народњаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Mar 2023 10:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png народњаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хрватската пејачка која пее по свадби тврди: „Хрватите глумат патриоти, а ‘одлепуват’ на српски и босански народњаци“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatskata-pejachka-koja-pee-po-svadbi-tvrdi-hrvatite-glumat-patrioti-a-odlepuvat-na-srpski-i-bosanski-narodnatsi-foto/ Mon, 27 Mar 2023 10:12:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295192

Градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ неодамна ги забрани настапите на Ана Бекута, Зорана Миќановиќ, Душко Кулиш и Драган Којиќ Кеба во овој град, а потоа во целиот случај се вмеша и локалниот суд. Хрватската пејачка Мирјана Брадиќ, која е и медицинска сестра, а пее и на свадби, проговори за песните кои најчесто се нарачуваат на веселбите. „Најтешко е да се пее по свадби. Бендот никогаш не знае какви ќе бидат гостите, а од нас зависи каква ќе биде свадбата. За тоа може да се зборува долго и долго, но генерално, сè се сведува на ситуацијата на самото место. „Веднаш по тамбуре гостите почнуваат да бараат народни песни. Некој ќе викне: „Знаеш ли нешто од Халид? Често се случува младенците, со кои претходно се договорив да не пеам народни песни, да ми се придружат на подиумот, одобрувајќи ги желбите на своите гости. Никогаш не сум имала случај некој да биде незадоволен затоа што се пеела народна песна“ - изјави Мирјана. „Најчесто изведуваме песни од Халид Бешлиќ, Харис Џиновиќ, Мирослав Илиќ, Ханка Палдум и Нада Обриќ. Сите буквално знасаст нејзиниот хит „Дуго те дуго очекујем“. Мирјана истакна дека потешко ѝ е да пее новокомпонирана народна музика отколку онаа, старата. „Треба да се прави разлика меѓу народната музика и турбофолкот. Народните песни  имаат нешто полесен ритам, кој го сакаа генерациите што живееја во поранешна Југославија. Не пеам турбо затоа што се позахтевни, тоа е еден вид микс на румба и самба, им се восхитувам на оние жени кои можат лесно да ја пеат“- вели таа за „Слободна Далмација“. „На социјалните мрежи многу луѓе се прикажуваат како големи патриоти и родољуби, а потоа слават со народни песни. Лицемерно е. Ниту еден музички правец не треба да се исмева и да ги раздвојува луѓето, а ние како општество мора да се оддалечиме од тоа“ - изјави Мирјана Брадиќ во интервју за горенаведениот медиум. „Да зборуваа постојано за тоа, тогаш Германија сигурно немаше да ја има Нена. Не ми паѓа на памет да гледам на песните како музика која  ми се гади, иако не ги пеам и не ги слушам. Лицемерно е да се каже што не треба да се слуша, сечиј избор треба да се почитува“ - заклучува Мирјана. Фото: Фејсбук принтскрин/Mirjana Bradić]]>

Ламбе Алабакоски замина во „народњаци“: Некогашната „М2 “ ѕвезда станува фолкер кој ќе дебитира на Фолк фест „Валандово 2022“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-alabakoski-zamina-vo-narodnjaci-nekogashnata-m2-dzvezda-stanuva-folker-koj-kje-debitira-na-folk-fest-valandovo-2022-foto/ Fri, 03 Jun 2022 07:24:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252940

Некогаш популарниот македонски пејач Ламбе Алабакоски по повеќе од седум години живот во САД каде оформи и семејство, неодамна  реши да се врати во родната Македонија, а со тоа и да се обиде да се врати на истата сцена на која ја започна својата музичка кариера. Момчето од преспанско Љубојно веќе има настапи со еден локален придружен бенд со кој настапува по локалите низ Македонија. На неодамнешната прес конференција на групата „Меморија“ по повод нивниот голем концерт на 11 јуни 2022 на стадионот на АРМ во Скопје, Ламбе дополнително беше најавен дека ќе биде и еден од специјалните гости кои ќе ја загреваат атмосферата пред главниот настан. И додека сите, особено оние што растеле со неговите хитови очекуваа некогашната „М2“ музичка ѕвезда наскоро да ја слушнат со нова песна, Ламбе ги изненади, иако на некој начин ќе им ја исполни желбата. Но, не онаква, каква што посакуваа... Имено, Ламбе Алабакоски на шокантно изненадување на неговата публика, ќе запее фолк песна на реномираниот фестивал на новосоздадени фолк песни, „Фолк фест Валандово 2022“!!? Песната со која тој ќе настапи како 19-ти изведувач по ред на фестивалската вечер во Валандово, на 5-ти јуни (недела) е насловена ,,Нема збогум”. Автор на истата е познатиот композитор Миле Барбаровски кој го направил и аранжманот, а пак текстот е на Ѓеорги Барбаровски. Инаку, Ламбе Алабакоски своевремено беше една од оние  музичка надежи кои излегоа од музичкото шоу за потрага по таленти: „М2 Плеј – Потрага по ѕвезди“ и музичката работилница за „фабрикување нови деца“ на тогашниот менаџер и извршен продуцент Иво Јанкоски и композитрот и музички продуцент, Дарко Димитров. Тој стана познат, но и покрај песните и албумите, неговата кариера никогаш не ги достигна очекуваните височини кои ја минуваат границата и стануваш сериозен играч во музичкиот шоу бизнис. Го имаше тој „пех“ постојано да биде во сенка на мегапопуларниот Тоше Проески, но и на неговата колешка од истиот музички клан, Елена Ристеска, која до крај беше „прва ластовичка“ во нивното „М2“ јато, па „ламбата на популарноста“ на Ламбе кој подоцна остана и без  „М2 ветер во грбот“, полека почна да се гасне. Тогаш, тој го направи веројатно најпаметниот потег – се сврши со својата тогаш нова девојка, денес негова сопруга Магдалена која беше нашинка која живее во Америка, а пејачот од преспанско Љубојно заедно со неговата сакана замина да живее во САД. Оформија семејството во кое  тој и  сопругата  денес ги имаат  и синовите Димитриј и Михаил. Сега, по враќањето од САД дома, Ламбе и се враќа и на музиката. Како она што го запознавме и знаевме - поп пејач или како „народњак“ останува самиот да објасни или времето да покаже! Ќе има или... „Нема збогум“? Дали ТВ снимките од неодамнешните гостувања во некои фолк емисии и дебито на „Валандово“ не се само генерална проба и доказ дека Ламбе сепак го менува и стилот и правецот и жанрот?
Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/lambealabakovski]]>

