нада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 08:54:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андријана Јаневска со стихови и фотографии се потсети на нејзината почината мајка: „Секое изгрејсонце ликот твој го има…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-so-stihovi-i-fotografii-se-potseti-na-nejzinata-pochinata-majka-sekoe-izgrejsontse-likot-tvoj-go-ima-foto/ Wed, 13 Dec 2023 07:40:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330875

Една е мајка... И нема ништо поблиско од неа, од онаа која те родила и донела на овој свет. Најблиските можеби само физички заминуваат од нас, но затоа секогаш остануваат во нас, во нашите души и срца, продолжуваат вечно да живеат во нашите сеќавања. Андријана Јаневска пред  пет години ја загуби најважната жена во животот – нејзината мајка Нада. Таа почина на 62 години од мозочен удар, а во една прилика пејачката истакна дека немала време да се прости од неа бидејќи нејзината смрт била ненадејна. Кон крајот на 2020 та година, Јаневска ја објави песната „Летај“  посветена на нејзината покојна мајка, која тогаш реши да ја промовира токму на нејзиниот роденден. „ Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа“ - ијави во една прилика  Јаневска. Сега, пет години од заминувањето на нејзината мајка Нада, Андријана во својата прошетка по помените со неколку фотографии одново се потсети на неа, а наместо песна овој пат и посвети стихови... „Веќе петто лето, петта зима, Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа, секое изгрејсонце ликот твој го има, во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам“. „На мајка ми Нада“ - напишала пејачката, виолинист и музички педагог покрај објавата! Како потсетување на она што како музика и стихови го создададе и отпеа Андријана Јаневска во спомен на нејзината мајка, но и за сите оние кои ги изгубиле своите најмили, за сите срца скршени од болка, нејзината акустична балада со посвета,  „Летај“... Фото: Инстаграм/andrijana_janevska
]]>

Андријана Јаневска со музичка посвета за загубената мајка… својата, но и сите други со – „Летај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/183296/ Wed, 30 Dec 2020 10:10:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183296

Пејачката Андријана Јаневска за крај на 2020-та година, пред само неколку дена ја промовираше песната „Летај“, чиј комплетен автор (музика, текст и аранжман)  е самата таа. Песната е снимена во семејното студио “Гиновски”, а за потребите на истата Андијана ја отсвирела и виолината, додека нејзиниот сопруг, гитаристот  Драган Гиновски ја отсвирел соло гитарата. „Песната е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Денес ѝ е роденден и затоа одлучив песната да ја промовирам токму денес. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста“ - напиша  Андријана во споделениот пост покрај видеото за песната. Ова е една од оние длабоко емотивни песни кои слушајќи ги сакале или не ќе пуштите солза. Во продолжение, преслушајте најновата песна на Андријана Јаневска, а истовремено, погледнете го видеото направено од Николина Јаневска, со кое е визуелизирана темата „Летај“. https://www.youtube.com/watch?v=hTbIHFhNvsI]]>

Осамнаа досега невидени фотографии на Џеј: Пејачот како дете, со Цеца пред да станат славни, на свадбата со неговата бивша сопруга Нада, но и со нашиот Тоше! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/osamnaa-dosega-nevideni-fotografii-na-dzej-pejachot-kako-dete-so-ceca-pred-da-stanat-slavni-na-svadbata-so-negovata-bivsha-sopruga-nada-no-i-so-nashiot-toshe-foto/ Thu, 17 Dec 2020 09:53:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181327

Откако Џеј Рамадановски почина во својот стан во Дорќол,  тагата по него не стивнува. зад себе остави голем број хитови кои го направија славен и популарен, тој беше познат и по своите добри дела, за што беше неизмерно сакан, а по смртта и така достоинствено испратен. Иако важеше за голем шмекер и боем од Дорќол,  за време на својот живот, Џеј често зборуваше за неговата поранешна сопруга Нада, со која има две ќерки - Ана и Марија. Тој не престана да раскажува колку многу ја сакал, па дури и дека го истетовирал нејзиното име на раката. Нада речиси никогаш не се појави во јавноста, сè до погребот на пејачот. По неговото заминување, осамна и неколку досега невидени фотографии, меѓу кои и онаа направена на нивната венчавка. Невестата блескала во венчаница и бисери околу вратот, додека Џеј носел сив костум и пеперутка-вратоврска околу вратот. Покрај оваа, можеби најинтересни се уште две-три малку познати фотографии од животот на пејачот. Едната од младоста, од почетоците на кариерата направена заедно со фолк дивата Цеца, кога обајцата се' уште не биле толку популарни, познати и славни. Втората, направена во некој белградски локал заедно со нашата музичка легенда, нашиот ангел Тоше. И онаа црно-белата, од најраното детство, кога малиот пионер Џеј настапувал во училиштето, уште тогаш покажувајќи го својот талент за музика на една приредба. Фото: Инстаграм принтскрин/estradnimuzickivremeplov]]>