награда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Dec 2023 23:39:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png награда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на фестивал во Њујорк https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-film-m-na-vardan-tozija-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-film-na-festival-vo-nujork/ Fri, 08 Dec 2023 19:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330430

Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“. -Воодушевен сум што ја примам наградата за најдобар филм на годинешното издание на „Dances with films“ во Њујорк. Претставуваше голема чест и уникатно искуство да се биде дел од официјалната селекција на овој исклучителен фестивал, со креативни и бескомпромисни филмски автори, на настан што прерасна во двигател на американскиот и интернационален филмски дух, вели режисерот Вардан Тозија, кој во Њујорк лично ја прими наградата. Фимот „М“ на овој фестивал ја имаше американската премиера. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу „десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за „лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како „нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“. -Уникатно воден филм со динамичен емотивен импакт, „М“ е спектакуларно достигнување во меѓународната филмска соработка, стои во официјалното образложение на Фестивалот. Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму во официјалната селекција на овој фестивал ја претстави македонската кинематографија пред американската публика. По премиерата се одржаа дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.]]>

Македонската спортска новинарска легенда Зоран Михајлов на СП во Будимпешта доби животна награда, која посебно го трогна и неговиот син Горазд: „Честито и ти благодарам од срце царе…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-sportska-novinarska-legenda-zoran-mihajlov-na-sp-vo-budimpeshta-dobi-zhivotna-nagrada-koja-posebno-go-trogna-i-negoviot-sin-gorazd-chestito-i-ti-blagodaram-od-srtse-tsare-foto/ Thu, 24 Aug 2023 07:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315080

Легендарниот македонски спортски новинар и спортски коментатор, Зоран Михајлов, е еден од годинешните добитници на наградата за популаризација на атлетиката, која традиционално ја доделува Светската новинарска асоцијација (АИПС).
Ова огромно признание, кое се доделува на новинари кои известувале на најмалку десет Светски првенства (СП), на популарниот Зоки му беше доделено во Будимпешта, каде во моментов се одржува СП во атлетика  кое  започна на 19-ти август и ќе трае до 27-ми август 2023 година. Михајлов беше долгогодишен спортски новинар и ТВ коментатот во МТВ, како и поранешен уредник на спортската редакција во Македонската телевизија , а по официјалното пензионирање има работено на многу други новинарски проекти, како на телевизија и на радио така и во печетените медиуми. Тој беше редовен известувач и коментатор на летните и зимските Олимписки игри во последните 40-тина години, како и на сите позначајни атлетски, пливачки и боречки манифестации. Повозрасните паметат  дека Михајлов во младоста бил одличен атлетичар, државен рекордер и првак на Македонија и на поранешна СФРЈ, а активно играл и кошарка. Неговиот син, некогашниот македонски фудбалер, сега познат фудбалски тренер Горазд Михајлов на својот Фејсбук профил ја обзнани веста, споделувајќи неколку фотографиии и статус во кој со гордост му го честита ова високо и престижно признание на својот татко и негов спортски идол: „Денеска во Будимпешта, за време на Светското првенство во атлетика, мојот татко-идол доби награда за афирмација на светската атлетика во последните 40 години. Царе, уште еднаш честитки наградата која секако ја заслужи, пред се со твојот професионален пристап, посветеност и љубов кон атлетиката. Самиот факт дека ја добиваш од Светската атлетска асоцијација и светските спортски новинари, тежината е уште поголема. Да се ​​добие ваква престижна награда од светската спортска икона Хавиер Сотомајор,  кого во минатото си го коментирал со епитети, е сатисфакција за твојот труд, почит од светот и секако за целиот живот штотвориш и известуваш од вакви големи настани и секогаш го правиш тоа со срце и неизмерно ја презентираш МАКЕДОНИЈА каде и да си на земјината кугла... Горд сум на тебе и сите овие твои признанија ме тераат да продолжам да се докажувам и да успеам во животот, но тоа не би било возможно без твојата поддршка, ти благодарам од срце...“ - напиша Горазд Михајлов во својот Фејсбук статус, со воодушевување искажувајќи огромна почит и пиетет кон сојот родител, но и негов спортски идол. За ова престижно признание, честитки и од нашата редакција за колегата, македонската спортска,  новинарска и коментаторска легенда, Зоран Михајлов!
]]>