Еве зошто Антониа Гиговска е „МАГНЕТ“ за многу нешта: Од грст хитови, преку „влажни машки погледи“, до српски народњаци (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-zoshto-antonia-gigovska-e-magnet-za-mnogu-neshta-od-grst-hitovi-preku-vlazni-mashki-pogledi-do-srpski-narodnjaci-foto-video/ Thu, 19 Aug 2021 07:16:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215864

Антониа Гиговска со текот на годините покажа дека е веројатно една од неколкуте млади македонски пејачки кои се најдоброто што и се случило на домашната естрада во последнава деценија. И според она со каков глас ја надарил Бог, со каква телесна дарба и убавина ја обдарила мајката природа, според тоа како се развива и како личност, а и како се одвива нејзината музичка кариера, па се до приватноста која не ја крие, но ја става на увид на јавноста толку, колку што е само неопходно истата со секој свој потег или објава на социјалните мрежи да ја заскокотка. Со еден збор, Антониа секој ден се повеќе покажува дека не е „ветер во МАГЛА“ ни како личност, уште помалку како музички изведувач...Напротив, распената убавица се повеќе е „МАГНЕТ“...  И тоа за многу нешта:  Од грст хитови, преку „влажни машки погледи“, до српски народњаци... Еве и зошто! Музички, секоја нејзина нова песна станува широко прифатена кај најзината и не само нејзината публика, а таа е музички и пејачки се' позрела, поубедлива, подопадлива, се поблиску до  друштвото на нашите најголеми ѕвезди. Вокално, гласот кој и самиот со годините природно созрева, постојано го надградува и култивира, додавајќи му ги ситните финеси кои ја прават разликата... Како зачин, како миродии во јадење, кои ја даваат неодоливоста на посакуваниот вкус. Физички, подложна на трансформации, она што е природна убавина знае и умее да го „избруси“, што самата, што предавајќи се во вистинските раце на оние кои се мајстори за шминка, мејкап, фризура, модни креации, фитнес... Кај естетските хирурзи засега не тропнала на врата, зашто веројатно и не мора! Приватниот живот не го крие како „змија нозете“, ама и секој личен момент „не го сервира на послужавник“, на увид на јавноста... Нејзината приватност е доволно дозирана, онолку колку што треба. Последните објави на социјалните мрежи се доказ, жива вистина за посочените тези. Антониа со своето момче, пејачот на „Либеро бенд“  Иван Јованов ужива на море... Овој пат во Саранда, во Албанија. Русокосата убавица во костим за капење уште еднаш го сподели сиот свој телесен потенцијал, потсетувајќи дека телесниот раскош и е адут повеќе за успех.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Затоа Антониа и е „МАГНЕТ“ не само за публиката, туку и за „машки очи“, чии „влажни погледи“ се лепат за секоја од нејзините скокотливи објави. Привлекува како „МАГНЕТ“ визулно, ама и музички, а наскоро ќе дознаете и зошто?!
 
А што се однесува до пеењето...? Не само поп и ар ен би, Антониа на моменти умее да покаже дека и „народњаците“ не и се енигма... Особено оние од српската фолк естрада! Уште пак, ако покрај песната ти се погоди и дуетот, на добар пат си да го освоиш светот. Барем оној твојот, што го замислуваш, за кого живееш и сонуваш... да ти цутат бели рози! Зашто, колегата од дуетот, е веќе освоен... Со „Беле руже“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jovanov Ivan (@jovanov_ivan)

Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa/jovanov_ivan]]>