награди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Feb 2024 09:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png награди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гледан поткаст – „фејк Бубамара“: Лазаров и Фаци револтирани зашто баце Ранко „случајно ги заборави“ или само блиските до себе ги есапи за „на ти го – дај ми го“ награди? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gledan-potkast-fejk-bubamara-lazarov-i-fatsi-revoltirani-zashto-batse-ranko-sluchajno-gi-zaboravi-i-samo-bliskite-do-sebe-gi-esapi-za-na-ti-go-daj-mi-go-nagradi-video/ Fri, 23 Feb 2024 09:01:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339850

„Насмејте се, ќе се сликаме!“ - гласеше мотото на годинешнава „Златна Бубамара на популарноста“ и (како по обичај) некои станаа наградени, а некои останаа „насмеани“! Сега можат „само да се сликаат“ поединечно таму каде што својата популарност ја остваруваат и билдаат, зашто јавната валоризација на нивната работа остана „заборавена“!? Вака некако го доживеаа доделувањето на наградите на „Златна бубамара 2024“ подкаст двоецот Стефан Лазаров - Зоки Фаци Василевски, чие јутјуб остварување насловено „Без лимит“ реално е најгледаниот подкаст во Македонија во последниве 365 дена. Така барем говорат бројките и рејтинзите, кои и самиот Лазаров ги споделил на своите Инстаграм приказни. Дефакто „црно на бело“, а „пред фактите молчат и боговите“, арно ама ги премолчуваат оние на кои тоа не им одговара, па подкаст водителите беа „случајно заборавени“  да бидат наградени на последнава „Златна Бубамара“? Од друга страна „Бубамарата“  во суштина е „приватна журка“, па соодвествено на тоа и нејзиниот сопственик, основач, организатор и неговата свита од екипата која ја подготвува, слободно може да си одлучува кој ќе се појави, кој ќе води, пее, кого ќе наградува... Иако, логично би било  да има некаков кодекс, некакви критериуми, пропозиции и правила. Арно Ама, баце Ранко (Петровиќ) најдобро си знае кому што ќе му додели и даде, кого ќе го награди, удостои, увелича, медиумски поттурне, а кого... ќе го прескокне!? И тука нема лутиш, оти нема зашто. Секој има право „на својата журка да си кани свои гости“, освен ако во „журката“ финансиски не партиципираме и сите ние, преку државата со парите од нашите даноци, како што е случајот и со годинешната „Златна Бубамара на популарноста 2024“ која  не добила можеби кој знае колкава сума, но сепак - добила. Е, тука веќе работите се менуваат, зашто „за наши пари“ не можеш да играш само „по свои правила“, туку сепак мора да се почитуваат фактите и објективните околности! Токму затоа Лазаров и Фаци беа толку револтирани, лути и нерасположени што биле „прескокнати и заборавени“, сметајќи дека и тоа како заслужиле годинава да се најдат меѓу сите наградени! Револтот освен во “Без лимит“ поткастот дополнително го потврдија и на социјалните мрежи, каде Лзаров во своите Инстаграм приказни е дециден дека награди се добиваат по заслуга, а ако тие не заслужиле годинава да добијат една „Златна бубамара“, тогаш не знае кој? А, баце Ранко „случајно ги заборави“ или само блиските до себе ги есапи за „на ти го, дај ми го“ награди? Иако... „Редно е да има ред“, нели, како што гласеше еден од годинешните слогани на манифестацијата! Можеби затоа јутјуберот „се закани“ дека на ниту една манифестација  нема да се појави, затоа што според него се...  „фејк“! На крајот колку тажно и да почна, подкастот сепак заврши со иронична насмевка на Лазаров и сочен еротски бакнеж со порака од Фаци, упатени до...? Оние што треба  си знаат, па сами ќе се препознаат! А „Бубамарата“? Кој чека - ќе дочека... Или ќе се изначека. Некои и довека! Фото: youtube/Канал 5/Инстаграм/radiobubamaramk/_lazarovv  ]]>

Во пресрет на 96. доделување на „Оскар“: МОБ за прв пат организира „Оскаровска гала вечер“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-presret-na-96-dodeluvane-na-oskar-mob-za-prv-pat-organizira-oskarovska-gala-vecher/ Sat, 10 Feb 2024 13:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337928

Во пресрет на 96. доделување на наградите Оскар, „Mакедонската опера и балет (МОБ)“ ја организира првата Оскаровска гала вечер во среда, на 28.02.2024 со почеток во 20 часот.

Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Националниот џез оркестар. Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев.

„Низ ова незаборавно филмско - музичко патешествие ќе ве води долгогодишниот коментатор на оскаровскиот пренос, Миланка Рашиќ.

Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на МОБ се: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Дан, Христијан Тоневски…

Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне на црвениот тепих во 19:30 часот.

„Бидете дел од гламурозната прослава на филмската магија и уживајте во песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност“ порачуваат и ве канат организаторите.

]]>

Сѐ е подготвено за „99 Мегастарс“: Ден за музика, награди и незаборавни моменти https://arhiva.vistina.com.mk/s-e-podgotveno-za-99-megastars-den-za-muzika-nagradi-i-nezaboravni-momenti/ Wed, 29 Nov 2023 11:17:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329094

Одбројувањето за „99 МЕГАСТАРС“ почна. Во тек се финалните подготовки пред утрешниот МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“ – денот кога ќе си ги освежиме најубавите музички спомени, но и денот кога ќе споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување... 30 ноември е ден кога среќата ќе биде насекаде а токму таа, исто како и музиката, им дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Затоа подгответе се МЕГАквалитетно и МЕГАуникатно искуство со добра македонска музика и една поинаква, позабавна лотарија − Државна лотарија, којашто за вас ги овозможи Мегавин и „99 Мегастарс “! На 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:00 часот ќе се слави музиката, успехот, ќе се одбележи најновата мегапобеда megawin.мкновата визија, новиот симбол, една убава 15-годишнина, но и пишувањето на новите страници за уште 26 нови среќни приказни од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на мегавин“... Она што треба да го запомните е дека влезници за оваа вечер НЕМА во продажба - единствен начин да се дојде до нив е со регистрација на платформата megawin.mk (пријавувањето за влезница ќе биде возможно до самиот почеток на настанот), а секој оној кој ќе се регистрира на платформа www.megawin.mk заклучно со денес до 23:59 часот ќе учествува и во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“. Вкупниот фонд за награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Наградниот фонд е: 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro и еден автомобил BMW. Првите 50.000 регистрирани на www.megawin.mk добиваат промотивни вредносни ваучери од 100 до 10.000 денари, што ќе можат да се искористат за играње на платформата megawin.mk. Во улога на водители на настанот присутните ќе ги видат неповторливиот Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а како звучеше македонската музика на времето ќе нѐ потсетат: Искра Трпева, Peace Brothers, Куку Леле, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Теа Трајковска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски - Принц... И тоа не е сѐ, освен аудио ве очекува и неверојатно визуелно доживување - бина со големина од 120 квадратни метри, повеќе од 100 квадратни метри ЛЕД екрани, „зелена соба“ со сите изведувачи, а уреден ќе биде и надворешниот дел, односно просторот пред салата – инаку наменет за сите оние кои нема да бидат во можност да влезат во салата. И пред СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат поставени ЛЕД екрани и шатори каде бесплатно ќе се дели топол чај. Настанот ќе биде емитуван и на профилите на социјалните медиуми на Државна Лотарија, како поддржувач на проектот - во чија реализација учествуваат повеќе од 200 луѓе, а дел од dreamream-от се Дарко Панчевски и Емилија Илиевска, проект-менаџериМартин Трпчевски, уметнички директорАлександра Тимковска, лице задолжено за односи со јавностБожидар Божиновски, сценаристЗоран Тошевски, сценографAdvanced Solution Group - Маркетинг кампања и Ангелина Китановска, стилист. Најголемиот пријател Државна лотарија за оваа вечер вели дека е влог во заедничката среќа, затоа не пропуштајте ја можноста - дојдете утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:00 часот - зашто не е ин само да се биде фин, туку ин си ако се регистрираш на Мегавин“...  ]]>

МАН додели признанија на долгогодишни истакнати професионалци во новинарството (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/man-dodeli-priznanija-na-dolgogodishni-istaknati-profesionaltsi-vo-novinarstvoto-foto/ Wed, 06 Sep 2023 08:36:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316859

