најблиски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Dec 2020 16:21:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најблиски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емотивна исповед на Бомбакис за тоа, како го победи канцерот: „Само здравје“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-ispoved-na-bombakis-za-toa-kako-go-pobedi-kancerot-samo-zdravje-video/ Tue, 15 Dec 2020 08:08:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180799

Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра над 10.000 следбеници. Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли, сам или во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, па речиси и да нема човек, особено помеѓу помладите кој не знае кој се крие и што треба да очекува кога ќе го слушне неговиот прекар. Но ова момче вниманието на пошироката јавност го привлече неодамна со една од своите последни пораки: „Една година без канцер“, емотивна парола која сама по себе го постави прашањето што се крие зад неа, што сака младиот Кристијан да каже, да наговести, да појасни, да одбележи...? И дали пораката е лична или е пак посветена на сите оние што успеале да се излечат од оваа тешка и опака болест, која не бира возраст? Најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ го побара одговорот директно од Бомбакис, кој за прв пат отворено и искрено одговори на сите прашања, разрешувајќи ја дилемата, но и говорејќи за тој период кој му бил најтежок во животот, како и за неизмерната поддршка од најблиските за да го издржи и преброди сето тоа. Но, секако и поддршката од јавноста, која била огромна по неговата објава со што и со каква болест се соочил. „Овој картон не е ставен за да ме жалите... Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш... Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент. Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите). Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема... Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас?Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива !!! На тој начин ќе почнете да живеете...Само здравје!“ - напиша тогаш во описот на навидѕум шокантната порака која ја сподели на својот Инстаграм профил Бомбакис! Бомбакис во меѓувреме ја сними песната насловена „Се' би дал“, која всушност е направена во добротворни цели и е во рамките на една хуманитарна акција наменета за децата. Исто така тој заедно со Марко Новески - „дај побрзај“ почнаа да имаат свое радиошоу - „Без компас“ на новоформираното скопско радио „Лидер“ на 107, 4 ФМ... Каква хуманитарна акција е во прашање, како и неговата лична приказна за борбата со опаката болест, но и нејзиното надминување, за неговите погледи и животни ставови, како и неговите хуманитарни активности проследени со новогодишната честитка и желба на Кристијан Станковски - Бомбакис, проследете ги во видеото на „магазинот од зад сцената“, во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=JBkbhCRJtuM        ]]>

Само еден месец пред да почине, Дивна Карлеуша славела роденден со најблиските: Никој не насетувал дека така бргу ќе замине?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/samo-eden-mesec-pred-da-pochina-divna-karleusha-slavela-rodenden-so-najbliskite-nikoj-ne-nasetuval-deka-taka-brgu-kje-zamine/ Tue, 05 Mar 2019 11:35:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75967

Само еден месец пред да почине, Дивна Карлеуша го прославила својот 61-ти роденден со своите најблиски и најмили, а тоа се секако нејзините внуци, Атина и Ника, како и нејзината сестра Данијела и најдобрата пријателка на новинарката, Верица Регистра.
„Кога моите бебиња ќе ми запеат“! Денес е прекрасен ден ... Моето срце трепери со среќа“ - напишала Дивна  на својот Инстаграм профил, постирајќи ја фотографијата од која се гледа дека и тоа како е среќна и радосна. На другата фотографија, Дивна е повторно сликана ведра, весела и насмеана со нејзината сестра Данијела и нејзината најдобра другарка Верица.
„Мојата најдобра другарка Верица Регистра и сестра ми Даниела“ - пишува Карлеуша.]]>