намерно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Jan 2024 15:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png намерно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тијана (не)намерно ја ископира Антониа или нивната модна дизајнерката во недостаток на инспирација на пејачките им ја подметнала истата креација? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-ne-namerno-ja-iskopira-antonia-ili-nivnata-modna-dizajnerkata-vo-nedostatok-na-inspiratsija-na-pejachkite-im-ja-podmetnala-istata-kreatsija-foto/ Wed, 31 Jan 2024 11:41:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336913

Естрадата има свои непишани правила, па покрај тоа што песната мора да ти биде хит за да биде слушана, однесувањето, ама и изгледот, имиџот, шминката, фризурата и модните креации ги прават пејачите и особено пејачките, познати, славни, популарни... музички ѕвезди! Од ова не отстапуваат ниту домашните пејачки, особено не оние од новата генерација, кои на секој нов настап, ТВ гостување, видеоспот... се појавуваат во нова модна креација! Некои  си се сами на себе си кројачи, други посегнуваат по фабричка конфекција, додека трети остваруваат конекција со некои од веќе познатите македонски модни дизајнери комплетно препуштајќи им ја својата гардероба на нивната креативна имагинација и вештите шнајдерски раце!
Една од оние која неретко специјално креира за македонските музички ѕвезди или поточно за естрадните пејачки е и модната креаторка Ива Спасовска. Така, Бојана Скендеровски, Лина Пејовска, Барбара Ракичевиќ, Лара Иванова, Антониа Гиговска, Тијана Периќ... се само дел од естрадните убавици чии модни креации ги препуштиле на вредните раце и острите ножици на кумановската дизајнерка. И сите тие имаат едно врзно ткиво, еден заеднички именител во својот страдно-моден изглед, па и во комплетниот имиџ, ако на тоа се додадат и разните парчиња накит и останатите модни аксесоари, за да изгледаат како некоја светска или барем регионална музичка дива, тука е нивната модна креаторка Ива! Арно ама, токму овие последниве две, Антониа и Тијана испадна дека или имаат апсолутно ист вкус, едната комплетно ја ископирала другата или нивната модна дизајнерка во недостаток на инспирација, на пејачките им ја „подметнала“ истата креација? Зашто, како поинаку да се објасни креацијата на Тијана Периќ во нејзиното најново музичко видео „Невера“, каде пејачката е облечена од раменици до петици во апсолутно истата модна комбинација како и неколку недели претходно, нејзината колешка Антониа Гиговска?! Комбинезон од црна провидна тантела, кој е искомбиниран со асиметрично, свилено, мини парче со отворен преклоп до препони, украсено со брош над колкот. Во него Антониа најпрвин се фотографирала, па подоцна и пеела на еден-два свои настапи... За подоцна истото да го облече и во него да се фотографира и Тијана. А подоцна во истиот комбинезон да се појави и во најновиот свој спот! А истото тоа модне парче сосе сите детали и модни аксесоари, како своја креција го потпишува кумановската модна дизајнерка, Ива Спасовска! Случајно или намерно, желба на едната да го носи истото што и другата или некој пробал модно „да им го смести“ на двете  „естрадни невести“? После се'  - е  сосема сеедно! Важно да е добро испрано откако го носела едната, пред да го облече другата! А, кога веќе не се до крај уникатни и свои, вие само можете да избирате и да одлучите на која од двете пејачки, креацијата подобро и стои?!   Фото: Инстаграм/ivaspasovskaatelier/antoniagigovskaa/tijana.perikj/  ]]>

Едно е сигурно, Пајак и Таско се што прават, прават – „Намерно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/edno-e-sigurno-pajak-i-tasko-se-shto-pravat-pravat-namerno-video/ Tue, 19 Sep 2023 06:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318585

Младиот и талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески – Пајак  неодамна ја сними новата песна „Намерно“, овој пат во дует со познатиот македонски рапер Таско. Песната која е снимена за Urban Records е дело на двајцата музичари кои се погрижија за музиката и текстот, додека аранжманот е на Иван Јованов - Ивајо. Ова не е нивна прва соработка, зашто и претходно двајцата трап атисти имаа заеднички дует во 2021 година огледан во темата „Психо“.
Инаку Таско е еден од најпознатите македонски изведувачи на рап и хип-хоп музика и текстописец. Тој започнал да се занимава со музика во 2011 година. Тој годинава стана и семеен човек откаконајпрвин ја ожени најтетовиранатамакедонка - Наташа Неделковска, попозната како Таша Теј, а летово го добија и нивното прво чедо, синчето Лукијан. Последно што слушавме од Пајак пак беше дуетот со српската пејачка Теодора Џехверовиќ, дует огледан во нивната „Летна авантура“ која ја издадоа во јуни годинава. Заедно со MC Stojan во февруари годинава Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 33 милиони прегледи на одличната песна „Bella“, отпена на ланскиот „Макфест 2022“ во Штип. Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака. Во продолжение, слушнете ја и погледнете го видео спотот за најновата „Намерно“ за која Таско и Пајак снимија и видеоспот на неколку локации во преубавиот Охрид, во кој покрај нив двајца се појавуваат и неколку згодни млади девојки. Спотот е одново во режија на „Урбан Рекордс“, односно Гордан Божиновски, Били Д. и Никола Наумовски. Како сето тоа звучи и изгледа, ако досега тоа не сте го направиле, проследете во продолжение:
]]>

