највисока државна награда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Feb 2022 08:40:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png највисока државна награда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Тошо Филиповски прво му ја доделија највисоката државна награда, а по два месеци одбија финансиски да му го поддржат издавањето на двете нови книги: „Го убија креативниот дух во мене“! https://arhiva.vistina.com.mk/na-tosho-filipovski-prvo-mu-ja-dodelija-najvisokata-drzavna-nagrada-a-po-dva-meseci-odbija-finansiski-da-mu-go-poddrzat-izdavanjeto-na-dvete-novi-knigi-go-ubija-kreativniot-duh-vo-mene/ Thu, 17 Feb 2022 08:21:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239401

Министерството за култура одби финансиски да го поддржи издавањето на двете нови најавени книги на музичкиот новинар и неуморен хроничар  на се' што е поврзано со македонската музичка поп-рок  сцена, Тошо Филиповски. Навидум ништо чудно, ни прв ни последен, знаејќи какви циркузи секоја година таму се случуваат кога се распределуваат нашите пари, за навидум проекти кои би требало да го подигнат нивото на културата, а субвенциите со чест на исклучоците, ги добиваат разно-разни дилетанти, по партиски или етнички клуч,  таканаречени културни проекти за кои ни од дома не би им дале „скршен денар“, а тие бескрупилозно ја цицаат државата. Имено, за апсурдот да биде уште поголем и доведен на ниво на идиотско самонегирање, истата оваа држава и влада чиј дел е Министерството за култура, на истиот тој човек, новинарот и музички хроничар Тошо Филиповски, само пред неполни два месеци,  на 21 декември 2021 год. во свечената сала на Собранието на Република С. Македонија, му ја додели највисоката државна награда, „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката. Филиповски е автор на монографиите „Македонска рок-енциклопедија“, „Македонска дискографија – винили 1958-2019“ и „Македонски рок-времеплов“ која излезе во печат минатата година, како и најновата книга, „Мизар-Откровенија 1981-2021“, која треба да биде промовирана и излезе во продажба на 20-ти март годинава.   Филиповски кој е еден од ретките, ако не и единствениот автор кој се занимава со ваков вид на авторство кое е од капитално значење за историјата, развојот и афирмацијата на македонска музичка поп-рок култура низ годините, вели дека годинава конкурирал за субвенционирање на две книги: „Антологија на македонската рок поезија“ и „Монографија за македонските фанзини“. Но, не му бил одобрен ниту денар во рамките на годишната програма за поддршка на проекти од областа на културата, чии резултати од конкурсот Министерството за култура ги  објави во текот на вчерашниот ден, 16 февруари 2022 година. Шокиран и видно разочаран од одлуката да биде брутално „прескокнат“ во годината кога ја добива највисоката државна награда, Филиповски со вчудовидување ја дочека одлуката на „негирање на неговото ретко творештво“ токму од истите оние за кое само пред 50-ина дена го наградија. Тој  со Фејсбук статус се обрати до јавноста, известувајќи ја дека по ова, тој престанува да архивира, собира, пишува, да издава: „Епа драги мои пријатели... Изгледа дојде време да се одјавиме. Кога не ми го почитуваат она што го работам во и за сопствената држава, најпаметно е да се повлечам. Сериозно размислував и за борба, да се докажувам, полемизирам, ама сфатив дека немам повеќе енергија за такво нешто. Едноставно го убија креативниот дух во мене! Мизар-Откровенија 1981-2021 ќе биде последната книга што ја објавувам. Имав план за објава на 10-15 книги.... Една годишно но... Некои идни генерации нека продолжат кај што застанав. Ова Министерство, оваа гарнитура, смета дека повеќе не се потребни вакви монографии/енциклопедии....ниту пак аудио документирање на македонскиот рокенрол. А и според она што набрзина го видов, македонската музичка култура во 2022 година ќе биде со акцент на класичната музика.... Рокенрол колку да се каже дека го има. Така процениле, така нека биде. Кога генерално никој не се буни, така ќе остане. Јас немам сила да одам повторно сам против ветерници...Наивно мислев дека со објавата на Енциклопедијата во 2018 година престанаа тие бирократки проблеми и во иднина ќе биде важен креативниот и квалитативен процес, но сум се излажал. Во изминативе 4 години (од мај 2018 па ете до март 2022 (кога ќе биде промовирана монографијата за Мизар) покажав што можам и како можам и што е она што заслужува да го има македонската музика. Но, некој таму процени дека тоа е неважно/безначајно за да продолжам со темпото кое сам си го наметнав, а кое институциите просто не се спремни да го следат....А,  верувајте беше исцрпувачко за мене, ама сепак убаво чувство кога објавата се држи во раце. „Антологија на Македонската рок поезија“ „Монографија за македонските фанзини“ Ова беа двете книги за кои аплицирав и за кои сум одбиен... За новите винили од серијалот Македонски архив - исто така ќе почекате. Можеби за некоја година,некои помлади генерации... Толку од мене... Јас од март 2022 се пензионирам со пишување. Искрено се надевам ќе уживате повремено прелистувајќи ги: „Македонска Рок Енциклопедија 1963-2018“ „Македонска Дискографија-Винили 1958-2019“ „Македонски Рок Времеплов“ „Мизар-Откровенија 1981-2021“ Благодарност до Министерството за Култура за довербата и доделената награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин"... Но, претпоставувам дека сега, со оглед на ситуацијата, повеќе не ја заслужувам. Ззатоа што не ми значи награда, ако сум спречен да го дадам најдоброто од себе! Подобро ќе менував награда за нова книга посветена на Македонската музичка историја“. Фото: Фејсбук принтскрин/Филиповски Тошо    ]]>