направи сам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Mar 2021 11:10:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png направи сам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вашиот дом нека мириса на поле со лаванда: Направете сами спреј за постелнина https://arhiva.vistina.com.mk/vashiot-dom-neka-mirisa-na-pole-so-lavanda-napravete-sami-sprej-za-postelnina/ Tue, 16 Mar 2021 14:20:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194423

Есенцијалните масла се неисцрпен извор на прекрасни мириси и се составен дел на еколошките производи за нега на тело. Ако има нешто што навистина го сакаме во нашиот дом, тоа се мирисливите и чисти чаршафи во кои е вистинско задоволство да се вовлечеме по напорниот работен ден. Освен правилниот начин на перење, користењето омекнувач без вишок хемикалии и пеглање на постелнината, постои и друг начин да ја додадете таа посебна нота на свежина во вашиот кревет. Станува збор за мирисливи вода што може да се искористи за прскање на алиштата и постелнината, а можете да ја направите и сами. Потребен материјал: 40-50 капки есенцијално масло од лаванда 1/4 чаша вотка без вкус (може да се користи и изопропил алкохол) приближно 800 милилитри дестилирана вода мало шише со прскалка стаклено шише за чување на спрејот Постапка: Измешајте ги вотката и есенцијалното масло од лаванда во стаклено шише. Додајте ја дестилирана вода сè до врвот шишето. Протресете го шишето за маслото да се распореди рамномерно. Наполнете го малото шише со прскалка со оваа мешавина и нежно протресете го пред секоја употреба. Со оваа течност можете да попрскате сè: завеси, перници, крпи и сл. Нејзиниот мирис нема да биде премногу силен, без разлика на колку места сте попрскале во вашиот дом. Оваа течност можете да ја користите и при перење на постелнината, додавајќи ја во фазата на плакнење. Постелнината ќе има благ мирис на лаванда што ќе ви го олесни спиењето. Водата со лаванда можете да ја користите и кога пеглате. Попрскајте ја облеката што ја пеглате со оваа мешавина и таа ќе мириса убаво. Лавандата ги одбива мувите и другите инсекти, па искористете ја таа нејзина карактеристика и испрскајте го просторот околу прозорецот. извор:кафепауза.мк]]>

Вредна мама: Анастасија Богдановска нема намера да купува ново бебешко креветче, од старото направи нешто неодоливо (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vredna-mama-anastasija-bogdanovska-nema-namera-da-kupuva-novo-bebeshko-krevetche-od-statoto-napravi-neshto-neodolivo-foto/ Mon, 31 Aug 2020 07:53:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165070

Анастасија Богдановска неодамна се породи со својата наследничка која го носи името Дениција и за првпат се оствари во улогата на мајка. Убавата новинарка и ТВ водителка ги живее најубавите моменти со своето бебенце, иако овој период на заедничка адаптација и навикнување на промените се доста тешки, но слатки кога е тоа малечко суштество во прашање. Анастасија поголемиот дел од бременоста го преседи дома поради пандемијата од коронавирусот, а во тој период знаеше да се пофали на социјалните мрежи дека често на агендата од своеите дневни активности го има проектот „направи сам“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/inspirativna-i-vredna-trudnica-od-proektot-napravi-sam-anastasija-bogdanovska-go-pokaza-domot-foto/ Вредната, инспиративната и умешна водителка, и откако се породи продолжува со оваа своја пасија да создава нешто свое за во домот. Овој пат тоа беше бебешко старо креветче, кое со помош на машка рака секако, го претворија во неодоливо розово гнездо за Дениција. На тоа зошто се одлучиле за оваа варијанта наместо да се купи ново, таа вели: -Има посебна емотивна вредност, дрвото е неспоредливо подобро(и сочувано) отколку да купиме креветче направено од иверица (кои воопшто не се евтини, одговара во нејзината соба и можеме да го направиме баш онака како што сме си го замислувале, пишува таа. Освен креветчето, мама Анастасија напомена дека и перничињата се рачна изработка. Кога нешто е изработено со љубов, особено за бебенце, тогаш тоа изгледа баш како проектот на Анастасија!]]>

Како да направите домашен антибактериски гел? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-napravite-domashen-antibakteriski-gel/ Wed, 11 Mar 2020 13:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138846

Антибактерискиот гел е ефикасен начин да се ослободите од повеќето микроби, а особено е корисен сега кога постои зголемен ризик од заболување од грип или од други болести. За што се користи антибактерискиот гел? Антибактерискиот гел и другите средства за дезинфекција ги убиваат речиси сите микроби што се наоѓаат на вашите раце и на површината што ве опкружува. Од бактериите до болестите има прилично краток пат, па вреди да си набавите еден ваков гел. Исклучително е корисен во ситуации кога имате ограничен пристап до сапун и вода или кога сте на места каде што ризикот од инфекција е поголем, на пример во козметички салон или на училиште. Антибактерискиот гел може да ја исуши кожата на рацете, па затоа не треба да се користи на иритирана или оштетена кожа. Ако гелот дојде во контакт со очите, исплакнете ги со млака вода.
  • Што ви е потребно за да направите домашен антибактериски гел?
  • Сад за дозирање (100 милилитри)
  • 1-2 лажици салицилен алкохол
  • 60 милилитри гел од алое вера
  • 30 капки масло со антибактериско дејство (чајно дрво, еукалиптус, лаванда, каранфилче, цимет)
Можете да додадете малку масло со витамин Е за да ја заштитите кожата од сушење. извор:кафепауза.мк]]>

Направете сами спреј против комарци на природна база https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-sami-sprej-protiv-komarci-na-prirodna-baza/ Fri, 10 Aug 2018 15:07:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42434

Секој од нас може да направи спреј што е безбеден за здравјето и многу ефикасен во борбата против досадните инсекти, особено комарците. Инсектите обично не нè поштедуваат, па затоа не можеме да ги игнорираме, мислејќи дека ќе се откажат и ќе избегаат. Ние мораме да ги „уништиме“ и ова се прави со помош на домашните препарати на природна база.
Секој од нас може да направи спреј кој е безбеден за нашето здравје и многу ефикасен во борбата против досадните инсекти, особено комарците. Потребно е само половина литар чист алкохол, 100 грама каранфилчиња и 100 мл масло од рузмарин, бадем или лаванда.
Потопете го каранфилчето во алкохол, покријте го и оставете го да отстои. Смесата мешајте ја наутро и навечер. По четири дена додајте го маслото, добро промешајте и пресипете во шише со распрснувач. Доволно е неколку капки од спрејот да прснете на телото, да го измасирате во кожата и гледајте како комарците ве заобиколуваат.]]>