наполни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Mar 2023 10:49:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наполни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тајзи на „Камп Ноу“ си посака желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-na-kamp-nou-si-posaka-zhelba-eden-den-moja-pesna-ke-se-pee-na-ovoj-stadion-foto/ Wed, 08 Mar 2023 10:41:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292262

Македонскиот (т)рапер Драги Величковски попознат под уметничкиот прекар Тајзи  е хиперактивен и тоа во секој поглед. Со други зборови, популарниот кумановец не седи мирен ни минута, туку постојано нешто работи, некаде оди, настапува, патува... Покрај хиперпродукцијата од песни, која се огледа во тоа што речиси секој месец излегува нова песна од неговата креативна работилница, како оваа последната „Легализирај“  (Legalize),  која излезе деновиве, Тајзи не застанува ниту со настапите. Во меѓувреме меѓу две влегувања во студио или две качувања на сцената на некој ноќен клуб или дискотека, кумановскиот уметник реши малку да ја смени работната навика со шетачка и да се престори од артист во турист.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

Тајзи го спакува куферот, седна во авион и правец - Шпанија, да го види најубавиот град и неговиот прочуен стадион. Барселона е сон на секој од нас, особено ако си уметничка душа како Тајзи, зашто и самиот град дише со уметност. Од прекрасните градби на Антони Гауди, музеите за модерна уметност до гастрономската уметност во прекрасните ресторани покрај златното крајбрежје. И секако, уметниците со „бубамарата“ во играта која важи за „најважната споредна работа на светот“, а нив во еден од најпознатите светски клубови отсекогаш ги имало. Барса ги прославила, а и тие неа... И латино-американските волшебници со топката како Марадона, Роналдињо или Меси и европските фудбалски кралеви како Кројф, Фиго, Ибрахимовиќ и нејзините деца како Чави, Иниеста, Пујол, Пике... А, нејзиниот легендарен дом, стадионот „Камп Ноу“ секогаш исполнет „до крај“ со една од најверните публики на светот. Токму затоа, Тајзи откако пристигна во Барселона и ги смести куферите во хотелската соба, веднаш побрза да стигне на посакуваната дестинација - викенд натпреварот на Барселона на „Камп Ноу“. Таму во дресот на Барса и неговото име име испишано на грбот, Тајзи се најде среде  речиси стоилјадната публика. Ако не како единствениот Македонец на стадионот, тогаш сигурно како единствениот со развеано македонско знаме преку себе... И тоа она - вистинското, со 16 - кракото сонце од Кутлеш! „Една земја, еден клуб, една љубов...“ - како што тоаа најчесто го велат најверните навивачи. А Тајзи покрај сето тоа на „Камп Ноу“ си посака и една желба: „Еден ден моја песна ќе се пее на овој стадион“ - порача распеаниот Македонец од срцето на главниот град на Каталонија, преубавата Барселона, замислувајќи го денот кога токму тој ќе го наполни на свој концерт велелепниот „Камп Ноу“. Дај Боже животниот сон во вид на посаканата желба да му се оствари, му посакуваме и ние!]]>

Андријана Јаневска славеше роденден и без комплекси откри колку наполни: „Сакам секоја бора да ме потсетува на дел од мојот живот“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-slaveshe-rodenden-i-bez-kompleksi-otkri-kolku-napolni-sakam-sekoja-bora-da-me-potsetuva-na-del-od-mojot-zivot-foto/ Tue, 07 Dec 2021 07:40:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230200

Роденденот е денот кој сите го чекаме цела година, а додека дуваме свеќички на роденденската торта си замислуваме желби за кои се надавеме дека ќе ни се исполнат. Македонската пејчака  Андријана Јаневска имаше убав повод за славење. Имено, таа го прослави својот роденден. Велат дамите не се прашуваат за години, а некои од нив без комплекси откриваат колку наполниле. Јаневска на својот „Инстаграм“ објави црно – бела фотографија на која позира црно фустанче, а во описот на фотографијата таа се заблагодари за честитките и откри дека наполнила 40 години. -40 лета, но духот не старее. Мислам дека тој расте и созрева до одредена возраст, а потоа си е ист. Вака-така, поминав 4 банки во ова антитело. Горда сум што успеав да одолеам на трендот на секакви интервенции за разубавување. Да се разбереме, немам ништо против. Сите кои ме познаваат знаат дека сум многу либерална и ги прифаќам сите луѓе такви какви што се. Сепак, сакам секоја бора да ме потсетува на дел од мојот живот, на убавите но и тажните спомени, зашто мои си се, тие се врежани во мене, тоа сум јас. И покрај сите снимени песни, настапи, концерти, претстави и положени испити, мој најголем успех се моите два сина кои ја дадоа смислата на сето погоре набројано. Затоа и денешниот јубилеен роденден го поминав во нивно друштво. Ви благодарам на сите за честитките, ве сакам и почитувам, напиша таа покрај фотографијата. Taa ја покажа и скромната роденденска торта со свеќички со број 40, а како што откри роденденскиот ден го поминала во друштво на синовите. Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници и пријатели. Среќен роденден! фото: принтскрин/инстаграм/андријана јаневска]]>