Синот на Драган Бјелогрлиќ го направи татка си горд, а тој мораше да се пофали јавно (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-dragan-bjelogrlik-go-napravi-tatka-si-gord-a-toj-morashe-da-se-pofali-javno-foto/ Thu, 17 Aug 2023 11:21:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314135

Синот на Драган Бјелогрлиќ, Алексеј, како што на сите им е познато, тргна по стапките на својот татко, а иако можеби не го сакаше тоа во толкава мера, брзо стана интересен за тамошната јавност. Младиот актер, кој заврши гимназија во Белград и се запиша на актерска игра на Факултетот за драмски уметности, веќе извесно време постигнува успеси на домашната актерска сцена, а иако избра јавна професија, тој многу вешто ги избегнува јавните настани и има ретки ситуации кога се согласува на интервјуа. Синот на Драган Бјелогрлиќ важи за голем заводник кој покрај актерскиот талент наследил и шарм и харизма од својот татко, а многумина се согласуваат дека Алексеј е неговиот лик и улога, па многумина го нарекуваат Бјело на новата генерација. И покрај сето тоа, популарноста на младиот актер изгледа не го радува претерано, тој е фокусиран на кариерата, па фотографии од сет најмногу споделува на Инстаграм. - Не се чувствувам дека сум познат, ако чувствувам дека сум познат, не си го припишувам тоа на себе, туку на моето презиме, за жал е така, и не сум премногу среќен поради тоа, но јас се справувам со тоа, се справувам со гордост - еднаш рече Алексеј дека ќе мора да почне да си припишува голема слава на себе и на неговите напори. Напорната работа што синот на Драган Бјелогрлиќ ја вложува за да ги постигне сите деловни успеси вроди со плод. Минатиот викенд на 29. Сараевски филм фестивал беа доделени награди во категоријата серија, а за најдобра комедија беше прогласена серијата „Мама и тато играат војна“ на Гордан Кичиќ, која ги освои сите симпатии на публиката и жирито и доби дури шест награди. Токму Алексеј доби признание за улогата на Марк, му беше доделена наградата „Ѕвезда во подем“ во категоријата комедија, а радоста за успехот на синот Бјела ја сподели на „Инстаграм“. Кратко и јасно „Браво“ беше доволно секој да ја разбере гордоста во срцето на татко му додека гледа како неговиот наследник ги остварува своите соништа. фото:Инстаграм принтскрин/АТА Images]]>

Калиопи стана „Накси ѕвезда“ и се заблагодари на наградата што ја освои: „Во театарот Теразие се спушти ѕвезденото небо и блескаше“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-stana-naksi-zvezda-i-se-zablagodari-na-nagradata-shto-ja-osvoi-vo-teatarot-terazie-se-spushti-zvezdenoto-nebo-i-bleskashe-video/ Fri, 09 Jun 2023 08:19:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305608

Македонската поп дива Калиопи Букле беше дел од музичките ѕвезди кои ги собраа наградите од гласањето за „Накси ѕвезда“ на „Накси радио“. Заврши гласањето за „Накси звездите“, а свеченото прогласување на победниците беше објавено на 8 јуни во театарот Теразие. Гласањето за годинешната „Naxi“ ѕвезда започна уште на  15 мај, во понеделник од 10 часот и траеше до 8 јуни, а публиката преку специјално креираната платформа можеше да гласа за своите омилени автори и изведувачи. Оваа година слушателите можеа да гласаат за своите фаворити во шест категории: Песна на годината, Пејачка на годината, Пејач на годината, Албум на годината, Музичка соработка на годината и Концерт на годината. Покрај категориите во кои победниците ги избираа исклучиво слушателите на „Naxi Radio“, по избор на редакцијата на радиото беа доделени  награди и во следните категории: „Naxi Star“ за сите времиња, „Naxi Star“за Извонреден придонес во музиката, „Naxi Star“ за продуцент , „Naxi Star“ за најдобро стилизирана музичка ѕвезда и  „Naxi Star“ за проект на годината која и припадна на македонската поп ѕвезда Калиопи за дует песната „Знам“ заедно со нејзиниот драг колега и пријател Жељко Самарџиќ. На социјалните мрежи Калиопи објави дел од свеченото деделување на наградата и покажа колку е воодушевена и благодарна: - Награда за музички проект на годината ... Благодарам „Naxi“ радио! Вчера во театарот Теразие се спушти ѕвезденото небо и блескаше ... Благодарам за вечноста... Ваши Калиопи и Желко - напиша таа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Неколку часа пред да ја добие наградата, Калиопи напиша емотивна порака заедно со видеото од подготовките на „Знам“ и упати благодарност до сите кои беа дел од создавањето на песната. - Некои моменти значат вечност, а некои песни траат и по таа вечност... такво беше и создавањето на „Знам “... Благодарност до сите оние кои беа дел од ова парче живот кое трае и ќе трае...
 
