најздрава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Aug 2023 12:10:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најздрава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оваа риба е најздрава, полна со протеини, одлична за косата, кожата и дигестивниот систем https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-riba-e-najzdrava-polna-so-proteini-odlichna-za-kosata-kozhata-i-digestivniot-sistem/ Thu, 24 Aug 2023 12:07:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315234

Нутриционистите тврдат дека оваа риба е значително поздрава од другите Рибата не само што е полна со протеини и има малку заситени масти, туку е и богата со омега-3 масни киселини, кои се многу корисни за организмот. Кога станува збор за најздравите видови риба, на прво место убедливо е лососот, а потоа следат сардините, инчуните, сомот, бакаларот, пастрмката и ослиќот. Со овие тврдења се согласуваат многу нутриционисти, а за здравствените придобивки од редовното консумирање лосос сведочат и бројни истражувања. Еве како редовната консумација на лосос влијае врз организмот: Месото на лососот изобилува со протеини и аминокиселини. Исто така, содржи компоненти што се од големо значење за здравјето на зглобовите, правилното функционирање на дигестивниот систем и регулацијата на инсулинот. Изобилува со важни витамини и минерали и други корисни материи. Богат е со протеини Лососот е високопротеинска храна, а воопшто не содржи јаглехидрати. Во светот на нутриционизмот, се цени токму поради високопротеинското месо и квалитетот на протеинот. Протеинот е градежен материјал за сите наши ткива и е есенцијален за мускулите. Што се однесува до нутритивниот состав на лососот, само 100 г приготвен лосос содржат дури 22 г протеини, што е речиси половина од препорачаната дневна количина. Исто така, богат е со добри омега 3 масни киселини, витамини и минерали. Витамините и минералите во лососот Освен што е одличен извор на висококвалитетни протеини, лососот содржи голема количина на други корисни елементи, како што се витамините од групата Б, минералите, како селен, фосфор и калиум. Освен тоа, претставува и солиден извор на железо, цинк, магнезиум и витамини Ц и Е. Количината на витамини од Б-комплексот е импресивна. Витамините од групата Б играат исклучително значајна улога во повеќето хемиски реакции во нашиот организам и учествуваат во метаболичките процеси. Внесувањето доволна количина на витамин Б, овозможува квалитетен сон, издржливост, доволно енергија, концентрација и најважно од сé, го штитат срцето и крвните садови. Здравствени придобивки на лососот Лососот е добар за целокупното здравје, го штити и негува организмот. Консумацијата на месо од лосос е добра за: нервниот систем и мозокот срцето и крвните садови мускулите и коскенозглобниот систем здрави очи, кожа и коса добар сон и здрав метаболизам извор:попара.мк фото:shutterstock]]>