекува. Камила е видена со Чарлс во вторникот за првпат по шокантната вест дека кралот боледува од рак. Имено, таа отиде со хеликоптер во Сандрингам по средбата со принцот Хари. фото:Instagram printscreen/ theroyalfamily]]>

Следниот вторник ќе се одржи настанот „Од почетник до успешен фриленсер“ https://arhiva.vistina.com.mk/sledniot-vtornik-ke-se-odrzhi-nastanot-od-pochetnik-do-uspeshen-frilenser/ Wed, 17 Jan 2024 14:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335322

Настанот е во организација на Импакт Фондација, кои продолжуваат со своите активности за поддршка и развој на фриленс еко-системот во земјава - преку создавање на можности за едукација, споделување на искуства и вмрежување со успешни фриленсери. Импакт Фондација е двигател на позитивни промени, фасилитирање и партнерства за инклузивен економски развој. Овој настан е втор во низа настани во рамките на проектот “Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на овој проект е да се подобри пристапот на младите до можности за обука и вработување преку промоција на фриленсингот како кариера. Овој проект започна во октомври 2023 и ќе се спроведува до април 2024. Партнери на ова издание се Семос Едукација, од каде се погрижија да обезбедат тројца одлични говорници кои со присутните ќе ги споделат своите фриленсерски експедиции и ќе одговорат на нивните прашања како успешно да се плови во фриленсерските води. Говорници на настанот ќе бидат: Марија Постоловска (предавач во Семос Едукација), Илија Ќамилов (фриленсер) и Марија Сековска (маркетинг менаџер).
На настанот ќе се презентираат и заклучоци од глобално истражување за состојбата на фриленс индустријата, за најдобро платените фриленсерски кариери, како и за најзначајните трендови во едукацијата која ги обезбедува потребните фриленс вештини за новото време.”- вели Огнен Јанкуловски, координатор на проектот од Импакт Фондација.
Поканети да присуствуваат на настанот се сите оние кои допрва влегуваат во фриленсерските води, но и веќе активни фриленсери кои сакаат да напредуваат во својата кариера. Присуството на настанот е бесплатно, но поради логистички причини потребно е претходно да извршите регистрација на следниот ЛИНК. Одржувањето на овој настан е во рамки на проект поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.]]>

Подгответе се за „99 Megastars“ – уживање за сите сетила (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/podgotvete-se-za-99-megastars-uzhivane-za-site-setila-foto/ Sat, 11 Nov 2023 17:56:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326471

Музиката е универзален јазик на кој зборува срцето и има моќ да нѐ натера да чувствуваме различни емоции. Таа е највисоката форма на магија и, како што во една прилика рекол Карлос Сантана, има моќ да ги зближува луѓето. Музиката во исто време е и лек, факт потврден од Британската академија за звучна терапија (БАСТ), што со години ги проучува корисните ефекти од слушањето музика за терапевтски цели. Едно истражување на БАСТ, односно проектот наречен „Музиката како лек“, се обидува да идентификува точно каков вид музика стимулира позитивни нервни одговори и колку долго треба да се слуша пред да почнат да се активираат овие одговори. - Повеќето луѓе слушаат музика секој ден и речиси сите имаме тенденција да ги менуваме плеј-листите врз основа на расположението. Психолозите повторно докажаа дека музиката може да има влијание врз нашето здравје. Имајќи го тоа на ум, би било одлично ако може да се препише музика за да се помогне во одредени состојби, велат невролозите од БАСТ. Резултатите од истражувањето се неверојатни – 89 % од испитаните 7.580 лица рекле дека музиката е суштинска за нивното здравје и благосостојба. Ние нема да докажуваме ништо, ниту ќе одиме против оние кои веќе го сториле тоа, само во пракса ќе се обидеме да делувамe лековито и да потврдиме дека музиката е лек за душата – затоа не пропуштајте да бидете дел од големиот музички настан „99 Megastars“ закажан на 30 ноември со почеток во 20:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. А тогаш освен што ќе можете да уживате во добро познатите рефрени, ќе имате можност да си ја тестирате и среќата – зашто освен многу музика ќе има и многу, многу изненадувања. Влезот на „99 Megastars“ ќе биде бесплатен со регистрација, а информациите за ова очекувајте ги на 18 ноември. Во улога на водители на настанот, што воедно ќе биде и музичко патување низ времето и одлична можност да се потсетиме на некогашните големи хитови и музички имиња кои одамна не сме ги виделе на сцената, ќе се појават Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски. А дел од музичките имиња, кои ќе бидат задолжени за забавата ќе бидат Александар Митевски, Андријана Јаневска, Арбен Шакири, Верица Пандиловска, Искра Трпева, Peace Brothers, Маја Гроздановска-Панчева, Ребека Јанковска, Ристо Самарџиев, Кристина Арнаудова... Што се однесува до техничкиот дел, благодарение на кој присутните ќе добијат можност за уникатно уживање и настан каков што ретко се гледа на нашите простори, очекувајте бина со големина од 120 квадратни метри, повеќе од 100 квадратни метри ЛЕД екрани, „зелена соба“ со сите изведувачи, а уреден ќе биде и надворешниот дел, односно просторот пред салата – инаку наменет за сите оние кои нема да бидат во можност да влезат во салата (начинот на кој ќе се обезбедува место ќе биде објавен на 18 ноември). Пред СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат поставени ЛЕД екрани и шатори каде бесплатно ќе се дели топол чај. Настанот ќе биде емитуван и на профилите на социјалните медиуми на Државна Лотарија, како поддржувач на настанот. Во реализацијата на овој мега проект учествуваат повеќе од 200 луѓе, а дел од dreamream-от се Дарко Панчевски и Емилија Илиевска, проект-менаџери; Мартин Трпчевски, уметнички директор; Александра Тимковска, лице задолжено за односи со јавност, Божидар Божиновски, сценарист; Зоран Тошевски, сценограф; Advanced Solution Group - Маркетинг кампања и Ангелина Китановска, стилист. Најголемиот пријател Државна лотарија за оваа вечер вели дека е влог во заедничката среќа. За „99 Megastars“ и настаните што следуваат Државна лотарија има многу поводи, но најважниот е, велат, да се собереме, да ја славиме среќата, надежта, музиката, дружењето, убавите спомени, искрените емоции... „Среќа е да се биде заедно, да сме живи и здрави, да пееме и играме, да се наградуваме, да се радуваме на добивки, да учествуваме во креирањето на едно големо цело за сеење среќа и надеж онаму каде што е потребно да се помогне“, велат од Државна Лотарија. На 30 ноември среќата ќе биде насекаде, исто како и музиката, а таа не заборавајте му дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Бидете дел од „99 Megastars“ и не заборавајте – датум: 30 ноември, време: 20 часот, локација: СЦ „Јане Сандански“.]]>

