најголем – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Feb 2024 12:03:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најголем – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Периодот од денот во кој чувствуваме најголем стрес https://arhiva.vistina.com.mk/periodot-od-denot-vo-koj-chuvstvuvame-najgolem-stres/ Wed, 07 Feb 2024 13:45:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337888

Има многу за правење наутро, а често немаме доволно време за тоа. Дополнително, не нервираат гужви, премалку паркинг места, доцнење во јавниот превоз, деца кои тешко се будат и бавно се подготвуваат за на училиште, домашно милениче кое мора да излезе, кошула што треба да се пегла… Навистина не е чудно што 7:23 часот е најстресното време од денот. Токму тоа го заклучиле научниците од Англија по истражувањето, кои прашале две илјади возрасни луѓе кога чувствуваат најголем стрес. А поради постојаните утрински стресови, кои влијаат и на нашата дневна продуктивност и го загрозуваат нашето здравје, пресметале дека е во просек 7:23 часот. Сепак, во зависност од полот, има мало флуктуација во најстресниот дел од денот – жените најчесто наидуваат на првата пречка во денот малку порано од мажите, во 7:50 часот. Кај мажите, првиот стресен момент започнува само еден час подоцна, во 8:43 часот. Покрај тоа што негативно влијае на менталното здравје, хроничниот стрес може да предизвика или влоши многу болести и состојби, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, автоимуни состојби, дијабетес… Постојат многу методи за ослободување од стресот кои се добри за учење и примена, а најважно е да разликуваме на што не можеме да влијаеме и да не се нервираме поради тоа. Извор: Попара]]>

Велес го доби најголемиот мурал во земјава https://arhiva.vistina.com.mk/veles-go-dobi-najgolemiot-mural-vo-zemjava/ Tue, 21 Jul 2020 12:01:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159549

По изработените мурали во Битола, Скопје, Гевгелија и Кочани и влезот на град Велес доби свој мурал како дел од програмата на фестивалот за современи уметности АКТО. Ова е најголемиот мурал во земјава. Тој има површина од 220 квадратни метри, долг е 86, а висок 2,5 метри. Муралот е насловен „Солидарност, мобилност, иднина“ и се работеше пет дена, со спреј и фасадна боја. „Муралот е изработен од повеќе слики, преку кои се прикажани солидарноста, заедништвото и како градот се модернизира. На муралот се отсликува поблиската историја, борбата за здрава животна средина, борбата против Топилницата, протестите на велешани. Централниот дел е мое доживување на темата“ - вели Давор Кешкец, идејниот автор на муралот. Во цртањето на муралот, освен Кешкец, учествуваа и Стефан Младеновски, Ангела Банчотова и Тоше Пешовски.]]>

Го истетовирал на раката ликот на Јелена Карлеуша: Опседнат или искрено предаден, Ненад е нејзиниот најголем обожавател (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/go-istetoviral-na-rakata-likot-na-jelena-karleusha-opsednat-ili-iskreno-predaden-nenad-e-nejziniot-najgolem-obozavatel-foto/ Sat, 20 Jun 2020 08:36:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154752

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша има илјадници обожаватели, но Ненад Младеновиќ (25) од Осниќ кај Бољевац е веројатно нејзиниот најголем фан. Тој има истетовирана слика со ликот на Карлеуша на подлактицата, а исто така ги истетовирал и нејзините стихови: „И не е важно што велат луѓето, туку што чувствувам во себе“.   Во неговата соба има постер на својата хероина на целиот ѕид, а ужива и да прави заштитни маски за мобилни телефони со ликот на неговиот пејачки идол.   „Таа е уникатна, неповторлива, светска sвезда во вистинска смисла на зборот. Нејзиниот лик, борбениот дух, чесноста се она што ме фасцинира. Јас тетоважата ја направив во ноември минатата година. Повеќето мои пријатели ме поддржуваа, некои не, но секој си има свој живот. Секогаш кога ми е тешко, кога скоро ќе паднам на дното, се сеќавам дека носам портрет на хероина. Таа е моја инспирација, идол. Уште кога прв пат ја слушнав, уште од првата година од средното училиште, ја  почитувам и ценам како Јелена, како најголемо нешто што може да постои кај една личност“ - вели Ненад, кој работи како медицински техничар во Специјалната болница за рехабилитација „Гамзиград“. Тој вели дека сите нејзини песни  се врвни, неповторливи, но сепак ја издвојува „Кој ја режира оваа драма“, затоа што вели дека песната како да е негова, биографска. Сите негови плејлисти се составени само од нејзините песни. Што се однесува до нејзиниот физички изглед, нему кај Карлеуша најмногу му се допаѓаат очите и косата. „Не сме се сретнале, но се надевам дека ќе успам да ја запознаам. Желба ми е да го истетовирам нејзиниот автограм. Ја слушав во живо во Зајечар и Неготин. Харизматична, силна, со уникатен стил, единствена личност на нашата естрадна сцена. Таа е лавица и во хороскоп и во животот. Самиот чин на тетовирање траеше цели седум часа и никогаш во животот нема да жалам за мојата тетоважа“ - вели Ненад. Тој додава дека би сакал да најде девојка која би ја имала душа и карактер, па  ако може и да наликува на Јелена Карлеуша. .]]>