најотпорена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Oct 2021 12:00:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најотпорена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Една крвна група е најотпорна, друга најподложна на вируси https://arhiva.vistina.com.mk/edna-krvna-grupa-e-najotporna-druga-najpodlozna-na-virusi/ Tue, 05 Oct 2021 12:00:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221814

Отпорноста на телото на бактерии, инфекции и разни болести е одредена од многу фактори, вклучувајќи ја и крвната група. Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се справат со нападите врз нивното тело, а во таа смисла, носителите на крвната група 0 најдобро се справуваат. Долгорочни истражувања покажуваат дека крвната група 0 е најсилна меѓу сите крвни групи. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, како и мозочен удар и срцев удар, а и ретко страдаат од болести поврзани со меморијата. Поради отпорноста на телото на болести, луѓето кои имаат крвна група 0, во споредба со другите, живеат најдолго.

Зошто е тоа така?

Една од најважните причини е фактот дека крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочен удар и срцев удар се предизвикани од слаба коагулација на крв. Работите што се добри за срцето се добри и за мозокот, бидејќи многу од факторите на ризик кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања се слични на ризиците од развој на ментални заболувања.

Која е најслабата?

Што се однесува до прашањето која крвна група е најслаба, тешко е да се одреди, иако експертите велат дека тоа е групата А, бидејќи истражувањата покажале дека носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија и некои други заразни и системски заболувања. Затоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од сите други. Истражувањата, исто така, покажаа дека носителите на крвната група 0 живеат во просек подолго од сите други носители на крвни групи, така што логичниот заклучок е дека нивната отпорност на бројни болести и медицински состојби е одговорна за тоа. извор: Кајгана]]>