Честитки!   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Накси Медиа]]>

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ https://arhiva.vistina.com.mk/svecheno-vrachuvane-na-nagradata-roman-na-godinata/ Mon, 29 May 2023 12:25:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304133

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината” за 2022 година ќе се одржи утре, вторник (30 мај) во Музејот на современата уметност во Скопје, со почеток во 20 часот. Лауреат на наградата е романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени” од Влада Урошевиќ, а во издание на „Арс Ламина”. Наградата „Роман на годината”, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”, годинава ќе биде врачена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка (авторство на скулпторот Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари. На Свеченото врачување ќе настапи и џез бендот на Гоце Стефковски.]]>

Навала од следбеници на профилот кај Кристина Димитри: Стотици девојки и жени во трка по примамлива награда – еве и што… (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/navala-od-sledbenitsi-na-profilot-kaj-kristina-dimitri-stotitsi-devojki-i-zheni-vo-trka-po-primamliva-nagrada-eve-i-shto-foto/ Wed, 29 Mar 2023 07:45:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295544

Кристина Димитриевска, мисица, модел, фитнес инструктор, пејачка, инфлуенсерка, покрај толку свои ангажмани веќе секојдневно ја гледаме за ова или она, што на социјалните мрежим, а и во медиумите. Пред некое време ја следеше префиксот бившата на Кајмакоски, но полека полека почнува да биде препознатлива сама по себе. Доста следбеници има и на својот профил на Инстаграм, како од посилниот, така и од понежниот пол чиј број деновиве порасна.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Причина за ова е наградата или популарно наречениот „giveaway“ за хијалуронски усни кој Кристина заедно со своите соработници доделува на една среќна добитничка. Ги постави правилата за учество, а со тоа забрзано почна да се зголемува бројот на следбеници кои оставија коментар во трка по наградата.
 
Кристина евидентно е љубител на волуменозни усни кои редовно ги „пумпа“, а очигледно според навалата на нејзиниот профил, се повеќе дами сакаат да бидат со визулено поголеми усни. Во денешно време естетските трендови преминаа кон конформизам кај понежниот пол од кој ретко има отстапки, а се повеќе девојки и жени не можат да одолеат на естетските и козметичките корекции на лицето и телото.
 
На едни ова им се доапаѓа, на други не, па тежнеат кон природното, трети пак се држат до се’ она што е во границите на умереноста. Сепак, секој има право на свој личен избор, ставови и постапки на дело. Во случајов едно е јасно, среќната добитничка меѓу стотиците унеснички во наградната игра на Кристина Димитри ќе биде навистина многу среќна. фото:Инстаграм принтскрин/Кристина Димитри]]>

На Лејди Гага и ги украдоа кучињата пред две години, а сега дури треба да плати и отштета (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-lejdi-gaga-i-gi-ukradoa-kuchinata-pred-dve-godini-a-sega-duri-treba-da-plati-i-otshteta-foto/ Mon, 27 Feb 2023 12:12:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290786

