најубави градови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Nov 2021 13:02:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најубави градови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Листа од најубавите туристички гратчиња во Европа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lista-od-najubavite-turistichki-gratchinja-vo-evropa-foto/ Fri, 05 Nov 2021 14:00:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226203

Си-Ен-Ен неодамна објави листа на најубавите мали гратчиња во Европа, кои „освојуваат со својата прекрасна архитектура и голем дел од културата што ќе ја најдете и во големите градови, но со помалку метеж“. Во списокот, од поблиското наше соседство, спаѓаат и Мостар, БиХ, и хрватска Корчула. „Стариот мост, изграден од Османлиите во 16 век, долго време се сметал за еден од најдобрите примери на балканската исламска архитектура“, вели написот за една од најпрепознатливите знаменитости во гратчето. – „Мостот беше урнат од хрватските сили за време на војните на Балканот, во ноември 1993 година. Мостот е преизграден во 2004 година, а денес Мостар е омилена дестинација во Босна и Херцеговина и популарен како еднодневно патување од Дубровник до соседна Хрватска“, истакнува репортажата. За Корчула, пак, се вели: „Град од светска класа, со светли бели улици и згради издлабени од околниот камен, вода речиси насекаде и прекрасни градби оставени од Венецијанците, кои владееле овде со векови“. На листата е и Гитхорн, Холандија, нарекуван „холандска Венеција“ – со безброј водни канали, но и значително помалку туристи. Тука се и Роскоф во Франција, Ангијари и Мазара дел Вало во Италија, Нафплио, Грција, германски Динкелсбил, ирски Кенмејр, како и Пиран, Словенија. извор: курир.мк ]]>