национални ТВ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png национални ТВ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Шведска и Норвешка, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува и на националните телевизии во Данска и Финска https://arhiva.vistina.com.mk/po-shvedska-i-norveshka-tv-serijata-zoki-poki-kje-se-emituva-i-na-nacionalnite-televizii-vo-danska-i-finska/ Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196054

Телевизиската серија „Зоки Поки“ ќе се емитува на националните телевизии „ДР“ во Данска и „ЈЛЕ“ во Финска, соопшти продуцентката куќа „Кино Око“. Претходно, од „Кино Око“ соопштија дека постигнале договор и серијата ќе биде прикажана на националните телевизии „СВТ“ во Шведска и „НРК“ во Норвешка. „Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји“ - велат од „Кино Око“. Од дистрибутерот „Видеоплагер“ од Лондон силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. „Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“ - вели Емануеле Галони, извршен директор на „Видеоплагер“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност, зашто државата се' уште не пројавува интерес за финансирање..]]>