напослетку – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Feb 2021 09:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png напослетку – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Калиопи веста за заминувањето на Балашевиќ ја затекна во Белград: „Се чувствувам како мало дете на кое му го одземале детството“ https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-vesta-za-zaminuvanjeto-na-balshevikj-ja-zatekna-vo-belgrad-se-chuvstvuvam-kako-malo-dete-na-koe-mu-go-odzemale-detstvoto/ Mon, 22 Feb 2021 09:19:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190765

Како и многумина и  Калиопи тешко ја прими веста за заминувањето на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Оваа вест ја дочекала за време на нејзиниот престој во Белград, каде и се збогуваше од него. „Замина уште една човечка величина, овој пат крунисана со вистинитоста на стиховите што засекогаш ќе сведочат за него, за нас и за нашите животи ... Во неверување ја примив веста за вечното заминување на Балашевиќ ... збунета. Како мало дете на кое му беше одземено детството ... Тој беше дел од мојата младост, моето растење, стекнување мудрост, поет на кој му верував ...“ -  изјави познатата македонска пејачка за српски Курир и додаде: „Во Белград ме затекна веста... И токму таму ќе се збогувам со него. Во земјата што ни го даде на нас ... на сите нас ... Македонија отсекогаш го сакаше, а и тој исто така ги сакаше своите Македонци ... Јас сум многу тажна, но и бескрајно благодарна што живеев во неговото време. И оддавам почит на неговата поетска душа, која сега патува до вечноста. Таа исто така се збогуваше со кантавторот преку Инстаграм, цитирајќи ги стиховите од неговата песна „Напослетку“. Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official
 ]]>