наменска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 May 2018 07:09:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наменска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Велевска со песна ве води на „Крштевка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-so-pesna-ve-vodi-na-krshtevka-video/ Wed, 23 May 2018 07:07:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28561

Фолк пејачката Елена Велевска деновиве повторно е актуелна со нова, овој пат наменска песна. По неколкуте нејзини песни од таков тип како “Куме заиграј” и “Невеста” без кои не поминува ниту една свадба, овој пат Велевска испеа песна која е наменета за крштевање, па носи и таков наслов: „Крштевка“. Музиката и аранжманот се на Дејан Момировски, а текстот го напишала самата таа.
„Бидејќи често пеам на такви прослави и осетив потреба од таква тема да се испее. Со самата улога како што сум и родител на три дечиња ми дојде идеја да направам текст за една ваква тема“, истакнува Елена и додава:
„Се надевам дека песната ќе заживее кај мојата публика, бидејќи одамна очекуваат да подготвам и една наменска тема, како што  претходно беа моите добро познати наменски песни: “Куме заиграј” и “Невеста”.
Затоа седнав го напишав текстот и останатото му го препуштив на Дејан Момировски. Задоволна сум од првите реакции на оние кои ја слушнале. Песната ја имаше својата телевизиската промоција, а деновиве ќе имам можност и во живо да ја изведам. Се надевам дека и оваа песна ќе биде успешна како и  предходните две наменски и публиката ќе јаприфати“ – изјави деновиве Велевска за Ин телевизија, за која е снимена и промо видео изведбата на „Крштевка“. https://www.youtube.com/watch?v=OLS17H8D-yM&feature=youtu.be      ]]>