Ќерката на Дадо Полумента итно оперирана: Пејачот веднаш се огласи и одложи се  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-dado-polumenta-itno-operirana-pejachot-vednash-se-oglasi-i-odlozhi-se-foto/ Wed, 25 Oct 2023 06:59:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323683

Во семејството на Дада Полумента настана општа паника откако беше оперирана неговата постара ќерка Алеа, а пејачот итно се огласи и ја одложи промоцијата на албумот која беше закажана за денеска. Дадо, кој се подготвуваше да издаде албум наречен „Алеа“ како што ја нарекуваат неговата постара ќерка, а ден пред промоцијата ги извести сите дека била оперирана. - Драги луѓе, за жал, поради итната апендектомија на Алеја, принудени сме да го одложиме издавањето на албумот и промоцијата закажана за утре. За датумот на издавање на новиот албум и датумот на промоција ќе ве информираме навремено. Ви благодариме на разбирањето – напиша Полумента. Да потсетиме, Дадо со сопругата Ивона ги има ќерките Алеа и Алија, а од врската со Анамарија Кикош го има синот Доријан. Фото: Принтскрин/Инстагарам/Ата Имаџес]]>

Мислеа дека камерите не ги снимаат: По шпекулациите дека не се во добри односи, откриено како Новак навистина се однесува со родителите на Јелена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mislea-deka-kamerite-ne-gi-snimaat-po-shpekulatsiite-deka-ne-se-vo-dobri-odnosi-otkrieno-kako-novak-navistina-se-odnesuva-so-roditelite-na-jelena-foto/ Tue, 10 Oct 2023 09:08:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321831

Габор Мате, унгарско-канадски писател, психотерапевт, светски познатиот говорник и експерт за детски развој одржа предавање во Белград. Новак и Јелена Ѓоковиќ внимателно слушаа од првиот ред на преполната сала на МТС. Добро познатиот пар беше придружуван од родителите на Јелена. Иако не така одамна се зборуваше дека познатиот тенисер не е во добри односи со својот свекор, фотографиите од местото на настанот ги демантираат лошите јазици. Имено, Новак срдечно се поздрави со Миомир и Вера Ристиќ, тие се бакнаа и прегрнаа, што го видоа сите кои тој ден беа во публиката, но и бројните фоторепортери. Ристиќ не се сметаат себеси за јавни личности и не сакаат да се експонираат. Сепак, тие не сакаа да го пропуштат овој настан, а можеби сакаа да ја поддржат својата ќерка, која е позната по нејзините неконвенционални методи на воспитување деца. Со оглед на тоа дека се работеше за предавање, Ѓоковиќ и Ристиќ беа лежерно облечени. Вера избра класична бела кошула со елек на пруги и наметка во стилот на оние што ги носи во последно време, додека нејзината ќерка имаше бело здолниште со пруги и портокалови панталони. Машкиот дел од тимот беше во спортско модно расположение. фото:АТА Imags]]>

„Joy fest“ слави јубилеен роденден со ДНК, „Нокаут“… https://arhiva.vistina.com.mk/joy-fest-slavi-jubileen-rodenden-so-dnk-nokaut/ Fri, 11 Aug 2023 10:41:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313465

