над 70 композиции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Apr 2019 11:13:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png над 70 композиции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На конкурсот за „Макфест 2019“ пристигнаа над 70 композиции https://arhiva.vistina.com.mk/na-konkursot-za-makfest-2019-pristignaa-nad-70-kompozicii/ Mon, 15 Apr 2019 11:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83030

Над 70 композиции пристигнаа на конкурсот што го распиша општина Штип за претстојното 34. издание на популарниот фестивал „Макфест“, кој ќе се одржи во првата половина на октомври, а комисијата веќе започна со првото преслушување на пристигнатите дела, пренесува Радио Штип. Комисијата составена од уметничкиот директор Владимир Дојчиновски, продуцентот и поранешен уметнички директор Кристијан Габроски, продуцентот Дарко Тасев и координаторот на проектот „Макфест“ – Кирил Панајотов, се договорија да има и второ преслушување, па врз основа на квалитетот ќе се одреди и концептот на годинашното издание на фестивалот.
Конкурсот беше распишан на почетокот на февруари, а авторите имаа рок да ги испратат своите дела најдоцна до 1 април. Наградниот фонд и годинава ќе изнесува 11.000 евра, односно пет илјади за првопласираната композиција, три илјади за второпласираната и илјада евра за третопласираната композиција, како и по петстотини евра за четирите стручни награди. Како што соопшти Панајотов, годинава се очекува да се излезе со нов концепт за фестивалот, како вовед за јубилејното 35. издание в година.  ]]>