најслушани песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Jul 2019 06:10:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најслушани песни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова се најслушаните песни за 2018 година според ЗАМП: Лозано, убедливо пред сите други https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-najslushanite-pesni-za-2018-godina-spored-zamp-lozano-ubedlivo-pred-site-drugi/ Mon, 22 Jul 2019 09:54:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98665

Почетокот на втората половина на годината е периодот кога ЗАМП - здружинеието за заштита на авторските музички права во Mакедонија ги сумира резултатите од слушаноста во претходната година, истите ги објавува и исплаќа авторските хонорари.
Според ЗАМП најслушани песни во 2018 имал Влатко Лозаноски, односно неговиот композитор, авторот Лазар Цветковски, чии 3 песни се наоѓаат меѓу првите 4, односно 4 од првите десет се негови, вклучувајчи и ја и „Слаба страна“ на Антониа Гиговска.. Ова е македонскиот ТОП 10 на популарноста според ЗАМП за 2018. Останува да видиме дали Лазар Цветковски ќе биде и најплатениот композитор?!
Популарниот Влатко Лозаноски е на врвот, со прво место за “Километри” и второ место за “Мандарина”. На трето место е “Главен град на тагата” на Владо Јаневски па на 4-то место пак се враќа Лозано со “Јако, јако”. На петта позиција е “Туѓа си бескрајно” на Ефто Пупиновски. Следуваат “Луд сум по тебе” – Тара, “Слаба страна” – Антонија Гиговска, “Оди ѕвездо”- Наум Петрески, “Свири мајсторе” – Гоце Арнаудов а на десеттото место “Еуфорија” од Наташа и Александра .]]>

ЗАМП ги објави најслушаните македонски песни за 2017: На врв и на дно или… врвот е дно? https://arhiva.vistina.com.mk/zamp-gi-objavi-najslushanite-makedonski-pesni-za-2017-na-vrv-i-na-dno-ili-vrvot-e-dno/ Sat, 09 Jun 2018 16:19:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31659

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) на својот официјален сајт конечно ги објави најслушаните македонски песни во 2017 година објави порталот „Женски магазин“. За потранспаретно следење и контрола над емитуваните авторски дела, ЗАМП кај радио и ТВ-станиците минатата година инсталира систем за електронско евидентирање, кој на авторите и носителите на авторски права ќе им овозможи увид во податоците кои се однесуваат на нивните емитувани дела.
Резултатите конечно се достапни и за јавноста, а најемитуван рефрен за 2017 година е хитот на Влатко Лозаноски, темата „Мандарина“ на авторите Магдалена Цветкоска, Лазар Цветкоски и Милан Миланов.  Лозано е и единствениот изведувач со две композиции меѓу најслушаните десет според податоците на ЗАМП, со хитот „Жена како ти“ како трета најслушана во текот на минатата година.
Интересен момент е што „Мандарина“ е оригинално издадена во 2014 година, а дури лани била најслушана. Меѓу „највртените“ песни има и такви кои се снимени и многу порано, како нумерата Туѓа си бескрајно“, која Ефто Пупиноски ја промовираше во далечната 1992 година, но се прослави дури две децениии подоцна и оттогаш редовно се пее на свадби, веселби и концерти.
Согласно чл. 158 став 1 т.8 од Законот за авторското право и сродните права (Сл.весник на РМ бр.115/10; 140/10; 51/11,147/13,154/15 и 27/16), ЗАМП ги oбјавува десетте најкористени домашни авторски дела во 2017 година и тоа:
И кога ќе се погледне чистат веднаш станува јасно дека во македонскиот музички етер нешто не штима. Или кај оние што ја мерат слушаноста или кај оние што прават песни? Имено, од десетте најслушани, едвај две се песни направени во годината кога е мерењетио на слушаноста направено - 2017, што значи дека или народот нема потреба од нова музика или новите песни не ги бива или пак е во прашање нешто сосема трето, од типот: не ги бива оние што го спроведуваат мерењето на слушаноста? И тоа случајно или намерно?
Од дузина македонски хитови како: „Ова лето ќе се памти“ на Лозано, „Љубена“ на Кристина Арнаудова, „Мојот крал“ на Ај Кју, „Хеј мама“ на Наташа Малинкова, „Невозможна мисија“ на ДНК... и да не ги набројуваме останатите,  според македонските радиостаници во 2017 кај нив беа највртените песни од домашната поп продукција. Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ кој изминативе 10 години секоја година токму според гласовите на слушателите и изборот на радиостаниците ги наградува највртените песни, сите споменатим како и грст други ги вброи во 2017-тата меѓу наградените.
И шест месеци откако истече годината, види чудо: ЗАМП со својот „зарибан софтвер мерач“ наеднаш за највртени прогласува песни стари 3, 5, 10... години... па дури и постари од две и пол децении? Наеднаш слушателите и радиостаниците, имаат друга перцепција за популарноста на македонските песни, поинакво уво од претходно, се рабира, откако ЗАМП ќе им „ги стави неговите слушалки“ на уши? Чудна некоја селекција? Со сиот респект кон легендите како Ефто Пупиновски и неговите безвременски фолк евергрини или најнаградуваниот хитмејкер последниве години, Лазар Цветковски?
Конечно, нели е чудно и непоимливо неговите стари песни да се послушани од поновите, публиката повеќе да ги бара и слуша оние од пред 5 години наместо најновите песни на Влатко Лозаноски, напишани од истиот тој Лазар Цветковски? Па ајде веќе кога се фативме за имиња, зарем ви се верува дека ЗАМП со својот „хитомер“ измери дека „Мандарина“ од истиот автор и изведувач лани беше попопуларна и повртена од нивната „Ова лето ќе се памти“, која според сите, ама баш сите радиоистражувања и радиски параметри на слушаност, беше прогласена за апсолутен радиски хит во 2017?
Ама тоа е... ЗАМП! Со нив како што е познато,  ниту државата не може(ше) да излезе на крај, а камо ли авторите, изведувачите, радиостаниците, слушателите... Ним или „хитомерот“ им мери само „евергрини“ или некој таму сакал „ова лето да се памти“ по тоа што „скапаните мандарини“  ќе ни ги „поттурат“ како свежи портокали? Очигледно, никако да дувне свеж ветер кај „мерачите на музичка популарност“ во македонскиот етер!  ]]>