наназад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 May 2023 10:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наназад – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марина Перазиќ видно ослабе, па сега изгледа како на почетокот на кариерата: „Уште по првото појавување ме прогласија за секс симбол, а јас со диплома градежен инженер?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marina-perazik-vidno-oslabe-pa-sega-izgleda-kako-na-pochetokot-na-karierata-ushte-po-prvoto-pojavuvane-me-proglasija-za-seks-simbol-a-jas-so-diploma-gradezhen-inzhener-foto/ Wed, 31 May 2023 10:45:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304469

Цела поранешна Југославија уживаше во посебниот настап, полн со сексапил и песни кои тогаш и припаѓаа на групата „Денис и Денис“. Во тоа време изгледот на пејачката Марина Перазиќ беше светски и на таа убавина апсолутно никој не можеше да и одолее. Сексапилот беше синоним за нејзиното име, кое, како што подоцна тврдеше, на почетокот не ја импресионирало. „Се појавив за прв пат во емисија, со воздишки ја испеав таа песна и наеднаш ме прогласија за секс симбол, а имав диплома на  градежен инженер?! Тоа на некој начин за мене беше своевидна навреда“ - изјави Марина, која на времето беше во списанието „Рок“ беше прогласена за најубава и најпопуларна пејачка. Изгледот на Марина Перазиќ се менуваше со годините, што е нормално затоа што со годините доаѓаат и брчките, а после се и староста. Сепак, таа никогаш не дозволила да биде скршена. Секогаш се грижеше за своето тело, одреден период беше дури и инструктор по јога, а и денес вежба многу упорно, иако по сопствено признание често водела голема битка со вишокот килограми. Обожавателите на Марина ја следат на Инстаграм, а таму најдобро може да се види за каква промена сега станува збор. Видно ослабена, едноставно Марина изгледа како и некогаш, во најдобрите денови... Атрактивна, згодна, привлечна сексапилна рускоса, за која времето како да се вратило наназад. Таа сподели и објави од нејзиниот приватен живот кој беше многу бурен. Домашните медиуми пишуваа за нејзината вонбрачна заедница со тапанарот на ЕКВ, Иван Феце Фирчи, со кој доби две ќерки и извесно време поради него се пресели во Њујорк. Таму работела различни работи од чистење, до бебиситерка, менаџерка во кафеана, се со цел да го прехрани семејството. Кога семејството се распадна, таа и нејзините ќерки се спакуваа и се вратија во Загреб. Фото: Инстаграм принтскрин/marinaperazic]]>

Викендов започнува зимското сметање на времето: Еден час подолг сон! https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-zapochnuva-zimskoto-smetanje-na-vremeto-eden-chas-podolg-son/ Fri, 25 Oct 2019 11:01:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114618

Престојниов викенд почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 03 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ. Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.]]>

Ноќеска поместете ги стрелките на часовникот за еден час наназад: Почнува зимското сметање на времето https://arhiva.vistina.com.mk/nokjeska-pomestete-gi-strelkite-na-chasovnikot-za-eden-chas-nanazad-pochnuva-zimskoto-smetanje-na-vremeto/ Sat, 27 Oct 2018 10:21:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54946

Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија. -Часот што поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија. Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година. Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година. Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавтво на РМ и определување на начинот на транспонирање на директивата. Во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година.]]>