Ефто Пупиновски распали на Фејсбук: „И јас го наполнив цел Охрид за Нова година, ама поважен ви беше Дино Мерлин“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/efto-pupinovski-raspali-na-fejsbuk-i-jas-go-napolniv-cel-ohrid-za-nova-godina-ama-povazen-vi-beshe-dino-merlin-foto/ Mon, 06 Jan 2020 18:05:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127555

Пејачот Ефто Пупиноски на својот фејсбук профил реагираше на потценувачкиот однос кон македонските естрадни уметници наспроти величењето и овациите за уметниците од странство. Повод за неговата реакција, како што напиша, е информирањето за новогодишната прослава во Скопје каде што граѓаните ги забавуваше Дино Мерлин и во Охрид каде што пееше тој. Но, како што вели, тоа не е само поради срам дека се работи за македонски пејач туку е резултат на длабоко вкоренетиот феномен кај Македонецот самиот на себе да не си верува и самиот себе да се става во подредена позиција како граѓанин од втор ред. Во продолжение Ви го пренесуваме целиот пост: И така помина и дочекот на Новата 2020 година, па гледавме и слушавме на вестите на сите национални телевизии „Дино Мерлин го наполнил плоштадот во Скопје“ , „Дино – вака…“ , „Дино – така…“ , и за сето тоа телевизиите во своите вести му посветија од 2-3 до 5 минути, додека за нас, македонските пејачи, по најмногу десеттина секунди. Господа новинари, зошто не известивте дека и Ефто Пупиноски го наполни охридскиот плоштад и дека на тоа студено време сите присутни останаа на плоштадот за целиот временски период на мојот настап од 23.15 до 1 часот на нивно и на наше задоволство (мое и на оркестарот Фортуна)? Господа новинари, можеби Ви беше срам бидејќи се работеше за македонски пејач или можеби едноставно тоа не можевте да го пренесете заради длабоко вкоренетиот феномен кај Македонецот самиот на себе да не си верува и самиот себе да се става во подредена позиција како граѓанин од втор ред? Уште 1986 година со мојата песна „Лихнида“ ширум ми беше отворена вратата на белградската естрада, ама јас не отидов за Белград, останав во Македонија, и ја збогатив македонската културна ризница со уште пет-шест хитови. Најчесто, некои пејачи од соседството заради големата јазична предност бидејќи пеат на јазик кој го користат и разбираат преку 15 пати повеќе народ отколку македонскиот, добиваат третман како балкански ѕвезди, а не заради некое екстра квалитетно пеење и посебно убави песни. Но и покрај тој голем хендикеп за нас, Македонците, јас ја имам „Лихнида кајче веслаше“ која и покрај тоа што е испеана на македонски јазик исклучиво со силата на квалитетот како композиција и интерпретација ги сруши јазичните бариери и стана балкански хит. И наместо ние кои компонираме и пееме на националниот јазик да имаме соодветно внимание и третман затоа што со нашите национални хитови даваме конкретен придонес кон јакнење на нашиот национален идентитет што на нас Македонците ни е неопходен во овие историски околности, вредноста на нашиот труд нѝ е и понатака девалвирана. Наспроти ова, на пејачите што доаѓаат од соседството и понатака им ги полниме торбите со пари, па испаѓа дека Дино Мерлин го наполни скопскиот плоштад за 100.000 евра, а Ефто Пупиноски го наполни охридскиот за 40-тина пати помала цена! И да ви кажам, цел живот водев една моја борба за доброто на нашата национална песна и чекав нештата да се поправат, и сега од оваа позиција длабоко сум убеден НЍ НЕМА НАДЕЖ ! Им благодарам на Охриѓани и на гостите од Македонија и соседството за тоа што ме почестија со толкаво големо присуство.
]]>