Убави вести пристигнуваат од Крива Паланка! Реномираниот „Joy fest“ слави јубилеен роденден со вистинско уживање за музичките сладокусци! Поминаа 10 години од раѓањето на единствениот фестивал во овој регион „Joy fest“, кој и годинава ќе се одржи на вообичаениот датум, 27 и 28 август, но оваа година местото на лудата журка ќе биде градскиот стадион. А како што бива јубилеите се слават на посебен начин. Организаторите не откриваат детали до крај, за да изненадувањето биде поголемо, но засега се знае кои ќе бидат дел од изведувачите. За некои од нив не треба посебна најава, доволно зборува името на ДНК, „Нокаут“, „Фикшн“ и Галоски. „Joy fest“ изминава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство. Така ќе биде и оваа година. фото:Фејсбук/ Нокаут/ДНК]]>

„Гоу Грин“ кани на кино на точак во паркот на Франкофонијата https://arhiva.vistina.com.mk/gou-grin-kani-na-kino-na-tochak-vo-parkot-na-frankofonijata/ Wed, 09 Aug 2023 11:47:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313184

„Гоу Грин“ кани на кино на точак в сабота, со почеток во 20 часот, во паркот на Франкофонијата. Поводот е заеднички да се прослави Денот на младите. Во рамките на кино на точак ќе има проекција на кратки филмови- Bike stories (Приказни за точак – 15 минути) и Legs od Amsterdam – Нозете на Амстердам. Настанот е организиран во рамките на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3”, имплементиран од „Гоу Грин“, а финансиран од Канцеларијата на Фондацијата Хајнрик Боел во Сараево.]]>

Заедно една до друга: Стилска минималистичка доминација во црно – Тамара или Каролина? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zaedno-edna-do-druga-stilska-minimalistichka-dominatsija-vo-tsrno-tamara-ili-karolina-foto/ Fri, 28 Jul 2023 07:10:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311901

Тие две важат за најмоќните вокали на македонската забавна сцена, колешки и пријателки кои музиката ги спои заедно на мултимедијалниот настан на Терапија- Зборувај за Скопје“. Музејот на град Скопје кој е еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, беше локацијата каде имаше настан за урбаното и модерно Скопје, а се во знак на сеќаваќето од разорниот земјотрес пред 60 години. Ова беше поводот колешките да се стокмат од глава до петици и секако да бидат во склад со пригодата. За двете изборот падна на непогрешливото црно. Тамара беше во елегантна минималистичка тоалета со асиметрично декте кое совршено и прилегаше. Каролина пак, за разлика од помладата колшка, се одлучила за спортска маичка и кусо здолниште со висок струк. Се на се’ и двете модерни и урбани и сосема компатибилни за пригодата. Рамо до рамо една до друга позираа за спомен и секако за на социјалните мрежи, а вие одберете која е вашиот моден фаворит. фото:Фејсбук/Тамара Тодевска/ Инстаграм принтскрин]]>

Сопругата на српскиот тенисер привлече големо внимание: Билјана Типсаревиќ блесна во златен фустан со шлицеви и длабоко деколте (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/soprugata-na-srpskiot-teniser-privleche-golemo-vnimanie-biljana-tipsarevik-blesna-vo-zlaten-fustan-so-shlitsevi-i-dlaboko-dekolte-foto/ Thu, 22 Jun 2023 11:36:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307297

Билјана Типсаревиќ, сопругата на познатиот српски тенисер Јанко Типсаревиќ, наскоро ќе го прослави својот 40-ти роденден, а се чини дека никогаш не изгледала подобро и позадоволно. Таа се појави на настан во главниот град на Србија и со својот изглед привлече големо внимание. Билјана за оваа пригода избра златен фустан кој одлично ја истакна нејзината фигура. Длабоко деколте, шлицови на половината и голем шлиц дополнително ја „зачинија“ комбинацијата, а многумина коментираа дека таа го довела изгледот до совршенство. Билјана не крие дека во последните неколку месеци се посветила на тренинзите, а резултатите се повеќе од видливи. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Немања Николиќ]]>

„Пукна тиквата“: Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ беа неразделни, а сега не се ни поздравуваат https://arhiva.vistina.com.mk/pukna-tikvata-marija-sherifovik-i-dhejla-ramovik-bea-nerazdelni-a-sega-ne-se-ni-pozdravuvaat/ Thu, 01 Jun 2023 11:21:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304686

Вечервeчер многу јавни личности се собраа во главниот град на Србија и блеснаа на црвениот килим. Меѓу нив беа Џејла Рамовиќ и Марија Шерифовиќ. Иако очекувавме дека овие две пејачки ќе се сретнат заедно пред камери и ќе дадат изјава, што не се случи, многумина мислеа дека ќе се седнат на иста маса. Сепак, Марија на настанот дошла видно нервозна, додека Џејла зборувала за медиумите и на прашањето за Марија изјавила дека со нетрпение чека да ја сретне. Освен што овие двајца пријатели и колеги не се сретнале на иста маса, како што пренесува изворот за српски Ало.рс, двете не се ни поздравиле. Што се случува и од каде ваквата нетрпеливост меѓу колешките, можеме само да нагодуваме. фото:Принтскрин/Инстаграм/youtube/grandonline]]>