најскап – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Sep 2022 09:43:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најскап – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Аца Лукас поминува низ пекол поради соседите: Откри што му прават секој ден (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-pominuva-niz-pekol-poradi-sosedite-otkri-shto-mu-pravat-sekoj-den-foto/ Mon, 19 Sep 2022 09:43:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267524

Фолкерот Аца Лукас признава дека доживеал непријатни ситуации со поранешните девојки, кои прераснале во скандали. Еднаш, имено, толку ја налутил својата партнерка што таа му го уништила автомобилот пред кафеана во Црна Гора. - Бев на море кога девојката со која бев во врска ми го уништи новото „ауди“! Ми напиша „пе*ерчино“ со тој спреј што се користи за новогодишните празници. Не знам како таа се сети на тие зборови, бидејќи јас сум се освен тоа! Тоа се случи по расправија - ја започнал приказната Лукас , не сакајќи да ја открие причината поради која тогашната девојка му се налутила. - Исто така соседите секој ден ми ја гребат колата. Тоа е затоа што ја имам најскапата кола во соседството, па им паѓам во очи. Тоа е затоа што не живеам на Дедиње, туку во Вождовац. Но, полесно ми е да ми ја изгребат колата отколку да живеам во дел од градот каде што не ми е местото, каде што луѓето се лажат и глумат будали. Не сакам комшивката да биде пејачка која оди со приватен авион до тезга, па само патувањето ја чини повеќе отколку што заработува од настапот! Не знам зошто треба да го прават тоа? Никогаш не би направил такво нешто, бидејќи не живеам лажен живот, како што живеат многумина денес. Сè е јасно кај мене! Лукас е сигурен дека неговите поранешни сопруги Светлана, Наташа и Соња никогаш не ги уништиле неговите автомобили. - Би било глупаво да ми го запалат автомобилот, кога тоа е истиот автомобил што им го купив! - вели Аца, кој по три брака не размислува за сериозна врска: - Во моментов, среќен сум што имам девојки за една, две, пет или 105 ноќевања. Можеби тоа се менува, и ќе се мажам по 16-ти пат, но сега ми се допаѓа вака. Понекогаш ми недостига да имам семејство, но не се прашувам кога ќе се заљубам, тоа едноставно се случува. Не бегам од брак или од сериозна врска. Сето тоа е убаво, но мора да биде спонтано. Не можам да се програмирам да го правам ова или она. Никоја досега не ми го привлече вниманието толку многу што ќе сакам да се оженам со неа! - изјавил Лукас за „Информер“. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Аца Лукас/Зоран Илиќ/Оливер Буниќ]]>

Шилегов е „најгалантниот“ градоначалник во регионот со наши пари, а Дино Мерлин најскапиот новогодишен забавувач: Скопјани ќе го почестат со 100.000 евра, 20.000 повеќе и од Цеца, а повеќе од двојно од Лепа Брена! https://arhiva.vistina.com.mk/shilegov-e-najgalantniot-gradonachalnik-vo-regionot-so-nashi-pari-a-dino-merlin-najskapiot-novogodishen-zabavuvach-skopjani-kje-go-pochestat-so-100-000-evra-20-000-povekje-i-od-ceca-a-povekje-od-dvojn/ Mon, 16 Dec 2019 09:19:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124062