На изборното Собрание на МАН кое се одржа вчера, вторник, 05 септември 2023 год. во хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје, со одлука на Извршниот и Надзорниот одбор, беа доделени посебни признанија на долгогодишни истакнати професионалци во новинарството. Во разни години, различни медиуми трпеле политички или економски притисок, а успеваат да останат на нозе и да продолжат да работат. Последните години пример за притисок е Алфа ТВ. Заслугата за тоа што тие и покрај сето тоа успеваат да бидат во врвот на македонското ТВ новинарство е тимска, но како награда за целиот тим ние во МАН ја издвојуваме Искра Коровешовска, главен уредник во најголем дел од тој тежок период со наградата за автентичност и самостојност во ТВ новинарството, во свое име и за целиот им на Алфа. Генерално телевизиите произведуваат програма. Оваа и ланската година највпечатлив производ од продукцијата на македонските телевизии е ТВ серијата “Бистра Вода“ на Алфа ТВ. Во таа тимска работа издвојуваме двајца маѓионичари, врвни професионалци, без кои оваа серија немаше да биде тоа што го видовме. Затоа, две награди за оние кои за серијата го создадоа крајниот, финалниот впечаток. Игор Василев – награда за музика за ТВ серијата “Бистра вода“. Валентин Видовиќ – награда за перфектна тонска обработка за ТВ серијата “Бистра вода“. И секако за Јани Бојаџи – награда за најдобра продукција, сценарио и режија за серијата “Бистра Вода“. Независните и комерцијални медиуми се појавија во деведесетите и создадоа нов информативен и демократски простор. Во основањето и развојот на комерцијалните медиуми, во оваа прилика издвојуваме шест професионалци кои имаат посебен придонес како одновачи и децениски уредници на главни македонски медиуми. Драган Павловиќ Латас, основач и главен уредник на Радио Вокс, на дневниот весник Вечер 7 години и ТВ Сител 22 години, а исто така и основач на МАН и 12 години генерален секретар на организацијата. Бранко Героски, еден од основачите и главен уредник на весникот Дневник, водечки дневен весник во Македонија додека постоеше. Автор на Тв емисии на А1 ТВ, основач и уредник на неколлку неделни изданија, а и на весникот Слободен печат, како и основач на порталот Плусинфо. Николина Јакимова, директор на Метрополис, најголемата радиска групација која според МАН остава најдлабок печат како групација во слободниот радиски простор. Во оваа група, како долгогодишни професионалци, но и главни уредници на најтиражните дневни весници во Македонија се: Предраг Димитровски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата. Дарко Јаневски – награда за долгодишен придонес за професионално информирање и стандарди во професијата Наташа Хаџиспиркоска Стефанова – награда за професионални стандарди во новинарството во областа на економијата Извршниот и Надзорниот одбор на МАН и благодарат на Канал 5 ТВ, особено на директорот Иван Мирчевски, кој даде целосна и несебична поддршка заедно со МАН да ја организираме хуманитарната акција за помош на настраданите по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Канал 5 – награда за општествена одговорност и хуманост по земјотресите во Турција. А бидејќи успеа да освои и повеќе меѓународни награди во промоција на македонската култура и националите интереси, МАН му доделува признание на Иван Мирчевски, директор на Канал 5 ТВ. Новинарството не е само политика, туку е и култура во која спаѓа и фимската, телевизиската продукција, но и забавата и естрадата.   Посебно признание од МАН  доби и уредникот на нашиот портал Вистина.ком.мк -  Антонио Димитриевски – ТВ и радио водител, новинар и уредник  за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура, естрада и забава во новинарството.     Како и Јована Стојменовиќ – за долгогодишен придонес и афирмација на македонската култура и забава во новинарството. Марина Ристевска – доби награда за најдобар снимател/камерман во Македонија, како првото женско-снимател во независна Македонија, која го отвори патот за други колешки кои сега се сниматели или камермани. Таа несебично работеше во многу кризни ситуации, како што беше состојбата во 1999 година и војната 2001 година. Матеја Петровски – награда за најдобар репортер во Македонија, кој поставува вистински прашања, на вистински теми за да им ја пренесе вистината на гледачите и читателите.    ]]>

Многу вредни награди во финалето на македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ https://arhiva.vistina.com.mk/mnogu-vredni-nagradi-vo-finaleto-na-makedonskoto-muzichko-talent-shou-novi-i-mladi/ Mon, 26 Jun 2023 10:30:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307707

Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ се приближува кон крајот, односно  до своето финале чие снимање е закажано за 4-ти јули. Победниците ќе бидат богато наградени и тоа за прво место парична награда плус австралиска турнеја, за второто и третото место исто така се предвидени парични награди, како и снимање на авторски песни, и доелување на признанија. На дел од финалистите ИН ТВ - Австралија ќе им понуди потпишување ексклузивни договри, а сето ова ќе го гледаме во финалето на македонското талент шоу, во кое се пее исклучиво на македонски. Оваа сезона има натрпеварувачи и од Германија и Албанија, а намерата е зачувување на македонската песна и култура. Во шоуто имаат право да се пријават учесници од сите националности, но услов е да се пее исклучиво на македонски. Организатори на ова големо талент шоу се ИН продукција и ИНТВ - Австралија.]]>

Наградата „Менада“ на „Танц Фест 2023“ за универзитетите „Кодартс“ од Ротердам и „Гоце Делчев“ од Штип https://arhiva.vistina.com.mk/nagradata-menada-na-tants-fest-2023-za-univerzitetite-kodarts-od-roterdam-i-gotse-delchev-od-shtip/ Thu, 30 Mar 2023 12:19:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295876

Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам, Холандија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се добитници на наградата „Менада“ за 2023 година за поддршка на современиот танц која традиционално ја доделува Танц фест, соопштија од Бордот на Фестивалот. Интерарт културниот центар со Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам соработува 15 години и со новна поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава, а Универзитетот „Гоце Делчев“ во 2017 година ја вдоми Катедрата за современ танц. Бордот на фестивалот, во своето образложение вели:
„Сметаме дека е исклучително значајна работата на двата универзитета, нивниот сенс и однос кон современата култура, со посебен акцент на квалитетот на наставата, извонредната продукциска програма која им ја овозможуваат на студентите. Академијата за современ танц при Кодартс универзитетот во 2008 година потпиша Меморандум за соработка со Интерарт културниот центар и Рисима Рисимкин, со која во 2010 започна со работа Скопје танцовата академија, прва образовна програма на универзитетско ниво за современ танц во земјава. Оваа соработка, во која КОДАРТС за прв пат во својата историја, долга преку 80 години постоење, дозволи споделување на наставните програми на универзитетот, беше поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Со тоа се овозможи исклучителен развој на млади уметници, танчери и кореографи, кои кај нас се едуцираат на европско ниво, а програмата привлекува и странски студенти. Оваа програма е прогласена за најдобар проект кој Амбасадата на Кралството Холандија го поддржала во областа на културата кај нас“. Според образложението, Универзитетот „Гоце Делчев“ покажа исклучително чувство за уметничките современи форми и даде своја поддршка за развојот на современиот танц во земјава, преку оформување на Катедрата за современ танц на Филмската академија, програма која беше поставена во соработка со Холандија. „Во заеднички заложби со професорката Рисимкин, се обезбедија и просторни услови и катедрата работи во просториите на Домот на АРМ во Скопје, со што се заокружува формирањето на оваа програма. Студентите на Катедрата за современ танц својата пракса ја изведуваат во рамки на програмата и продукциите на Скопје танцовиот театар, со што се дел од висококвалитетни продукции и настапуваат во земјава и на интернационално ниво. Кодаратс танцовата компанија, работи во соработка со еден од најзначајните светски танцови фестивали и гостува низ Холандија и на интернационално ниво.
Наградите ќе се доделат на 4 април, во 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, на свеченото отворање на фестивалот Танц Фест 2023 на кое ќе се изведе претставата на Кодартс танцовата компанија „Таленти во движење“ и кое се одржува во чест на 30 години дипломатски односи со Холандија!

Беспрекорна елеганција: Сите зборуваат за изгледот на сопругата на Меси на ФИФА наградите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/besprekorna-elegantsija-site-zboruvaat-za-izgledot-na-soprugata-na-mesi-na-fifa-nagradite-foto/ Wed, 01 Mar 2023 11:31:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291193

Со големо нетрпение се чекаше доаѓањето на Антонела Рокузо и Лионел Меси на доделувањето на наградите на ФИФА во Париз. Кодексот на облекување на церемонијата беше црн, а Антонела изгледала одлично во едноставен долг црн фустан со шлиц, а вамп ефект постигна со црвен кармин. Таа донела и интересен модел на чанта што одлично се совпаѓа со бојата на розите, а дизајнот имитирал изглед на раскошен цвет. Многу популарни се чантите во оваа боја, покрај овие цветни модели се носат и оние во облик на срце.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Светските медиуми пишуваат дека елегантниот фустан на Антонела е со вредност од 12.570 евра, додека нејзината чанта е вредна 4.950 евра. Меси ѝ парираше во црн елегантен костум. Кога станува збор за неговиот стил, блескавите детали се неизбежни.
 
