начини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Jul 2023 12:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png начини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сега е вистинското време за тоа: Еве неколку начини на кои можете да се зближите со вашиот емотивен партнер https://arhiva.vistina.com.mk/sega-e-vistinskoto-vreme-za-toa-eve-nekolku-nachini-na-koi-mozhete-da-se-zblizhite-so-vashiot-emotiven-partner/ Wed, 12 Jul 2023 13:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309985

Постојат многу работи кои можете да ги правите по сексот, а не едноставно да заспиете. Следните 7 предлози ќе ви помогнат уште повеќе да се зближите со партнерот. Галете се Ова е вообичаена работа. Галењето по сексот е најубав начин да му кажете на партнерот дека го сакате.   Разговарајте Не мора да разговарате за сексот. Дури и наједноставнот разговор може повторно да ви ја разбуди страста и да ви ја подобри комуникацијата.   Поврзете се Поврзувањето може да се случи на различни начини. Преку разговор, допири, галење… И така лежите еден покрај друг, па зошто да не си прошепотите некоја тајна на уво?   Допирајте се Се разбира дека во текот на сексуланиот акт ќе се допирате, но и после сексот можете да применувате мали, суптилни допири. Нежно допрете ја раката или косата на партнерот. Тоа може повторно да ја разбуди страста и кој знае до каде може да ве однесе.   Разговарајте за иднината Разговорот за иднината е многу важен. Можете да разговарате за вашите надежи и соништа, како и за тоа што очекувате иднината да ви донесе.   Смејте се Сексот не мора да биде озбилен. После, па дури и додека имате секс, може да се смеете. Можете да си кажете по некоја шега или да ги спомнете работите што сте ги правеле. Тоа може уште повеќе да ве зближи и да направи да се чувствувате подобро затоа што не е сè така озбилно.   Јадете во кревет Сексот е вежба која согорува многу калории. Најубав начин да ја вратите енергијата е да јадете. Затоа, после сексот можете да направите оброк кој ќе го јадете со партнерот во кревет. Извор: Попара]]>

5 начини како да ја расположите жената за секс https://arhiva.vistina.com.mk/5-nachini-kako-da-ja-raspolozite-zenata-za-seks/ Fri, 21 Jan 2022 13:15:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235748

Дури и кога не ѝ е дојдено до секс, исцрпена е од домашните обврски и работата, постојат решенија кои 100% делуваат. Ако често се случува вашата партнерка да не е расположена за секс, можеби е време да ги примените овие корисни совети.

1. Водете љубов почесто

На женското либидо многу влијае колку често има секс. Правилото е колку повеќе секс, толку повеќе ќе го сака. Она во што мажите грешат е форсирањето на секс во облик на очекувања или вршење на должност.

2. Бидете романтични

Жените често се расположуваат за секс кога ќе доживеат мала доза романтика од партнерот. Изненадете ја по напорниот ден со романтична вечера на која ќе и дадете до знаење колку многу ја цените за се што прави за вас. Жените сакаат да се забележи тоа што го прават, а факт е дека нејзиниот партнер е свесен колку е привлечна.

3. Делете комплименти

Немојте да ја потценувате вредноста на искрениот комплимент, како и чувствата кои ги создава кај жената. Рано наутро шепнете и колку е прекрасна, колку е секси. Во ситуација кога се подготвува за некоја средба или настан истакнете дека за вас таа е најубавата жена во светот. Тоа ќе делува како афродизијак, бидејќи колку повеќе жената се чувствува секси толку е поголемо либидото.

4. Не бидете предвидливи

Рутината и предвидливоста во сексот се најчестите причини поради кои се намалува сексуалното задоволство. Треба малку повнимателен пристап со нови идеи и постепено воведување промени.

