најевтини дестинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Oct 2019 12:20:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најевтини дестинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова се најевтините есенски дестинации https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-najevtinite-esenski-destinacii/ Fri, 04 Oct 2019 13:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110978

Будимпешта е повторно прогласена за најевтина дестинација кога културно-историските обиколки се во прашање, а еве кој уште се нашол на листата. "Post Office Travel Money" објавил список за "цените на културата" во различни градови. Во предвид се земени цените за карти за концерти, балет, опера, но и музеи, уметнички галерии и знаменитости. Влезот во Националниот музеј на Унгарија чини 5,3 евра, а влезот во црквата Свети Матео 6 евра. За култура вкупно треба да се издвојат 78,11 евра, додека за обиколка на ист број на знаменитости во Мадрид потребно е да се платат 486 евра, во Њујорк 472 евра, а во Милано 426 евра, кои се нашле на местата три најскапи локации. Милано и Мадрид оваа година бележат најголемо зголемување на цените, и до 30 проценти, за опера, балет и концерти за класична музика. Прага и Варшава се нашле веднаш по Будимпешта според цените. Во Прага се потребни 115 евра, а во Варшава четири евра повеќе. Стокхолм се нашол на четвртото место, но треба да се нагласи дека влезот во Музејот за модерна уметност е бесплатен, а дека операта и балетот се релативно поевтини. Лондон и Даблин се единствени градови на списокот во кои не се наплаќа влегување во главните музеи и галерии, но цените за опера и балет се многу високи. За обиколка на културните знаменитости во британската престолнина потребно е да се издвојат 325 евра, а за Даблин 195 евра. Листа на градови: Будимпешта - 79 евра Прага - 115 евра Варшава - 118 евра Стокхолм - 179 евра Москва - 182 евра Даблин - 195 евра Брисел - 196 евра Берлин - 241 евра Рим - 245 евра Париз - 272 евра Амстердам - 285 евра Барселона - 310 евра Копенхаген - 310 евра Лондон - 325 евра Виена - 326 евра Милано - 425 евра Њујорк - 471 евра Мадрид - 485 евра извор: точка.мк]]>