За славната двојка ова беше прослава на вечерта бидејќи Аргентинецот беше прогласен за најдобар светски фудбалер во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). фото:Инстаграм принтскрин]]>

Емина Јаховиќ се појави на MAC наградите и јавно потврди дека е заљубена, а кога ја прашаа за Мустафа Сандал… https://arhiva.vistina.com.mk/emina-jahovik-se-pojavi-na-mac-nagradite-i-javno-potvrdi-deka-e-zalubena-a-koga-ja-prashaa-za-mustafa-sandal/ Thu, 26 Jan 2023 12:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285945

Емина Јаховиќ се појави во МАC, а пред припадниците на седмата сила го покажа новото издание. Според многумина, убавата пејачка никогаш не изгледала подобро, а на овој гала настан блесна во необичен костум со принт на зебра. Сите погледи беа вперени во неа. Покрај нејзиниот стајлинг, нејзиното ново издание привлече око на многумина, а некои мислеа дека лицето на пејачката е поинакво. Пред почетокот на настанот, таа на толпата им откри дека е заљубена. - Заљубена сум! Секогаш сум заљубена – откри пејачката пред камерите на доделувањето на музичките награди. Меѓутоа, едно прашање не и одговарало, а било поврзано со нејзиниот поранешен партнер Мустафа Сандал. Таа конкретно им кажа дека не сака да го споменува. фото:Инстаграм принтскрин/Емина Јаховиќ]]>

„Мовембер“ – традиционално бербер шоу на фризери и бербери на град Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/movember-tradicionalno-berber-shou-na-frizeri-i-berberi-na-grad-skopje/ Tue, 08 Nov 2022 10:39:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274840

Биди фраер со мустаќи и брада и освој вредни награди! Со доаѓањето на ноември пристигнува и највозбудливиот настан во месецот за мажите -„Мовембер“ традиционалното БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАД СКОПЈЕ во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот. „Момчиња, имате точно десет дена да пуштите брада и се вклучите во најмажествената битка на годината“! Секцијата на фризери - Скопје и Скопје Сити Мол ве канат масовно да се вклучите во богатата програма за одбележување на месецот на машкото здравје со многу интересни и едукативни содржини. „На пиедестал ќе ги претставиме мајстори бербери од целата земја, кои ќе се погрижат за вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени мустаќи и бради . „Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и мустаќ, а потоа да “паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија. На тројцата со најдобро обликувани мустаќи ќе им бидат доделени вредни награди. И тоа не е сѐ! Неделната дружба е надополнета со моторџиска изложба, а веднаш потоа и драматичниот избор на најдолг мустаќ. Забавата ќе продолжи во Play Caffe“ - порачуваат организаторите. ]]>

29-то издание на „Охрид фест“: Фестивалска еуфорија и добро расположение https://arhiva.vistina.com.mk/29-to-izdanie-na-ohrid-fest-festivalska-euforija-i-dobro-raspolozenie/ Fri, 02 Sep 2022 08:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265182

Вечерва и утре, (2 и 3 септември) е планирано да се одржи 29-тото издание на „Охрид фест“. Се' е подготвено, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, изведувачите се пристигнати, па и покрај дождливото време, владее вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение. Директниот пренос го прави МТВ, па така вечерва, петок- од 20,15 ч на првиот канал на МТВ ќе се пренесува Фолк вечерта, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. За да се биде како што треба ќе се погрижи Каролина Петковска, домаќин на оваа специјална музичка ноќ, што е вистинска причина ТВ гледачите го проследат фестивалот. Во втората, Интернационалната вечер, сабота, на 3 септември, домаќините Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе ги претстават сите учесници: ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот како омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција. Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток. Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ. За преносот на фестивалот покрај националниот сервис,  големиот интерес  поокажаа и странските телевизии кои го пренесуваат фестивалот, па така „Охрид фест“ ќе се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на „Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Вижн, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал на МТВ кој може да се проследи и во Америка и Канада. Затоа „Охрид- фест“ ве повикува  да гледате, слушате и уживате!]]>