Градската власт на македонската престолнина реши: Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани и сите останати на скопскиот плоштад Македонија за Нова Година! Информациите велат дека договорот  бил потпишан уште пред летото, кога штом дознавме дека пејачот е дојден во Скопје на преговори, побаравме одговор од градскиот ПР, односно службата за односи со јавноста и медиумите, но оттаму се правеа дека ништо не знаат и првпат слушаат. Деновиве договореното беше обзнането, а, во јавноста се појави не само името на ѕвездата што ќе пее за најлудата ноќ во македонската метропола, туку и цената која за тоа задоволство ќе ја плати градот! Имено, на Дино Мерлин за новогодишниот концерт во Скопје ќе му бидат искеширани 100.000 евра од градската каса. Во меѓувреме, во српските, но и во останатите регионални медиуми се појавија местата и цените на новогодишните настапи на балканските ѕвезди. Или поточно, кој, каде и за колку ќе пее! И види чудо! Македонија, која е со најнизок стандард и најмал просечен личен доход во регионов, испадна дека е најбогата! Имено, Дино Мерлин испадна дека е најскапиот новогодишен забавувач, а Петре Шилегов „најгалантниот“ градоначалник... Со наши пари, се разбира! Зашто за 100.000 евра ќе пее уште само Здравко Чолиќ во Будва, која само од туризмот заработува многу повеќе и е многу побогата општина, во однос на бројот на жители од Скопје! Сите останати балкански ѕвезди ќе пејат за далеку помали пари за Нова Година, а градоначалниците, па дури и директорите на хотелите, кои патем и ќе заработат таа вечер, испаднаа подомаќини од нашиот Петре Шилегов, кој пак тврди дека „не плаќа од џебот на скопјани“, туку тоа ќе го плателе спонзорите, без да ги наведе кои се! Но, да речеме Цеца Ражанатовиќ ќе пее во еден хотел во Белград за 80.000 евра, Марија Шерифовиќ ќе пее во Нов Белград за 10.000 помалку, односно за сума од 70.000 евра, а една Лепа Брена ќе настапи пред Народното собрание на српската престолнина, за што на сметката и легнаа „само“ 45.000 евра, што е за повеќе од половина помалку од хонорарот кој Шилегов му го плаќа на Дино Мерлин!? И останатите големи регионални поп или фолк ѕвезди ќе настапуват на различни локации во Новогодишната ноќ за далеку помали хонорари, како Аца Лукас на Златибор или Ацо Пејовиќ во Петровац за по 50.000 евра, Саша Матиќ во Загреб или Наташа Беквалац во Виена за хонорар од по 40.000 евра, Харис Џиновиќ во Бар за 37.000 евра или Жељко Самарџиќ во Ниш за „скромни“ 25.000 евра. Скромни секако, во однос на астрониомскиот новогодишен хонорар на Дино - Мерлин за кој даночните обврзници од македонскиот главен град ќе бидат олеснети! Реакциите на народот, но и на домашната естрада се повеќе од жестоки, па ги зовреа социјалните мрежи! Едни повикуват вечерта на бојкот, други на „чешлање на одлуката за дебело платениот хонорар“, трети во шега коментираат дека за тие пари Мајкл Џексон и Павароти заедно ќе ги „станевме од мртви“ да запеат... Сепак, едно е сигурно: Кај нас точно (не) се знае кој кого „заклал“, а кој кого „закрпил“... „Кој пие, кој плаќа“? И тоа дебело за новогодишната забава во највеселата ноќ! Се знае само со колку пари ќе си  замине дома на 1-ви јануари 2020 човекот што пее: „Све је лаж, осим смрти“...  Епа, Среќна Нова народе, само... која?      ]]>

Од цифрата ќе ви се сврти во глава: Ова е најскапиот фустан на Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/od-cifrata-kje-vi-se-svrti-vo-glava-ova-e-najskapiot-fustan-na-evrovizija/ Sun, 13 May 2018 10:11:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26687

Со оглед на тоа што Евровизија спаѓа во едно од најугледните музички натпреварувања, се вложуваат многу финансиски средства. Дефинитивно оваа година Естоинија вложи најмногу финансии. Нивната претставничка Елина Нечајева носеше невообичаена креација на која беше проектирано светлина, а за истата  е издвоено цело богатство. Станува збор за сума од 65 000 евра, а ова дефинитивно е најскапиот сценски настап за Евровизија 2018. https://youtu.be/76KOUIfDry8 За жал, Македонија не успеа да се пласира во финалето на музичкото натпреварување.]]>