наше море – наше скале – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Nov 2021 09:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наше море – наше скале – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога државата нема слух за естрада и дома ништо не се случува: Елена Ристеска селектира, организира и промовира фестивал во Црна Гора (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-drzavata-nema-sluh-za-estrada-i-doma-nishto-ne-se-sluchuva-elena-risteska-selektira-organizira-i-promovira-festival-vo-crna-gora-foto/ Fri, 26 Nov 2021 09:33:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228899

Во Македонија многу нешта, особено последниве неколку години можеме слободно да ги прогласиме „за умрено“... Вклучувајќи ја и естрадата. Оваа, како ниту една власт досега, толку многу е „глувонема“, толку многу нема слух за овој и тоа како важен сегмент на културното и општесвеното живеење, особено кај помладите генерации, што е просто неверојатно како обете воопшто се' уште опстануваат: И власта и естрадата?! Ако е за утеха, власта по дебаклот на локалните избори е во ногдаун, на стаклени нозе и на заминување, додека естрадата како - така, некако се одржува во живот... на апарати! Фестивали нема, манифестации кои го вреднуваат трудот и работата на авторите и изведувачите исто така, големите концерти на домашните ѕвезди станаа мисловна именка, а и онаие трошки леб што им останаа на естрадните уметници сакаат да им ги земат со се' построгите рестрикции и мерки... Божем Ковид -19 пандемијата настана во кафеана, кафуле или дискотека...!? Медиумите, особено оние најмоќните - телевизиите во спрега со политиката, естрадата ја шутнале некаде во аголот или ја заборавиле во подрумот на своите програмски шеми. Главни ѕвезди им се коекакви „политички шиљоку*ани“ и тобожни надри експерти за се' живо што има допир со политика во дебатните емисии и секако, „нивното величество“ - турските серии во телевизискиот „прајм тајм“ од 18 до 23 часот.   Се' што има врска со естрада, па и забава генерално, е ставено под лед, заклучено во „шупа“. Потоа се чудиме зошто децата ни одат да пеат на „Пинк“ или на „Гранд“, на овој или оној фестивал по државите од биша Југа, зошто македонските пејачи добиваат награди на МАЦ во Белград, а не како до пред некоја година на „МАРС“ (2007-2017) во Скопје или нешто пред тоа на „12 Величествени“ (1991 -2004), кои кога ние ги имавме во почетокот на 90-ите, сето претходно споменато и не постоеше. Ама не постоеа ниту „пазарџии и пиљари“ во власта, „сељобери“ во политиката, црпнати и шутнати од едикојаси вуко*ебина на стратешки места во државата, та истите денес биле на власт, утре во опозиција, или обратно, сеедно! Не е сеедно што „мува не ги лази“ за културата, уметноста, субкултурата, естрадата... Иако истите се први што се јавуваат од своите кабинети за гратис влезници, за нацртани во ВИП ложите на концерт Цеца да „наполнат душа“ или на Дејвид Гета, на џез, блуз... за да бидат видени, оти тоа е модерно! И додека домашната естрада некако живурка на апарати кои државата се труди и нив да им ги исклучи, оставени сами на себе, авторите, изведувачите, музичарите, се снаоѓаат кој како и колку може. Од свадби и веселби, до ситни тезги во кафеана или кафуле и понекоја во ноќен клуб. Се свири и пее едвај колку да се преживее. Оние малку пореномираните и поафирмираните се обидуваат да ја прејдат границата и да се обидат нешто да направата и надвор од Македонија. Некој со настапи по Србија и чат-пат Хрватска како Калиопи на пример, некој во малку поинаква улога, како што тоа деновиве го прави Елена Ристеска. Имено македонската поп пејачка и текстописец замина најпрвин за Белград, а пото за Црна Гора каде е дел од селекционата комисија, организацијата и еден од промотерите на фестивалот насловен  “Наше море, наше скале” во Херцег Нови,   кој ќе се одржи во јуни 2022-ра година. И бидејќи оние што знаат, знаат дека фестивал се подготвува цела година, навреме собраа познати ѕвезди од регионот како дел од екипата која треба да даде свој придонес во жирирањето и селктирањето на песните и учесниците, да помогне со свои идеи и предлози во организацијата, а со својата популарност како познати музички лица, да го промовираат фестивалот. Елена сподели неколку фотографии од средбата и работната атмосфера со колегите во Херцег Нови, а покрај нив и пост во кој појаснува:
„Огромна чест ми е да споделам со вас дека сум дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Задоволство ми е што заедно со @djordje_david i @danijel_alibabic ќе ги избираме песните што ќе влезат во потесна селекција за учество на фестивалот кој ќе се одржи во јуни 2022ра година , целосно нова приказна за целата балканска музичка сцена. На оваа прес конференција јас сум претставник од Македонија, Данијел за Црна Гора и Ѓорџе Давид за Србија и покрај комисиска улога, имаме и промотерска улога и сме дел од организацијата. Благодарам за поканата на организаторот “Адриа и Јадран медиска група” @adria__tv со која од денес па натаму ќе имаме одговорна задача да одбереме убава шоу програма на фестивалот. Јас од црногорските фестивали и црногорската публика ја имам поддршката во кариерата уште од самите почетоци, покрај неколкуте учества ги имам и двете прекрасни награди за “Дебитант на годината” и за “Дует на годината” со Регина, истата година и ден кога бевме и предгрупа на концертот на Ролингстоунс во Будва. Нека ни е среќно и успешно ова патешествие“ - напиша Ристевска на својот Инстаграм профил, испишувајќи нова страница во својата музичка кариера. И додека регионот граби напред, естрадно, музички,  културно и уметнички поврзувајќи се и споделувајќи ги овие вредности, ние како „отепани од безнадежност“ апатично дремеме и се' уште чекаме да ни направат нова „Универзална сала“...! Оти сме единствената престолнина, а со тоа и држава на Балканот, а можеби и во Европа која нема своја специјализирана концертна сала!]]>