Џенифер Мекбрајд ја тужи пејачката Лејди Гага затоа што го прекршила ветувањето дека ќе понуди награда од 500.000 долари за да ги најде нејзините кучиња откако и биле украдени пред две години, пишува TMZ. Џенифер тврди дека Лејди Гага јасно ставила до знаење дека „без прашање“ ќе плати голема сума доколку нејзините кучиња бидат вратени неповредени. Пејачката во февруари 2021 година најави дека ќе понуди награда доколку и ги вратат кучињата Коџи и Густав, но Џенифер вели дека ги вратила кучињата на 26 февруари 2021 година, два дена откако биле украдени и не ја добила наградата што ја добила Лејди Гага.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Иако Гага понудила половина милион долари за наградата, Џенифер сега бара отштета од 1,5 милиони долари од пејачката поради наводно објавување на погрешна награда. Пејачката се уште не се изјаснила за овие наводи. Мекбрајд, инаку, наводно била во врска со таткото на еден од луѓето одговорни за нападот на шетачот на кучињата на Гага, Рајан Фишер. Таа доби двегодишна условна казна.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Да потсетиме, на 24 февруари 2021 година, Рајан Фишер ги шеташе трите кучиња на Гага во Лос Анџелес кога неколку мажи го нападнаа и му ги украдоа двете миленици на пејачката. Притоа, Фишер бил застрелан во градите и завршил во болница. За среќа, тој преживеа. Џејмс Хауард Џексон, кој беше идентификуван како главен виновник, се изјасни дека не го оспорува обвинението за обид за убиство. Тој доби 21 година затвор. фото:EPA/Instgram]]>

Милица Павловиќ најавува помирување со Ана Николиќ? https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-pavlovik-najavuva-pomiruvane-so-ana-nikolik/ Fri, 27 Jan 2023 12:33:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286210

Милица Павловиќ била во Радио С3 за да добие дури 2 годишни награди за: најголем хит (Проверено) и најдобар дует (Шечеру). Таа ја најави американска турнеја но, откри и  шокантна информација. Павловиќ изјавила дека за нејзината турнеја е задолжен родениот брат на Ана Николиќ, Марко! Милица вели: Ќе работиме, јас сум добар човек. На прашањето на водителката на Радио С3 дали ова значи помирување со Ана Николиќ, таа само одговори: Па, сите луѓе секогаш сакаат да работат со најдобрите!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Radio S3 (@radio_s3)

„Бора – Чорба“ се обрати до јавноста: „Штом умрам, отворете музеј“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bora-chorba-se-obrati-do-javnosta-shtom-umram-otvorete-muzej-foto/ Thu, 26 Jan 2023 12:41:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285990

Познатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на бендот „Рибља чорба“ на овогодинешниот MAC настан ја понесе награда за најдобар кантавтор на годината. По настапот Бора - Чорба разговараше со членовите на седмата сила за неговото здравје. Добро е, добро е. Овде сум затоа што ова е сепак одличен фестивал, се што е можно телевизијата... има одредена важност. Еве и ние старите да добиеме награда! Сакам да собирам вакви признанија, важно е, а секој што вели дека не е лаже - изјави Бора Ѓорѓевиќ по добивањето на признанието за придонес во музиката, а на прашањето дали има посебно место каде што носи награди, во свој стил низ смеа рече: - Еве, штом умрам, се отвара мој музеј! Ќе отвориме музеј и ќе видите - рече Бора Чорба. Да потсетиме, Бора извесен период се мачеше со здравствени проблеми, по што реши да направи медиумска пауза, а судејќи по вечерашниот настап, се чини дека сега се е во најдобар ред со рокерот. Фото: Принтскрин/Агенције/Танјуг]]>

„Дојде моето време“ – Зорица Брунцлик се пофали со награда за која кружат приказни дека е наместена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-moeto-vreme-zoritsa-bruntslik-se-pofali-so-nagrada-za-koja-kruzhat-prikazni-deka-e-namestena-foto/ Wed, 18 Jan 2023 10:44:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284780

Зорица Брунцлик  на манифестацијата „Балкански награди“ ја прими наградата за концерт на годината, а сега ни откри дали има вистина во приказните дека ваквите награди се наместени. - Наградите се наместени? Па, секој што не освоил награда има право да се лути! Така велев пред години, кога слушам, читам кој добил нешто, а јас не... Мислев некаде дека треба да добијам. Потоа застанав, си велам - да треба, ќе добиев. Причината зошто не  добивав е ирелевантна во овој момент. Да се ​​трујам со тие приказни за местење, но добро... знате , тој што не добил има право да се лути! Дојде време моето време! – изјавила Зорица Брунцлик. Фото: Принтскрин/Рингиер]]>