намазана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Feb 2019 11:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png намазана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Гавазова е доволно „Намазана“ за да биде повеќе од запазена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/71846/ Fri, 08 Feb 2019 11:49:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71846

Не поминаа ниту два месеци од промоцијата на нејзината песна „Хало“, отпеана на Српски јазик, со која Сузана Гавазова тргна да го освојува српскиот, па и регионалниот естраден пазар, а сексапилната струмичанка веќе има нова песна, насловена „Намазана“ (Намачкана).
Иако, претходната, несомнено постигна успех и како хит кој се вртеше по радиостаниците и како видео кое доживеа над 400.000 прегледи, сепак Гавазова овој пат реши да ја смени комплетната екипа. И онаа која ја компонирашепесната, пишуваше стиховите, аранжираше, продуцираше, до онаа која го снимаше новото видео.
Овој пат нашата фолкерка го избра композиторско-текстуалниот пар Диниќ,  Саша( музика, микс, мастеринг) и Ана (стихови), додека аранжманот го потпишува Александар Саблиќ. И кога е видеото во прашање, зад него стои нова продукција: „НН медиа“, која мора да се признае дека ништо помалку ефектно го изработила од претходниот спот на Гавазова, чија режија ја потпиша соработникот на Брена, Харис Дубица.
Дали со промената на тимот гавазова ќе се покаже како „Намазана“ или не, ќе видиме, но сепак едно е сигурно. И оваа песна претендира да биде хит, авидеото да има голем број Јутјуб прегледи. Поткрепена со многубројните гостувања по српските емисии, шоуа и ТВ канали, со поддршката на „Гранд“ како ветер во грбот, Гавазови има реални шанси да биде меѓу првите Македонки кои сериозно ќе им ја „разнишаат“ кариерата на дел од српските (турбо) поп-фолк музички ѕведи.
Конкуренцијата е огромна, изборот непрегледен, изворот на таленти непресушен... Останува да видиме дали Сузана Гавазова со својот тим е доволно „Намазана“ за да биде повеќе од запазена на толку посакуваната комшиска естрада, на која за да успееш навистина треба да си „намачкан“ со сите бои. Ова се песната и видеото за „Намазана“: https://www.youtube.com/watch?v=0XUFKpMhHRo  ]]>