наполи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 08:59:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наполи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо-ДНК му беше гостин на Елиф Елмас во Неапол: ДЈ Шорти на ѕвездената прослава на шампионската титула на Наполи (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-beshe-mu-beshe-gostin-na-elif-elmas-vo-neapol-dj-shorti-na-zvezdenata-proslava-na-shampionskata-titula-na-napoli-foto-video/ Wed, 07 Jun 2023 08:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305246

Не е тајна дека на Панчо-ДНК  покрај музиката спортот му е втора љубов... И самиот несуден спортист, секој успех, секоја победа и уште повеќе титула на некоја македонска екипа или поединц го прави горд Македонец, па затоа Панчо е многу повеќе од само пасиониран љубител или обичен навивач. Тој едноставно се соживува и живее со спортот и спортските подвизи на нашите спортисти. Така, откако беше дел од снимањето на докумантарецот за животот и кариерата на македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски  во кој учествуваше и неговиот брат Бошко, на Панчо му се укажа можност за уште едно несекојдневно уживање.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Искуство какво што можеби се доживува еднаш во животот, зашто до шампионската титула во калчото не се доаѓа лесно, а тоа по чекање од 33 години му се случи на Наполи, клубот во кој важна алка до титулата  беше и нашиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас. Токму дружбата на фубалерот и музичарот уште отпорано, придонесе Панчо заедно со композиторот и продуцент Лазар Цветковски и уште неколку другари да бидат радо видени гости на Елмас и останатите поединци од Наполи на последниот натпревар и деновите потоа при прославата на титулата.
 
„Градот кој живее за фудбалот го крена пехарот после 33 години! Пред се пресреќен и горд сум на Елиф за неговиот огромен успех кој е само почеток, и воедно сум убеден дека фудбалскиот свет допрва ќе слуша за тивкиот, воспитан и ненаметлив Македонец кој доаѓа од скопски Бутел спремен да го покори фубалскиот свет и испишува историја преставувајќи и промовирајќи ја нашата земја Македонија“ - споделил Панчо покрај фотографиите од градската прослава на Наполи, заблагодарувајќи му се на Елмас  за укажаната можност и гостопримство. А Елмас како добар домаќин и пријател ги угости и удостои со се што е потребно Панчо и екипата, па дури и ги одведе на забавата која во еден ноќен клуб се одвиваше како дел од славеничката журка на поедини фудбалери на калчо шампионот Наполи. Најдобриот калчо стрелец Виктор Осимен или мозокот на екипата Пјотер Зјелински, како и еден од столбовите во одбраната Рахмани беа само дел од ѕвездите на Наполи со кои Панчо дружбата ја овековечи во заедничко селфи.
 
Ама затоа дружбата во ноќниот клуб беше незаборавна... Се пуштаа познати хитови, се пееше и танцуваше, до доцна во ноќта... На заминување, со носталгична фотографија полна спомени која Панчо ја сподели додека авионот го напушташе небото над Неапол, македонскиот ДЈ и ар ен би артист постирал: „Чао наполи, се гледаме наскоро“! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial  ]]>

Елиф Елмас ѝ подари долна облека, кадифено мече и букет рози на анонимна девојка, а јавноста за малку ќе го ставеше на нејзиниот список! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elif-elmas-podari-dolna-obleka-kadifeno-meche-i-buket-rozi-na-anonimna-devojka-a-javnosta-za-malku-kje-go-staveshe-na-nejziniot-spisok-foto/ Wed, 30 Oct 2019 09:44:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115193

Не тајна ниту непознато дека нашиот Елиф Елмас важи за фудбалски дијамант, кој со уште малку „брусење“ и среќа, лесно може да  ја достигне славата и цената на најголемите светски фудбалски ѕвезди. И додека за фудбалот секојдневно ни станува јасно дека ова „наше дете“ има и тоа каков потенцијал, за неговата приватност малку се знае. А како расте славата, расте и љубопитноста, што тоа прави Елиф приватно, надвор од теренот? Иако е активен на социјалните мрежи, Елмас сепак постира речиси само фотографии од неговиот професионален живот и важните спортски моменти. Приватноста некаде во втор или трет план, срамежливо ја криеше, се до пред некој ден кога фудбалскиот бисер  ги изненади своите следбеници на Инстаграм. Елиф на своето „стори“ сподели  фотографија која буквално ги остави со подзината уста своите следбеници и обожаватели. На неа кадифено мече облечено во дресот на Наполи, букет црвени рози и украсна кеса во која според  логото на брендот во прашање е тајна... И тоа не било чија туку некоја од „Тајните на Викторија“ ( Victoria's Secret)... Што значи дека внатре се крие подарок во вид на луксузно парче, ексклузивна женска долна облека! И црвениот аларм веднаш се запали! А штом некој од познатите  ја „заскокотка“ јавноста, веднаш тргнуваат и приказните, кому македонскиот фудбалер и ѕвездата на Наполи му праќа интимни подароци?! Особено заради тоа што некако истовремено во фокусот на интересот беше и познатата италијанска модна инфлуенсерка и старлета, расната Флоријана Месина, која реши да проговори за нејзините врски и контакти, понуди и непристојни предлози од разни фудбалери во Италија. Црвот на сомнежот кој ги доведе во спрега подарокот на Елмас и италијанската убавица е фактот што токму таа е и голема навивачка на фудбалскиот клуб Наполи. Љубовта кон боите на клубот таа отворено, а и прилично разголено ги покажува, споделувајќи ги преку своите фотографии на социјалните мрежи. Месина во исто време откри дека и се јавувале голем број женети играчи, но и оние кои се слободни, за да си поминат убаво со неа, кои со неа стапувале во контакт токму преку социјалните мрежи. „Бројот на фудбалери кои ми праќаа бакнежи преку Инстаграм или ме покануваа на вечера е многу голем“ - изјавила Флоријана што предизвика хаос во фудбалскиот свет, особено во Италија. Особено откако раскошната убавица рекла дека за домашните играчи не сака да зборува и да ги открива нивните имиња иако списокот е долг... И таман некои помислија дека „малиот“ од Наполи „паднал“ на „шармот и понудата“ на расната инфлуенсерка, па „тајниот подарок“ е наменет за неа, а по него ќе има веројатно и „тајна вечера“, за среќа „камен од срце“ им падна на сите откако и самата Флоријана „ги отвори картите“, во кои ниту оддалеку го нема нашиот Елмас! Имено, таа прокоментира дека контакти имала со петмина фудбали на Интер, а останатите кои ја контактирале играат надвор од Италија! Што значи дека кадифеното мече ќе заврши во сосема други раце, црвените рози ќе и мирисаат на сосема друга мадам, чие тело ќе ја носи и скапата и ексклузивна долна облека...  Ама која е ТАА - останува тајна. Не само „на Викторија“, туку и на Елмас. Како што е тајна дали ТОЈ можеби ќе „дебитира“ како единствен „играч“ во моментот кога ТАА за прв пат ќе ја облече на себе „Тајната на Викторија“?!      ]]>