нада димитријевиќ. дј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Aug 2020 12:41:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нада димитријевиќ. дј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Продолжуваат Intermezzo Music Rituals забавите: Нада Димитријевиќ, девојката која потпетиците ги чува како експонат на диџеј пултот, гостува во Скопје! https://arhiva.vistina.com.mk/prodolzuvaat-intermezzo-music-rituals-zabavite-nada-dimitrijevikj-devojkata-koja-potpeticite-gi-chuva-kako-eksponat-na-didzej-pultot-gostuva-vo-skopje/ Thu, 06 Aug 2020 12:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162190

 Овој петок е резервиран за старт на вториот дел од летната сезона и новиот серијал од Intermezzo Music Rituals забавите. За добрата журка со својот музички сет ќе се погрижи девојката во чии вени тече музика, талентираната Надежда Нада Димитријевиќ од Белград. Нада кариерата почнува да ја гради уште од дете, трагајќи по инспирацијата што ја има денес. Почетоците во музичкото училиште, отсек - пијано и модната сцена на која се наоѓа уште од 2009 година ја издигнуваат високо на пиедесталот на артистите кои доаѓаат од соседна Србија. Има настапувано рамо до рамо со ред музички ѕвезди како Gregory Porter, Robert Glasper, JAZZANOVA, Paul Randolph, Hindi Zahra, Incognito, The Brand New Heavies, Mario Biondi, Jose James, Sean Kuti, Meshell Ndegeocello, Liv Warfield, Keziah Jones, Bebel Gilberto... кои имале огромно музичко влијание врз нејзината понатамошна кариера. Како артист се појавува на многу значајни сцени во Европа, односно има настапувано на фестивали како што се Exit - Urban Bug stage, DEV9T во Словенија... Бележи настапи и во Хрватска, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Германија, Израел… Нејзините музички сетови изобилуваат со мелодични звуци и опфаќаат повеќе жанрови како дип хаус, минимал хаус, техно, тех хаус. Нада или Надежда Димитријевиќ од 2018 година е резидент диџеј во култниот Ben Akiba Club во Белград, а токму ова нејзино музичко резиме беше поттик за тимот на Intermezzo Music Bar таа да застане зад пултот во вечерта со која ќе биде означен стартот на вториот дел од сезоната. - Не се продавам за треш музика, попрво ќе работам три работи, отколку да ја трујам масата со лоша музика, вели Нада, девојката која освен зад диџеј пултот често ја има и на модните ревии. Важи за девојка која знае што сака, а што не и има храброст потпетиците место на нозе да ги држи како експонат на диџеј пултот. И она што е најважно, велат од првиот и единствен музички бар во земјава, забавата ќе биде со ограничен број на гости и организирана според протоколот и препораките од МЗ. Се гледаме во петок на 7 август.]]>