национален дрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Apr 2021 13:15:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png национален дрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој го „избриша“ сонцето што „денес над Македонија се раѓа“ од националниот дрес на македонските фудбалери во албумот на „Панини“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-go-izbrisha-sonceto-shto-denes-nad-makedonija-se-ragja-od-nacionalniot-dres-na-makedonskite-fudbaleri-vo-albumot-na-panini-foto/ Thu, 15 Apr 2021 09:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199103

Фудбалска Македонија испишува историја. Нашата А репрезентација за прв пат на едно големо европско натпреварување, на ЕУРО 2021. Радоста е голема, уефоријата уште поголема. И додека со нетрпениe го очекуваме првиот историски настап на нашите најдобри фудбалери на најголемиот европски собир, како и цела Европа и македонските пасионирани фудбалски љубители и колекционери уживаат во Панини магијата, собирањето на официјалниот, но и култен албум со сликички за претстојното ЕУРО, кој за за прв пат е отпечатен пред половина век, во 1970 година. Во Македонија  еуфоријата за собирање на сликички во полн замав. Се продаваат како никогаш до сега, ги собира и младо и старо, се купуваат по цели кутии, а залихите ги снемува за неколку часа. За ова Европско првенство еуфоријата е дотолку поголема, токму заради  присуството на нашата репрезентација и нејзините фудбалери во албумот на Панини. Но, оние што го собираат албумот веднаш забелжаа нешто, што никому не му се допадна. И тоа е уште еден исклучок, кој е направен само во случајот на фудбалска Македонија. Имено, уште кога ќе ви падне првата сликичка со ликот на некој од нашите фудбалски репрезентативци, веднаш забележувате дека за разлика од играчите на буквално  сите останати репрезентации кои се во своите стандардните дресови со националните обележја на своите земји, нашите Пандев, Елмас, Нестороски, Барди, Адеми, Алиоски... сите до еден  се во обични „Jako“ маички за тренинг. Оттаму и прашањето за челниците и особено претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини,  дали и кој требаше да води сметка, да направи проценка за важноста на симболиката на националниот дрес, особено ако со него фудбалерите, а и спортска Македонија испишува историја? Кој и зошто, случајно или не, „го избриша сонцето што денес над Македонија се раѓа“ од македонскиот национален дрес на фудбалските репрезентативни избраници, па истиот го замени со обична бела тренинг маичка? Историјата останува меѓудругото и во колекцијата на Панини, но за жал, кога е Македонија во прашање, само како бела маичка за на пауза меѓу два натпревари! А колку што се химната и знамето државни симболи и обележја на една нација, толку е и оригиналниот дрес кој  избраниците со гордост го носат, симбол на државата и сите нации кои живеат во неа, кога е репрезентативниот спорт, во случајов фудбалот, во прашање! Впрочем, неагилноста и неажурноста на челниците на ФФМ може да се види уште штом ќе го отворите официјалниот сајт, официјалната веб страница на Фудбалска Федерација на Македонија. Неажурирана, со бајати фотографии на А тимот кој ни донесе историска гордост, во кој половина од нив веќе и не се репрезентативци,  со „последни“ квалификации за ЕУРО 2016, додека оние кои не однесоа во Европа од ЕУРО 2021 - никаде ги нема во менито. Како и кога ќе кликнете на „стручен штаб“ тој воопшто не постои и го нема во менито! Наместо ликот и биографијата, резултатите, постигнувањата на предводникот на херојската генерација, Игор Ангеловски „Мрме“ и неговите помошници, советници, физиотерапевти, кондициони тренери, тренери на голманите... добивате само едно срамно: „Нема содржини во оваа категорија“! Страшно, срамно, понижувачки... Ако е до парите - не ќе е, зашто од друга страна за ФФМ се зборува дека врти милиони! До немарност, негрижа, незнаење, немање „чувство за осет“, сенс за она што им е должност, обврска, задача, работа... До тоа ќе да е!?  А за волја и желба, љубов и ентузијазам и да не зборуваме! За жал, трагедија од три букви: ФФМ!    ]]>