5. Сексуалните фантазии се закон

Жените сакаат сексуални фантазии за маж кој ќе ја покаже неговата желба колку ги посакува, популарноста на „50 Shades of Gray“ го докажа тоа, без разлика какви критики доби книгата. Жената сака да фантазира, сака страст со партнер на кој ќе му биде тешко да се контролира и ќе покаже колку всушност ја посакува. извор: Кајгана]]>

Четири лесни начини да го подобрите вашиот емотивен однос: Избегнете ги замките! https://arhiva.vistina.com.mk/chetiri-lesni-nachini-da-go-podobrite-vashiot-emotiven-odnos-izbegnete-gi-zamkite/ Fri, 29 Oct 2021 13:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225253

Без разлика дали се забавувате со партнерот шест месеци или сте во брак со години, љубовната врска треба да се заснова на взаемна посветеност, почит и напорна работа. Меѓутоа, поради брзиот живот и многуте обврски, многумина забораваат пред се на себе, а потоа на своите најблиски, па запаѓаат во рутина која воопшто не влијае добро на врските. Бидејќи ниедна врска не е совршена, не треба да се стремите кон совршенство, туку одвреме-навреме потсетувајте се себеси и вашата сакана на ситници, посветете се еден на друг и подобрете ја вашата емотивна врска. Еве само неколку примери за тоа како можете да го направите ова:

1. Разговарајте за нови теми

Комуникацијата е клучот за добра и долготрајна врска, но понекогаш се разговара за исти теми и се забораваат секојдневните прашања како на пример како го поминале денот и слично. Потрудете се малку и прашајте ја саканата личност за денот зад вас или најдете нови заеднички теми и разговарајте за нив.

2. Одвојте време за себе

И покрај зафатените распореди, брзиот живот и многуте обврски, обидете се да најдете време за себе. Заедно определете еден ден кога ќе ги исклучите телефоните и ќе бидете упатени само еден кон друг. Ова не мора да значи патување, скапи вечери или одење во бањи, но може да биде сосема обична вечер и гледање филм заедно со пуканки.

3. Покажете благодарност

Добрата работа за функционалните врски е што секогаш можете да се потпрете еден на друг. Меѓутоа, во целиот процес поединците понекогаш ги земаат здраво за готово таквите работи. За волја на вистината, ниту еден партнер не е должен секогаш да точи гориво, да си купува омилен сладолед или да се грижи дали сметките се платени – тоа е само негов или нејзин избор. Затоа, никогаш не заборавајте да ги цените таквите работи и секогаш да се заблагодарувате.

4. Координирајте ги обврските

Иако секој од вас треба да има свои обврски, хоби, интереси, пријатели…, не е полошо одвреме-навреме да се консултирате со партнерот за усогласување на обврските. Така ќе имате повеќе време еден за друг и нема да се гледате само на минување. извор: Курир.мк]]>

Неколку начини како да не ви здосади во врската со вашата партнерка https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-nachini-kako-da-ne-vi-zdosadi-vo-vrskata-so-vashata-partnerka/ Tue, 28 Jul 2020 13:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160928

Секогаш почетокот на врската е најинтересен, но со текот на времето, после неколку месеци или години, почнува во чести случаеви да станува досадно и монотоно. Сепак, секогаш постојат неколку начини на кои можете сеуште да имате атрактивна врска.

Изненадувајте се

Секој од нас прави различни изненадувања и убави работи на почетокот на врската. Ако после одреден период некои од тие работи не сте ги направиле, тогаш убаво би било да направите нешто што сте го правеле на почетокот и што и се допаѓало на вашата девојка.

Обрнувајте внимание на својот изглед

На сите ни е убаво кога се чуствуваме сигурно со партнерката, но ако заборавите на некои работи што сте ги правеле, тогаш може да биде лошо по вас. Секогаш останете истиот, средувајте се и правете го истото што сте го правеле и порано.

Променете ја рутината

Рутината е здрава за врската, но понекогаш таа може да стане досадна па затоа добро е да ја промените. На пример, одете во некој нов ресторан или имајте некое ново хоби.

