налеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Jun 2023 10:41:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png налеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовирана третата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: Миле Кузмановски – „Налеј, налеј“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-tretata-po-red-numera-od-proektot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime-mile-kuzmanovski-nalej-nalej-video/ Tue, 27 Jun 2023 10:41:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307863

Третата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е промовирана денес, вторник, 27-ми јуни 2023 година и е во изведба на Миле Кузмановски. Станува збор за безвременската „Налеј, налеј“.  Како што вели самиот Миле Кузмановски: „Налеј, налеј“ е песна која се пее со многу емоции и без нив нема успешна изведба, песна која често и со огромно задоволство ја изведувам на моите настапи. Верувам дека преку овој проект ќе успееме убавата македонска песна да ја доближиме до младите луѓе. Јас песната ја сакам и ја чувствувам, и верувам дека и публиката ќе го препознае тоа“- изјави Миле Кузмановски, кој е дел од музичките имиња вклучени во проектот „Македонијо во срце те носиме“, а чија изведба е всушност третата по ред нумера што јавноста добива можност да ја чуе.   „Налеј, налеј“ е македонска народна песна, чии стихови според достапните податоци се напишани во далечната 1903 година и посветени на љубовта на гемиџиите, а за која овојпат аранжманот го потпишува Николче Мицевски. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот, кој ги содржи некои од најубавите македонски патритоски песни, стои Скендеровски продукција. „Македонијо во срце те носиме“ содржи 12 нумери отпеани од 12 изведувачи - меѓу кои освен Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, јавноста уште ќе ги чуе и види и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска и Зуица Лазова. На списокот нумери кои имаат за цел убавата македонска песна да ја доближат до помладите генерации се и „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ ... Како дел од проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во неповторливата изведба на Миле Кузмановски и прекрасната „Налеј, налеј“. ]]>

Нашата историја во 80 епизоди: „Налеј налеј“ во серијата „Македонија“, која власта не сакаше да биде снимена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-istorija-vo-80-epizodi-nalej-nalej-vo-serijata-makedonija-koja-vlasta-ne-sakashe-da-bide-snimena-video/ Mon, 13 Jul 2020 11:35:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158537

Со доаѓањето на власт на СДСМ пред четири години запреа сите проекти кои беа поврзани со македонската историја и со важни личности.Една од нив е и серијата „Македонија“ која почна да се снима но снимањето беше прекинато. Се раскинаа договорот со продуцентот Јадран Филм, а по сценарио на Александар Русјаков. Беа планирани 80 епизоди во кој низ разни човечки и љубовни приказни ќе беше доловена и македонската историја. Снимањето беше предвидено да биде во Македонија, Хрватска, Бугарија, Грција, Франција, Русија, Австрија, Италија и други држави. Го опфаќаше периодот помеѓу 1870 па се до 1952 година. Продуцентот Јадран Филм врз основа на приложеното сценарио веќе имаше склучено дистрибутерски пред договор со најголемата дистрибутерска куќа во Европа, така што освен пред македонските гледачи оваа серија заедно со македонската историја во неа ќе се најдеше пред Тв екраните на повеќето земји во Европа. Првата епизода се однесуваше на гемиџиите. Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата годпоѓица Мадлен. Таа го одбира Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати. Заедно со нив ја пее “налеј, налеј”. Пет години подоцна Шатев, одкако добива амнестија, се враќа од заточеништво од Африка и оди во Париз да и ја соопшти веста за смртта на Кирков, а таа му кажува дека во меѓувреме немала друг маж и го чекала Кирков да се врати. Ова е спот од песната “Налеј налеј” од која никој не може да остане рамнодушен без да му дојде наплив на емоции. Во спотот доминираат снимки од првата епизода каде Павел Шатев е преставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим. „Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе…. Те сакав жив …. А те мразам мртов. Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата? А ти..ти истрча да те прегрне толку страсно, толку силно и …..засекогаш. Те мразам како што ги сакав твоите бакнежи,твоите допири и шепот….Зошто ме остави за неа,засекогаш ? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?“ -прашуваат во серијата главните актери. https://www.youtube.com/watch?time_continue=106&v=zQxFRZ65034&feature=emb_logo Извор: Република.мк  ]]>