Надица Петрова и Бонита Стеви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Apr 2023 12:05:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Надица Петрова и Бонита Стеви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Girls Night“ – музички спектакл на четири млади актерки во „Јавна соба“ https://arhiva.vistina.com.mk/girls-night-muzichki-spektakl-na-chetiri-mladi-akterki-vo-javna-soba/ Wed, 12 Apr 2023 12:05:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298002

Актерките Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток 13. април во 21 часот во „Јавна соба“ организираат невиден диско перформанс кој е фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде што публиката не престанува да игра, се смее и забавува. Младите актерки прават спој на театарска глума и музичко сценски настап преместувајќи го вешто тежиштето на забавата од театарски перформанс кон музичко забавен. При осмислување на проектот актерки си го поставија прашањето: Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во Диско ерата на 70-те и 80-те?“ Актерки со своите извонредни перформанси успејаа многу вешто да го осмислат целиот двочасовeн програм со цел публика да заминe од „Јавна соба“ срeќна, весела и со желба за повторно видување. Со овој пионерски проект независните актерки истапуваат на слободниот пазар-јавноста, по моделот на „Broadway Theater”, каде успехот е гарантиран исклучиво доколку персормансот е прифатен од публиката и се бараат повеќе настапи. Ова е вистински рецепт за окрупнување на независната културна сцена, за кое многу институции говорат, а малку реализираат. Билетите за настанот се купуваат во „Јавна соба“. „Girls Night“ нуди незаборавна забава за сите љубители на добра музика и добар перформанс. Организаторите најавија „Треска на четврточната вечер“, ќе биде „многу, многу добро“ со зборовите на мајката кралица Дона Самер. Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на „Јавна соба“.  ]]>