Поминувајте доволно време заедно

За да имате добра врска, и вие и вашата девојка треба да одвоите доволно време и за себе и за вашите интереси. Така ќе ви биде подобро и на едниот и на другиот. извор: Курир.мк]]>

Како да ја распламтите страста во врската на невообичаени начини? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-ja-rasplamtite-strasta-vo-vrskata-na-nevoobichaeni-nachini/ Mon, 27 Apr 2020 13:00:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146787

Верувале или не, постојат неколку прилично лесни начини да ја разгорите желбата на партнерот, а притоа дури и да не го допрете. Најтешкиот дел од приказната е да ги запомните овие совети и да започнете да ги применувате. Кога ќе го направите ова, ќе ги разгорите страстите секогаш кога ќе посакате. 1. Тој очекува да му кажете „те сакам“. „Ми се допаѓаш“ ќе го направи да се чувствува како да е со пријателка. 2. Поканете го на ручек. Отидете по него наместо да се сретнете некаде. Ова ќе покаже дека се грижите за него и дека не ви е тешко да пешачите уште еден километар. 3. Насмевнете се секогаш кога ќе влезе во собата. Ова ќе покаже дека сте среќни што го гледате, дека тој сè уште ви е привлечен и дека ви недостасувал без разлика колку долго сте биле разделени. 4. Дајте му комплимент пред да замине на работа. Поради тоа, тој ќе се чувствува посамоуверено за својот изглед. 5. Изгледајте филм на вашиот лаптоп заедно. Тоа е одличен начин да се поврзете повторно по напорниот ден или по напорната недела. Блискоста и тишината се многу значајни. 6. Натпреварувајте се со него во активности на отворено и дајте сè од себе. Вашата издржливост ќе го потсети на вашата сила и моќ. 7. Донесете му нешто од службеното патување. Тој ќе биде среќен што сте помислиле на него, иако сте биле многу зафатени. 8. Кога излегувате со своите другарки, испратете му убава порака дека наскоро ќе се вратите. Потоа, вратете се неколку минути порано и покажете му дека го цените времето што го поминувате заедно. 9. Кажете нешто убаво за него пред другите. Тоа покажува дека не се плашите да покажете колку многу го сакате пред пријателите или семејството. 10. Ова може да биде малку ризично затоа што може да го загрози неговото его. Поправете нешто за што тој рекол дека ќе се погрижи. Тој ќе биде горд на вас што сте го сториле тоа и сте отстраниле една обврска од списокот со поправки. извор:кафепауза.мк]]>

3 начини да се спасите од несреќниот брак без развод https://arhiva.vistina.com.mk/3-nachini-da-se-spasite-od-nesrekjniot-brak-bez-razvod/ Thu, 13 Sep 2018 12:33:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47662

Ако очајно барате излез од несреќниот брак, вашиот живот сигурно станал неподнослив. Знаете дека има подобар начин на живеење бидејќи нештата биле подобри. Но сега единствено размислувате како да се спасите од мизеријата. Во овие ситуации најважно е да разберете зошто сте толку несреќни во вашиот брак. Обидете се да го откриете коренот на вашата несреќа. Ова ќе ви помогне да ја добиете потребната самодоверба за да ги преземете потребните чекори. Пред да донесете заклучок дека разводот е единственото решение, важно е да знаете дека разводот не е лесен процес. Тој е една од најтешките животни транзиции, а во него ќе бидат вклучени и вие и вашето семејство. Сепак, постојат 3 ситуации во кои разводот е најдоброто и најбрзото решение.
1. Вашиот сопруг е зависник и не сака да бара помош и покрај вашите постојани барања.
2. Сопругот ве малтретира и вас и вашите деца.
3. Вие и сопругот претставувате лош пример за децата за тоа како треба да изгледа еден брак, а состојбата не се подобрува и покрај сите ваши напори.
Ако не сте соочени со една од овие ситуации, разводот не е единствениот излез. Во зависност од ситуацијата, постојат и други опции што треба да ги разгледате.

