најако – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Nov 2020 09:48:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png најако – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И македонската „Гранд ѕвезда“ го пушти патриотизмот на најјако: Вистински гест, на вистинско место, ама… со „погрешен“ човек! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-makedonskata-grand-dzvezda-go-pushti-patriotizmiot-na-najjako-vistinski-gest-na-vistinsko-mesto-ama-so-pogreshen-chovek-foto/ Mon, 16 Nov 2020 09:41:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176185

На историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација не можеме да му се изнарадуваме... сите! Нема кој не е среќен, воодушевен, фасциниран од сефте пласманот  на момчињата од фудбалската А селекција на претстојното ЕУРО 2021. И старо и младо и машко и женско и не само Македоци, туку и сите други националности, зашто репрезентацијата е впрочем надобриот показател како единството од различни националности кои го носат дресот со државниот грб збрани на едно место, може да не одведе до успех за каков што генерации пред тоа само сонуваа. Затоа и се радуваме сите... И обичните луѓе, граѓани,и познатите и славни, јавни личности, меѓу кои и естрадните... Музичките ѕвезди можеби најмногу знаат што значи да постигнеш успех, да ти аплаудираат на отворена сцена, да добиваш стоечки овации, да те сакаат и обожуваат, да ти се воодушевува целата нација... Затоа и многумина од нив побрзаа да го споделат меѓу првите успехот на нашите фудбалери и радоста што ни ја приредија. А, како поинаку и најдобро, ако не преку социјалните мрежи?! Меѓу сите ѕвезди и тој, младата македонска „Ѕвезда на Гранд“, пејачот и музичар Стефан Величковски кој далеку дотурка во најпознатото регионално натпреварување на музички таленти, па чувството и вкусот на успехот не му е стран. Но исто така не му е непознат и напорот, одрекувањата, жртвите и количеството на вложен труд кој се потребни да се стигне високо по „трнливиот пат“ на успехот. Затоа Стефан му се израдува на успехот на нашите фудбалери споделувајќи на својот Фејсбук профил неколку објави. „Здраво Европо, здраво Букурешт“ - напиша најпрво алудирајќи на пласманот на ЕУРО 2021 и еден од градовите каде ќе игра нашата фудбалска репрезентација на првенството, како и: „Што убаво лето не чека, мммм...“ - зашто ЕУРО 2021 ќе се игра на почетокот на идното лето, во  јуни 2021-вата. И конечно она што многумина исто така го споделија на своите профили на социјалните мрежи, заедничка фотографија со некоја од македонските фудбалски ѕвезди. „Големиот Пандев“ - напишал Стефан  во описот на фотографијата, откако патриотизмот го пуштил на најјако и направил вистински гест, на вистинското место, арно ама... со „погрешен“ човек! Зашто младата „Гранд ѕвезда“ напишала Гранде Пандев, а на фотографијата е сликан со исто така големиот Кире Лазаров! Од преголема возбуда и брзање или од пусто незнаење, само Стефан знае?! Како што сите ние знаеме дека Кире никако не е „погрешен човек“ и е исто толку голем колку и Пандев, туку пејачот само го ставил во „погрешна конотација“ со настанот! Ако му е некаква утеха на Стефан, тој не бил единствениот... А за мајтапот што му го приредија пријателите на пејачот... и да не говориме. Еве само, колку за пример: Се разбира, со сиот респект и почит од наша страна кон обете политички личности... И оној споменатиот по презиме и оној, неодамна починатиот, десно на фотографијата. А Стефан Величковски? Сепак, ќе да е многу поголем познавач на музиката, отколку на спортот! Овде е секако сликан со Вики Миљковиќ!      ]]>

Народот и сам по улица ќе шета со маска на лицето, а кај поединци, „журката гази најјако“: Знаете ли каде терате? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/narodot-i-sam-po-ulica-kje-sheta-so-maska-na-liceto-a-kaj-poedinci-zurkata-gazi-najjako-znaete-li-kade-terate-foto/ Thu, 24 Sep 2020 07:53:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168162

