народни песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Aug 2022 20:03:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png народни песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не слушам народно, јас сум уметничка душа – хит изјава на Тања Савиќ која ќе се прераскажува (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-slusham-narodno-jas-sum-umetnichka-dusha-hit-izjava-na-tanja-savikj-koja-kje-se-preraskazuva-foto/ Tue, 09 Aug 2022 07:00:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261883

Пејачката Тања Савиќ изненади со изјавата дека она што го слуша приватно е сосема спротивно од она што го пее. Имено, Тања изјави дека од сите соработки што ги имала, песната што ја издвојува како нешто посебно е „Златник“. - „Златник“ некако направи револуција, тоа можам со сигурност да го кажам. Таа песна стана евергрин - изјави таа за „Гранд онлајн“ и додаде дека воопшто не слуша народни песни: - Верувале или не, речиси никогаш приватно не слушам народни песни. Јас сум сестрана, но не секогаш, зависи од тоа во какво расположение ќе се разбудам. Еден ден, на пример, слушам Селин Дион или Витни Хјустон, а понекогаш ми доаѓа да ја слушам Верица Шерифовиќ или Шабан Шаулиќ. Чудна сум, но претпоставувам исто како и секоја уметничка душа - одговори Тања. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тања Савиќ]]>

“Запеало славеј пиле” нов студиски албум на Елена Андоновска https://arhiva.vistina.com.mk/zapealo-slavej-pile-nov-studiski-album-na-elena-andonovska/ Wed, 30 Dec 2020 11:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183534

Познатата и веќе докажана пејачка на македонски народни песни, младата Елена Андоновска со задоволство сподели интересна и убава информација на која веруваме многумина на македонската музичка сцена ќе се израдуваат. Во година кога ретко кој снимаше, продуцираше и коронавирусот беше нашето скојдневние, за жал,… Елена не застана и заедно со своите соработници упорно го снимаше и конечно го заврши нејзиниот втор студиски албум насловен “Запеало славеј пиле”. Ова ново музичко парче исполнето со 10 македонски народни песни отпеани во нов аранжман, на кое што сите ние треба да бидеме горди, е подржано и од Министерството за култура, како дел од програмата за проекти од национален интерес на Република Македонија за 2020-та година. Во реализацијата на овој музички проект учество земаа голем број на познати македонски музички имиња, некои веќе докажани, а за некој допрва и ќе се дознава и слуша. Меѓу сите нив ќе ги споменеме: Дарко Илиевски, Александар Јовевски, Марјан Андоновски, Илија Филиповски, Андреј Трајковски, Филип Николовски… и уште многу, многу други кои да не беа овој проект можеби и немаше да биде она што е денес. Андоновска за Музика24 вели дека во текот на наредната година јавноста, публиката и сите оние кои ја сакаат, негуваат и слушаат македонската народна песна и музика ќе имаат можност и привилегија да бидат дел од многуте концертни проекти кои се веќе во план за следната 2021 година.]]>