Луѓето кои постојано доцнат всушност не се непристојни? Постои истражување кое докажува дека не го прават намерно https://arhiva.vistina.com.mk/lugeto-koi-postojano-dotsnat-vsushnost-ne-se-nepristojni-postoi-istrazhuvane-koe-dokazhuva-deka-ne-go-pravat-namerno/ Fri, 14 Jul 2023 13:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310294

Луѓето кои постојано доцнат често се оптимисти и нереални, а таквиот начин на размислување влијае на нивната перцепција за времето. Тоа не го прават намерно, туку искрено веруваат дека ќе успеат да направат се што планирале и навреме да стигнат таму каде што треба. Но, тој план секогаш им пропаѓа и тие секогаш доцнат, објаснува Дијана Делонзор во книгата „Never Be Late Again“. Додава дека таквите знаат дека запамтиле едно сеќавање, можеби и една деценија, кога навистина успеале да завршат се и да стигнат некаде во договореното време, па мислат дека можат повторно. Професорот по психологија Џеф Конте од Универзитетот во Сан Диего спроведе истражување на оваа тема – тој испитуваше два типа на личност – тип А (нетрпелив и склон на натпреварување) и тип Б (креативен и опуштен). Поединците склони кон доцнење беа класифицирани како тип Б. Задачата на испитаниците од двете групи беше да се обидат да погодат колку време поминало (и поминало точно една минута). Луѓето од групата А кажаа 58 секунди, а луѓето од групата Б кажаа 77 секунди. Со ова тој докажа дека луѓето кои постојано доцнат навистина имаат поинаква перцепција за времето, односно немаат соодветно чувство за текот на времето. Исто така, овие типови на луѓе не се лутат кога другите доцнат, бидејќи ја гледаат пошироката слика. Покрај тоа, тие се поспонтани, не се грижат за работи на кои не можат да влијаат, на пр. ако автобусот доцни. Затоа околу себе шират позитивна енергија која е пријатна за другите. Тие се способни да ги спакуваат работите во торба пет минути пред поаѓање, да најдат сместување или лет во последен момент… Тие се оптимисти и не мислат дека нема да успеат во она што го зацртале, дури и да го направат тоа во последен момент. Поради ова, тие знаат да бидат поуспешни во животот и имаат шанса да живеат подолго од луѓето кои никогаш не доцнат. Но, тие имаат и свои недостатоци, велат истражувачите. Бидејќи не можат да го контролираат времето, често немаат контрола ниту врз парите, не се упорни, на пример со држење диети или вежбање. Тие живеат повеќе за сегашноста отколку за иднината, па затоа штедењето за старост не им е силна страна. Извор: Попара.мк]]>

Намерно запалени автомобилите на пејачките Сузана Турунџиева и Ребека https://arhiva.vistina.com.mk/namerno-zapaleni-avtomobilite-na-pejachkite-suzana-turundzieva-i-rebeka/ Thu, 16 Jan 2020 10:52:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129317

Против пожарни екипи синоќа интервенирале по пријава за пожар на две возила сопственост на две познати македонски пејачки. Прво било опожарено возилото марка „Мини купер“, а пожарот го зафатил и второто возило, пишува порталот Курир.мк. „Мини куперот“ кој горел е сопственост на пејачката Сузана Турунџиева, а до него било паркирано и зафатено од пожарот и возилото на пејачката Ребека Јанковска - Ристески. Возилата биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза. За среќа, повредени нема, а увидот на надлежните ќе ги утврди причините за опожарувањето на возилата. Информацијата ја потврдија од Пожарна од каде велат дека интревнцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час. Засега, според нивните информации пламенот зафатил површина од 6 квадратни метри, простор на кој биле паркирани двете возила. Вистина.ком.мк стапи во контакт со Сузана Турунџиева која за нашиот портал изјави: „Пожарот беше страотен и прва го забележа мојата ќеркичка. Беше шокантно да се гледа од прозорец како ти гори возилото под твојот балкон. Направена е голема материјална штета, зашто мојот автомобил изгоре целосне, додека возилото на Ребека кое беше паркирано до моето е зафатено од пожарот само во пределот на задната врата“ -  раскажува со растреперен глас Турунџиева, видно потресена од немилиот настан и продолжува. „Никому ништо лошо ниту сум направила, ниту сум згрешила, ниту некому должам нешто... Мислам дека не се работи за никаква одмазда или предупредување од некого, туку за чиста коинциденција на група пиромани кои палат низ центарот на Скопје, фрлајќи молотови коктели. Полицијата беше сношти во потрага по нив и веќе им е во траг. За жал и јас и Ребека, ја имавме таа несреќа нашите автомобили да бидат случајна мета на пироманите“ - го завршува исказот за својата траума во кусиот телефонски разговор Турунџиева. Информацијата ја потврди и Ребека, која додаде дека е изгорен задниот дел на нејзиниот автомобил кој е стар 8 месеци и штетата се проценува на неколку илјади евра, додека возилото на колешката Турунџиева кое го купила пред само еден месец е целосно уништено. Ребека вели дека според кажувањата на полициската екипа за увид, ова е седми-осми случај на запалени возила во централното градско подрачје на Скопје за само неколку дена.]]>