Најсреќниот човек на светот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Oct 2022 12:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Најсреќниот човек на светот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Најсреќниот човек на светот“, македонскиот претставник за Оскар, на 27. октомври во Кино Милениум https://arhiva.vistina.com.mk/najsrekjniot-chovek-na-svetot-makedonskiot-pretstavnik-za-oskar-na-27-oktomvri-vo-kino-milenium/ Wed, 19 Oct 2022 12:47:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272131

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција и Торонто и одличниот прием од страна на светската критика и голем интерес за интернационална кино дистрибуција. Во текот на месеците кои следат промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно кино прикажување во многу земји. Овој месец, „Најсреќниот човек на светот“ патува на пет фестивали нив целиот свет. Започнавме со ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Киев, Украина кое беше проследено со предавањето од страна на режисерот Теона С. Митевска. Полната сала во Киев, и крајно емотивната проекција на филмот во Киев проследена со звуци од сирени, зборува за значајноста на оваа приказна и овој филм кој крајно искрено говори за тешкотиите и можностите за помирувањето по воените разорувања, за длабоките траги и трауми кои остануваат врежани засекогаш кај сите оние зафатени од немилосрдниот виор на војната. – истакна Лабина Митевска Од Киев, „Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Хаифа – Филмскиот Фестивал во Израел од 8 до 17. октомври каде ќе биде прикажан во исклучителната силна главна конкуренција. Потоа патува во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро кој започнува на 21. октомври. Во месец Октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска.
Како што најавивме во Венеција, наскоро „Најсреќниот човек на светот“ го носиме и во Скопје. Македонската премиера на Националниот претставник за Оскар закажана е на 27. октомври во Кино Милениум. – додаде Лабина Митевска.
Турнејата на “Најсреќниот човек на светот“ за десеттиот месец ќе заврши во Словенија каде ќе се натпреварува за наградата Весна за малцински копродукции на Филмскиот фестивал во Ровињ.]]>

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на „Венецискиот фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-na-veneciskiot-festival/ Fri, 02 Sep 2022 12:49:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265351

Светската премиера на најновиот филм на Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот фестивал се одржа денеска, 02 септември 2022 год. во 14:15 часот во сала „Darsena“. Филмот учестува во паралелната официјална натпреварувачка програма Хоризонти. Од продукцијата информираат дека интересот за филмот е голем и дека се продадени сите карти за проекциите.
„Најсреќниот човек на светот“ е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство, велат од Продукцијата.
Ова е шести игран на Теона С. Митевска и прв македонски филм кој се прикажува во Венеција од „Судијата“ на Жанета Вангели во 2002 и следува 28 години по триумфот на Милчо Манчевски со „Пред дождот“, кој го освои Златниот лав. „Најсреќниот човек на светот“ е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. Митевска го напиша сценариото заедно со Елма Татарагиќ, која, како и најголем дел од екипата, доаѓа од БиХ. Дејството се случува во Сараево и е засновано на вистинска приказна на косценаристката Татарагиќ. Во фокусот се 40-годишната Асја и 43-годишниот Зоран, кои се запознаваат на настан на барање партнер. Сепак, Зоран не бара љубов, туку прошка: за време на војната во БиХ, тој бил снајперист и пукал на градот од противничката страна и сака да ја запознае својата прва жртва. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, а во другите настапуват: Лабина Митевска, Ана Костовска и Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. „Најсреќниот човек на светот“ утре ќе има уште една проекција во Венеција, а селектиран е и во програмата на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто. ]]>