наместена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Mar 2022 12:25:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наместена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Саша Поповиќ: „Ако се докаже дека изборот за песна на Евровизија е наместена, јас ќе уплатам 10 000 евра во хуманитарни цели“ https://arhiva.vistina.com.mk/sasha-popovikj-ako-se-dokaze-deka-izborot-za-pesna-na-evrovizija-e-namestena-jas-kje-uplatam-10-000-evra-vo-humanitarcni-celi/ Thu, 10 Mar 2022 12:24:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242619

Саша Поповиќ го прокоментира изборот за песна на „Евровизија“ во Србија, како и победничката песна „In corpora sano“. -Јас го гледав првото полуфинале и кога почна песната, стихот „која ли е тајна здраве косе Меган Маркл“, го сменив каналот, малку ја гледав таа, малку друга програма. И кога дојде потсетникот за гласање, јас таа песна ја прифатив како навивачка. Во првото полуфинале пратив 20 порака за Зорја, таа е пејач на „Гранд“. Во финалето гласав за 18, Констракта. Бидејќи ја сфатив и песната и ми се допаѓа, имате „нормални“ песни и малку „поместени“. По првото полуфинале ми се јави Марија Шерифовиќ и ми кажа: „оваа ќе победи“, изјави Поповиќ. Саша ги прокоментира тврдењата на Аца Лукас дека Евровизија е „наместена“. =Јас работев 300 гласања, неверојатно е дека стигнаа толку многу гласа за 15 минути. 144 000 гласа вкупно во финалето на Беовизија. Секако дека е можно. Во „Ѕвездите на Гранд“ во првиот круг на гласање за 1 час добиваме 200 000 гласа, а се гласа од Босна и Херцеговина, Македонија. Кога видов дека не ми стигна повратната порака – „Ви благодарам што гласавте“, знаев дека има многу гласови и дека системот не може да реагира на време. Ако некој за 15 минути добие 144 000 гласа само до Србија, тоа е доказ дека му се допаѓа на народот. Лукас дигна прашина, и да не беа конфернциите за медиумите, да не ја обвинеше Оливера Ковачевиќ дека земала 30 000 евра за победа на Сара Јо, секако дека со своите изјави го зголеми интересот за фестивалот. Нема шанси да биде наместено. Приходот оди во хуманитарни цели, ќе останат од 8 000 до 10 000 евра за хуманитарни цели. Еве јас ќе уплатам уште толку во добротворни цели доколку се докаже дека гласовите се наместени. Се тоа се гледа, нема збор дека нешто е наместено, ако некој има доказ, нека докаже, вели Поповиќ. Тој потенцираше дека му се допаѓа и песната на Аца Лукас и на Сара Јо. фото: принтскрин/јутуб]]>

Бајката и се претвори во пекол: Српската мисица Валентина Петровиќ која покажа двоглав орел исклучена од изборот за мис, се враќа дома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bajkata-i-se-pretvori-vo-pekol-srpskata-misica-valentina-petrovikj-koja-pokaza-dvoglav-orel-iskluchena-od-izborot-za-mis-se-vrakja-doma-foto/ Thu, 28 Oct 2021 11:19:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225038

Сопственичката на компанијата Мис Ју, Весна де Винча, истакна дека српската мисица Валентина Петровиќ по скандалот со несреќното покажување двоглав орел, на крајот ќе биде вратена дома од натпреварот, бидејќи е во лоша состојба. „Јас сум во многу неблагодарна ситуација, бидејќи како претседател на компанијата треба да одлучам. Но, сепак, веројатно ќе ја повлечеме, бидејќи таа мораше да се концентрира на такви прашања. Плус, таа е неспособна да го продолжи натпреварувањето, во тешка ситуација е. Добивала разни закани преку телефон, а на крајот нејзиниот Инстаграм да биде исклучен. Тоа го направиле луѓе од Албанија и косовските Албанци, бидејќи нејзиниот профил бил избришан откако споделила слика на која крева три прста со девојките од Албанија и Косово, со кои претходно покажуваше двоглав орел“ - изјави Весна на телевизијата К1, а ја коментираше изјавата на Мис Албанија, Фронтина Гаши, која рече дека Валентина ја молела да крене три прста и затоа се сликале: „Тоа што една мисица од Албанија изјавила дека Валентина плачела и молела за да се фотографираат заедно со кренати три прста, откако претходно покажале двоглав орел, воопшто не е вистина. Затоа што има повеќе слики во различни ситуации каде што држат различни симболи, па сето тоа паѓа во вода“ - рече Весна и продолжи: „Свесна сум дека Валентина не знаела што прави, дека е измамена, но искрено не сум толку сигурна за девојките од Албанија и Косово. Затоа што ова не е прв пат да има провокација на вакви значајни натпревари, кои се многу популарни во светот и имаат одлична медиумска покриеност. Дури сум сигурна дека тоа е нивното лоби, за кое се добро платени, како Рита Ора и Дуа Липа. Мисицата Валентина Петровиќ за прв пат официјално и се обрати на јавноста, со снимена видео порака, во која тврди дека жртва на стапицата на мисиците од Албанија и Косово. „На овој начин сакам уште еднаш јавно да му се извинам на народот и на државата за непромислените постапки, каде што паднав во стапица. Кога дојдовме овде на натпреварот, девојките од Косово и Албанија имаа погледи кон мене кои не беа баш пријатни. После тоа наеднаш се' се смени, па сакаа да бидат во мое друштво и да се сликаат со мене, да се дружиме нон-стоп. Јас сум воспитана како некој кој не мрази други религии и нации и го прифатив нивното друштво. Иако имав насоки од блиски луѓе, пред да дојдам на натпреварот, да внимавам што правам, сепак се вклучив во нивната игра и т.н. прекрасна енергија. Мислев дека немаат лоша намера и заборавив на што ме предупредуваа. Сега сум сигурна дека се' е наместено, бидејќи само што ги споделив сликите каде држиме три прсти заедно, ме блокираа и ми го избришаа профилот, за да не можам повеќе да ги споделувам тие фотографии. Додека тие во меѓувреме продолжија да ги пласираат своите слики кои се на моја штета и тоа онака, дозирано, една по една. Овде поминувам низ вистински пекол. Целиот натпревар и бајката за него сега се претвори во катастрофа и кошмар“ – изјави Валентина во „Уранок“ на телевизијата К1. Фото:  Инстаграм принтскрин/bunt.svesrbija/vesnadevinca]]>