1. Се случува нешто друго во вашиот живот што има влијание на вашиот брак

Размислете дали сте под стрес поради работното место, родителите, парите, децата, некој настан или што било друго што ви е важно. Може да биде многу лесно да мислите дека вашиот сопруг е извор на вашата несреќа ако не се обидува доволно да ви помогне. Ако вашата несреќа потекнува надвор од бракот, тогаш решете го тој проблем. Кога ќе го направите тоа ќе сфатите дека имате повеќе енергија да разговарате со сопругот за проблемите во бракот. Кога ќе можете да разговарате и заедно да барате решение, ќе излезете од лошиот циклус.

2. Врската со сопругот е причина за вашата несреќа

За врската да биде функционална потребна е работа и од двете страни. Па размислете како вие придонесувате за вашата несреќа. Можеби ги игнорирате проблемите наместо да се соочите со нив. Одбивате да разговарате со партнерот бидејќи сметате дека нема цел, не го почитувате, или вашиот сопруг не ги задоволува вашите потреби бидејќи не му кажувате кои се. Само кога ќе се обидете да бидете добар сопружник ќе знаете дали вашиот брак има шанси да успее. Ова не значи да правите сè што ќе ви каже сопругот, туку да го дадете најдоброто од себе во врската. Тогаш можеби ќе сфатите дека можете да ја подобрите врската со сопругот, а со тоа и да го спасите бракот.

3. Сте направиле сè, но ништо не помага

Важно е да дадете сè од себе за да ги решите проблемите во бракот. Овој труд не е залуден. Кога навистина ќе се обидете да ги решите проблемите, ќе ви стане јасно дали разводот е навистина единствениот излез. Другата предност од ова разјаснување е тоа што полесно ќе се справите со разводот доколку дојде до тоа и ќе има повеќе почит помеѓу вас и сопругот. Ова не значи дека разводот ќе биде лесен, но полесно ќе се справите со последиците од прекинувањето на бракот. Не е лесно да се избега од несреќен брак. Но кога ќе ја сфатите вистинската природа на вашата несреќа, ќе можете да ја донесете правилната одлука и конечно да ја добиете слободата и среќата што ги посакувате.]]>

Три работи кои ќе ви потврдат дека сексот ви е одличен https://arhiva.vistina.com.mk/tri-raboti-koi-kje-vi-potvrdat-deka-seksot-vi-e-odlichen/ Wed, 22 Aug 2018 13:00:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44106

Сексот е многу важен сегмент во секоја врска, но овој многу интимен чин, го достигнува својот врв дури тогаш кога двајцата партнери максималко уживаат во моментот, без воздржувања. Во текот на сексот не се грижите за изгледот Водењето љубов е страствен момент во кој, за максимално да уживате, треба потполно да им се препуштите на чувствата. Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква ни е фризурата и дали ни се гледа целутитот. Кажете му на партнерот сѐ што сакате Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа, совршениот секс гарантира комуникација измеѓу партнерите. Ако не се двоумите партнерот да го насочите на "вистинскиот пат" или во текот на сексот му кажувате како да ја изведе вашата омилена поза, тогаш имате совршен секс. После сексот се чувствувате опуштено и среќни сте Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и лачење на хормоните за среќа и задоволство. Но, тоа се однесува само на страствениот секс во кој нема воздржувања. Ако после сексот не можете да ја симнете насмевката од лицето, чувствувате како телото ви трепери и не можете да му се спротивставите на заморот, тогаш вашиот секс е совршен.]]>

6 причини за губење на косата кај жените и начините за спречување! https://arhiva.vistina.com.mk/6-prichini-za-gubenje-na-kosata-kaj-zenite-i-nachinite-za-sprechuvanje/ Thu, 09 Aug 2018 15:02:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42215