Состојбата со Ковид-19 станува се полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени,  стануваме рекордери во регионот, а и на ТОП 10 во Европа фигурираме според бројот на починати  на еден милион жители, а власта очигледно не знае каде тера?! Ниту има јасна стратегија како да се справи со заразата, а и онаа што ја има катаден ја менува по принципот, топло-ладно. Во тој трагичен „дневнополитички театар на апсурдот“, од една страна министерот за здравство Венко Филипче одново најавува драстични мерки и рестрикции, а од друга страна на терен „државата дреме“. Новите првачиња и воопшто дечињата-ученици од прво до трето одделени задолжително ќе мораат да следат настава со физичко присуство и маски на лицето, а  кафулињата, кафеаните, клубовите и дискотеките полни како кошница, ни маски, ни дистанца ни бутур. Филипче најави дури и задолжително носење маска за секој поединец што сам ќе шета по улица, ама маска за секоја селска убавица што решила да си ги напумпа  усните со ботокс и зацрвени со кармин додека се журка во дискотека - нема, зашто инаку како ќе и го видат „уметничкото дело“ на пластичната хирургија на нејзиниот новокомпониран непродуховен сурат? Кај мажите е исто и бетер и без ботокс! Башка, со маска на лице, тешко се муабети, уште потешко се пее, а никако не се пие! В ред, не дека угостителските локали не треба да работат, а  естрадата да престане да живее, ама дали заради менталитетот и менталниот склоп, дали заради растурениот систем на вредности и почит на се живо, па и на односот кон сопствениот, ама и туѓите животи, или заради немањето практична реализација и ефикасност во инспекциските контроли и казни, токму угостителските локали стануваат осило. Извор на ширење на заразата, зашто тешко дека некој ќе може да објасни оти се почитуваат здравствени протоколи откако ќе фрлиш една-две, а најчесто и многу повеќе чашки алкохол, а пејачката или бендот ќе ти ја погоди омилената песна.  Прегратки, гушкања, бакнежи и останатата размена на нежности и флуиди следуваат како логично продолжение на создадената атмосфера, во која „невидливиот непријател“ едвај чека да  се вгнезди меѓу тебе и твојата пријателка или пријател, таа вечер, сеедно. Арно ама не е сеедно, зашто последиците подоцна можат да бидат катастрофални, а за тоа зборуваат бројките на новозаразени и починати лица кои секојдневно се алармантни... И според висината на бројката и според се' помалата возраст на заразените и починатите од „новата чума на 21-от век“, Ковид 19, од која за жал, почнаа да ни  умираат од родилки и бебиња, до тинејџери! И додека власта прво бркаше избори, па одмараша од избори, па бркаше коалиции за парламентарно мнозинство и речиси три месеци чекаше да почне Собранието со работа, во меѓувреме наметнувајќи, па олабавувајќи некакви  тобожни заштитни мерки и протоколи, излезе дека всушност „бркаат вештерки во магла“ и дефинитивно не знаат каде тераат! А како тргнале, ќе не отераат во катастрофа од невидени размери! Мајките родилки ги вратија од породилно на работа, хронично болните - исто така, како и родителите на децата до 6 години кои нема кој да ги чува,  дечињата од прво до трето ќе одат на училиште и ќе седат на часови со маски на лицето, спортот и спортските натпревари ги држат „под мраз“ со празни трибини во спортските сали и стадиони, свадби и семејни веселби се забранети, ама затоа од друга страна забавата пуштена на максимум и тоа не било каде... Кај поединци - „распашана команда“, па кај нив „журката гази најјако“! Особено симптоматично е онаму, каде што власта има удел или добри роднински, политички или бизнис релации со газдите на локалите. Е таму, журката „гази на најјако“... Од Карлеуша во Охрид пред некоја седмица, преку „Амадеус бенд“ во веќе „на сите добро познатиот (кој е, каде е и чиј е) струмички клуб „Аватар“, до Куку леле во Скопје, престојниов викенд. Ако, терајте си... Само да не биде после „куку леле, што напраивме?“ А ќе биде... Резервации? И за на инфективна ќе се бараат, ама ќе нема... Зашто капацитетот ќе биде пополнет! И потоа Цацко ќе ни биде крив... Колку и Цаца!!!  ]]>