најдлабок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Nov 2020 11:52:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најдлабок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во Полска отворен најдлабокиот базен на светот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-polska-otvoren-najdlabokiot-bazen-na-svetot-video/ Tue, 24 Nov 2020 12:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177761

Најдлабокиот базен на светот со пад од 45,5 метри, наменет за обука и тренинзи на нуркачи, беше отворен викендов во близина на полската престолнина Варшава. Базенот е наречен „Deepspot“ и е преполн со имитации од подводни шпили и мајански урнатини, а има и помала имитацијата на остатоци од брод наменета за обука за подводни истражувања. Базенот е исполнет со 8.000 кубици вода, што е за 20 пати повеќе од волуменот на стандарден базен долг 25 метри. За разлика од обичните базени наменети за пливање и рекреација, „Deepspot“ во време на пандемијата на коронавирусот може да прима клиенти, бидејќи е ставен во категоријата нуркачки центар во кој се одржуваат курсеви за нуркање. Во план е изградба на хотел од чиишто соби ќе се пружа поглед на внатрешноста на базенот и на нуркачите, рекол за AFP по отворањето на најдлабокиот базен на светот во саботата, директорот на комплексот Михал Брашчински. Досегашниот рекорд, потврден од Гинисовата книга на рекордите, го држеше базенот „Montegrotto Terme“ во Италија, чијшто вертикален пад изнесува 42 метри. Меѓутоа, се чини и дека базенот во Полска многу скоро ќе падне на втората позиција, бидејќи во Велика Британија следната година планираат да го пуштат во употреба бзеното „Синa бездна“ (Blue Abyss) кој ќе биде длабок 50 метри. „Иако тука нема убави риби, ниту корални гребени, ова навистина е добро место за тренинг и подготовка за нуркање во вистинско море или океан“, коментирал Прземислав Кацпржак, инструктор за нуркање. Базенот „Deepspot“ ќе го користат и пожарникарите и војската, и во него ќе биде тестирана и различна опрема. Неговата изградба траеше две години и чинеше 8,9 милиони евра, а потрошени се 5.000 кубни метри бетон. извор:нетпрес.ком.мк]]>