Нема ништо поважно за жената од нејзината коса. И покрај фактот што служи за да се изрази и вашиот концепт за убавина, вашата коса може многу да каже за тоа што се случува во вашето тело. Еве ги шесте главни виновници за губење на косата кај жените и начините за справување со секоја ситуација: 1. СТРЕС Висок стрес игра главен фактор во губењето на косата. Високо стресни сценарија како развод, смрт на некој близок, крајно токсични односи или стрес поврзан со работата, сите играат улога во губењето на косата. Што да направите: Овој вид губење на косата е привремен и запира во моментот кога ќе го прекинете стресот. Сепак, најдобро е да се обидете да преземете одредени чекори за борба против стресот. Можете да направите повеќе вежби, да разговарате со терапевт, или да побарате поддршка од оние кои можете да им верувате. 2. БРЕМЕНОСТ Бременоста е мешавина на хормонални промени и физички стрес што може да влијае на вашата коса. Иако не е чест случај за жените да ја изгубат косата за време на бременоста, најчестите случаи се случуваат по раѓањето. Тоа е затоа што минува низ период кој е интензивно стресно искуство, кое неизбежно ќе влијае на вашата коса. “Кога имате навистина стресен период, тој може да го шокира циклусот на коса, (туркајќи) повеќе коса во фазата на опаѓање” објаснува д-р Марк Глашофер, дерматолог од Њујорк. Што да направите: Овој тип на губење на косата не е нешто за што треба да бидете многу загрижени, бидејќи вашата коса повторно ќе почне да расте, веднаш откако вашето тело ќе се ослободи од стресот. 3. ДРАСТИЧНО ГУБЕЊЕ НА ТЕЖИНАТА Дури и ако е добро за вас, фактот дека вашето тело поминало низ таква драматична промена е неизбежно стресно за вашиот систем. Овој стрес, заедно со потенцијалниот дефицит на хранливи материи, ќе придонесе за губење на косата. Што да направите: Шокот од ненадејно губење на тежината ќе предизвика косата да падне за околу шест месеци, а потоа ќе порасне сама без никаква интервенција. 4. ЛОША ИСХРАНА Дефицитот на хранливи материи игра многу важна улога во губењето на косата. Јадењето брза храна, високо калорична храна или било која друга нездрава диета ќе предизвика вашето тело да ги искористи малите хранливи материи кои се присутни за клучните операции, како што се срцето и другите витални органи. Поради ова, вашата коса нема да добие ниту една од хранливите материи што и се потреби за да расте и да остане на вашата глава доволно долго. Исто така, недостаток на количество на вода може да предизвика ослабена “кршлива” коса, бидејќи коса е 40% вода. Што да направите: Променете ги вашите навики во исхраната и воведете здрава храна во вашето секојдневие. Бидете сигурни дека внесувате доволно витамини и минерали. 5. ДИХИДРОТЕСТОСТЕРОН(DHT) DHT(дихидротестостерон) е одговорен за опаѓање на косата кој е уште исто познат како андроген ефект. Истовремено ова опаѓање влијае и од вашите маснотии околу стомакот. DHT се произведува преку конверзија на тестостерон кај жени со помош на хормон наречен DHEA. Овој проблем е почест кај мажите, но жените, исто такам може да страдаат од овој проблем. Што да направите: Постои храна кој може да се бори и да го блокира DHT. Конзумирајте повеќе зелен чај и семки од тиква. Исто така, се препорачува советување со вашиот лекар. 6. ТРИХОТИЛОМАНИЈА Трихотиломанија е пореметување на импулсивната контрола по сегашната класификација, но сеуште има прашања околу тоа како би требало да се класифицира. Очигледно наликува на навика, зависност, тик или обсесивно –компулсивно пореметување. Во поскоро време се концептуализира како дел од пореметувањата на повторувачко однесување спрема сопственото тело “body-focused repetitive behaviors” (BFRBs) заедно со чепкањето на кожата и грицкањето на ноктите. Трихотиломанијата е пореметување кое предизвикува лицето да си ги кубе влакната од скалпот, од брадата, градите, нозете, од веѓите,трепавиците и други делови на телото, што резултира со видливи голи полиња. Што да направите: Консултацијата со терапевт е најважниот чекор што треба да го направите во оваа ситуација. Постојат начини да се третира ова нарушување. И навистина, без оглед на причината, ако забележите дека ја губите косата, треба веднаш да разговарате со вашиот општ лекар или да одите на дерматолог. Губењето на косата не само што не е убаво, но може да значи многу здравствени проблеми, почнувајќи од стрес до автоимуни болести. Грижете се за вашето здравје и сакајте ја косата!]]>

