национално здружение – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Nov 2020 08:50:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png национално здружение – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Личен, бричен, стрижен… „до последно влакно“: Зоран Џорлев непрепознатлив, со тотална трансформација, но и важна порака (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lichen-brichen-strizen-do-posledno-vlakno-zoran-dzorlev-neprepoznatliv-so-totalna-transformacija-no-i-vazna-poraka-foto-video/ Tue, 17 Nov 2020 08:46:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176388

Нему музиката му е во гените, уште откога се родил, па и пред тоа... Син на македонската фолк легенда, покојниот инструменталист и автор на народна музика, неповторливиот Наско Џорлев, тој уште од дете ќе се сретне, запознае и вљуби во музиката, во својот инструмент - виолината. Како еден вид негова професионална „животна сопатничка“, нераскинлив дел од него, неговото знаење, умешност, виртуозност, професија... Денес и самиот врвен инструменталист, професор, познато и признато музичко и уметнничко име... Или, Зоран Џорлев и веднаш се' ви е јасно, се' е кажано! Познат по сето она што години наназад го работи, но и по препознатливииот изглед и имиџ: Очилата за дипотрија, долгата собрана коса, некогаш руса, сега малку подобелена, долгата исто таква брада. Трејд марк, заштитен знак на најпознатиот македонски маестро на виолина. Арно ама, се' до сега... Или поточно,  до пред некој ден, кога маестро Џорлев реши од корен  да го смени својот имиџ... И тоа „до последно влакно“! Имено, Џорлев објави нови фотографии на социјалните мрежи на кои е тотално непрепознатлив. Без очила, кратко потстрижан, избричен... како да е друг човек! Во секој случај, помлад, за многумина поубав и поличен. Впрочем многубројните коментари најдобро ја потврдуваат оваа теза, дека вака Џорлев изгледа баеги подмладен! Меѓу нив и голем број познати и јавни личности, блиски пријатели на „бричениот маестро“, кои не го криеа своето воодушевување: Од сите нив, најгласен неговиот внук, новопечената млада  „Гранд ѕвезда“, Огнен Здравковски, кој му порача: „Крвта не е вода. Момче... најубав и најсакан вујче“! Нешто пред тоа, новиот имиџ маестро Џорлев го искористи за да се приклучи кон една хумана акција, иницијатива или поточно кампања за поддршка на органодарителство на националното здружение за донирање човечки органи „Храбро срце“. Погледнете го видеото и слушнете ја пораката на маестро Зоран Џорлев: https://www.youtube.com/watch?v=xulZX4bBz3s&feature=share&fbclid=IwAR1hLeF2eSwRHpZ5BhRgCQYLfRhzWGoTtQLCUQqzoqfo-TV7T0FUfYRaV7I        ]]>

Донирање органи како начин за спасување животи https://arhiva.vistina.com.mk/doniranje-organi-kako-nachin-za-spasuvanje-zivoti/ Tue, 19 May 2020 20:19:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150473

Членовите на Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето и нивните поддржувачи „Храбро Срце“ се револтирани поради тоа што релевантните институции (Министерство за здравство и ФЗОМ) досега не исполниле ниту едно од нивните барања, а за кои добиле ветувања. Имено, овие пациенти имаат вградено пумпи на срцето, некои една, некои две истовремено како мост до трансплантација на срце. Овие пациенти живеат приклучени на батерии или на струја, нивниот живот нималку не е лесен, па поради тоа на почетокот од годината биле на состаноци со двете погореспоменати институции. До денес, не добиле никаков одговор.
- Во изминатиов период додека Министерството за здравство е сконцентрирано само на состојбата со Ковид 19, ние за два месеца изгубивме двајца пациенти. Пред една недела почина нашиот Исмет, единствениот пациент со пластично срце за кого беше најитно да се изврши трансплантација. Според комплексноста на таа машина TAH што ја имаше тој, според сите научни истражувања преодниот период до трансплантација е многу краток, од 6 месеци до 1 година. Тој издржа 14 месеци чекајќи и надевајќи се за таа трансплантација која му беше ветувана од сите институции и установи. Во моментот не се извршени тие таканаречени HLA типизации кои служат за утврдување на компатибилноста на потенцијаниот орган доколку е достапен. Исклучок од сите пациенти беше токму тој, единствениот со TAH машина на кој му беа извршени типизациите, но во време на пандемијата не се најде срце за него. Битката ја изгубивме, но продолжуваме со борбата.“ – велат членовите на Здружението.
Тие остро ја осудуваат незаинтересираноста за нивните барања иако во јавност беше изјавено дека започнува трансплантација на срце, има одделено буџет за таа намена, има стручни кардиохирурзи, има услови, но се нема донори.
- Па како да имаме донори кога 90% од населението не ни знае како гласи Законот за трансплантација кај нас. Дека секој е потенцијален донор. Годишно толку луѓе гинат во сообраќајни незгоди кои за жал, неретко завршуваат со смртен исход, па така, органите под земја не служат за ништо, со нив може да се спасат дури 8 животи. Исто така, имаме листа на чекање на пациенти за срце, но не се сите на таа листа. Имаме член кој сè уште не е на таа листа. Подготовката за трансплантација кај нас трае многу години, но без ниедна реализација до ден-денес, а нам секој ден ни е важен. Ова е само преодна фаза до трансплантација, не трајно решение.“- велат од Здружението.
Повикуваат на итно започнување на реализирање на нивните барања и исполнување на ветувањата затоа што, како што велат, „ако во нашата земја се извршија успешни операции за вградување на овие комплесни машини, трансплантацијата во светот се третира како рутинска интервенција и чини двојно поевтино од цената на овие уреди.
- Каде е проблемот? Кога ќе направиме чекор напред од оваа мртва точка која трае со години наназад? Уште колку човечки животи треба да згаснат за надлежните да покажат интерес за нас? Да покажат и докажат на дело реализација на таа долгонајавувана трансплантација, но ниту еднаш нереализирана, се поставените прашања на членовите на Здружението.
]]>