најстари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 06 Jan 2024 07:41:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најстари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во струшко се зачувани едни од најстарите коледарски и Божиќни песни https://arhiva.vistina.com.mk/vo-strushko-se-zachuvani-edni-od-najstarite-koledarski-i-bozhikni-pesni/ Sat, 06 Jan 2024 07:41:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334009

Од дамнина во Струга богатите обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца, стои во записите на Кузман Шапкарев. Според Марко Китевски од Институтот за македонска литература, во Струга и струшко се зачувани до ден денес едни од најстарите бадникови и Божикни песни. Како што запишал Шапкарев „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“, вели Китевски.

Во Струга децата одејќи по коледа (коледе) носеле дрвени чеканчиња со кои тропале по вратите.

Една од обнародените песни, која потекнува од Струга и струшко се пее до ден денес, а е распространета и низ другите градови: „Сива, сива голабица, каде си се осивила? Таму горе на бел Дунав. Што имаше, што немаше? Ми имаше златна чаша, златна чаша, иконата, да служиме млада Бога.“ Секое струшко маало си имало свои обичаи. Така и песните кои се пееле се разликувале. Според етнолозите постарите жители на Струга ги паметат се уште некои оригинални песни за најавата за Христовото раѓање, додека помладите генерации ги знаат само оние кои се најпопуларни. Ова е една од постарите зачувани песни: „Збирајте се дечиња, стред село на грејачка, огон да си палиме, за да се изгреиме, оти после ќе одиме, Коледа да викаме, костење да збираме, за Бадник да јадиме. Божик да го чекаме и прасе да јадиме.“ Извор: ОхридПрес Фото: архива]]>