15 знаци по кои ќе познаете дека не сте создадени еден за друг https://arhiva.vistina.com.mk/15-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-ne-ste-sozdadeni-eden-za-drug/ Thu, 10 May 2018 11:57:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26075

Почетокот на врските најчесто е најдобар период кога паровите прават сè што сакаат и се подготвени на секаква авантура. Но, како што поминува времето, така подобро се запознаваат и почнуваат да паѓаат во монотонија, или едноставно се менуваат. После одреден период може да забележите дека врската веќе не е тоа што била на почетокот, а има знаци кои укажуваат на тоа дека не сте создадени еден за друг.
 Па, за да не си го губите залудно времето, доколку се случат следниве работи, ѝ дошол крајот на врската:
1. Почнувате да живеете одвоен живот и ретко планирате заедничко излегување. 2. Не се согласувате речиси во ништо и не наоѓате заеднички јазик. 3. Се гледате со пријателите и колегите почесто отколку со партнерот. 4. Многу ретко имате интимни и страсни моменти. 5. Веќе не се држите за раце и не разменувате нежности. 6. Седите само дома и се однесувате како цимери. 7. Се расправате повеќе отколку што разговарате. 8. Престанувате да ги правите работите во кои претходно сте уживале. 9. Се обвинувате еден со друг за сè лошо што ви се случува во животите. 10. Почнувате да гледате други момци/девојки кои ве привлекуваат. 11. Флертувате со други и си барате резервна опција. 12. Почнувате да се сомневате во тоа како изгледа љубовта и што е тоа што го имате. 13. Се прашувате дали вашиот бивши партнер бил вистинската љубов за вас. 14. Вашите блиски луѓе се загрижени за вас и вашата врска. 15. Чувствувате дека нема ништо да изгубите ако веќе не се гледате]]>

Како да го претставите вашето минато на новиот партнер https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-pretstavite-vasheto-minato-na-noviot-partner/ Mon, 23 Apr 2018 09:29:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22612

Отворениот разговор со новиот партнер е важен, но знае да биде навистина тежок, особено кога треба да зборувате за вашите претходни врски. Размислувањата на оваа тема се разликуваат, но зборувањето за вашите претходни врски со вашиот сегашен партнер може да ви помогне кога станува збор за чувствата и потенцијалните идни проблеми, кои имаат големо влијание во вашата врска. Може на партнерот да му помогне да го сфати начинот на кој реагирате во одредени ситуации и може да му помогне да ве запознае подобро. Но, пред да почнете да зборувате треба да ги имате предвид овие работи. post cover photo

СО КОГО ЗБОРУВАТЕ

Можеби сте личност којашто со секој може отворено да зборува за своите чувства и случки, но сепак треба да внимавате на тоа со кого зборувате и на кого му ги споделувате вашите приватни работи. Ова важи за секаков вид на врска, без разлика дали е со пријатели, колеги, семејство и секако со партнерот. Момчето кое го запознавте преку интернет и со кого бевте на три состаноци, но не ви се допаѓа премногу, нема потреба да знае за вашите поранешни врски. Потребно е да се чувствувате пријатно со личност на која ѝ ги споделувате сите работи, бидејќи може да биде емотивно и да ви биде потребен некој кој ќе ве разбере и ќе ве сослуша до крај. Воопшто не е важно колку долго се познавате со личноста, туку е важно како се чувствувате кога сте заедно.

ШТО ДА ЗБОРУВАТЕ

Можеби сте од оние личност кои сметаат дека партнерот треба да знае за вас сѐ и обратно. На тој начин може да се оформи посилна врска. Но, постојат луѓе кои не размислуваат така и кои не чувствуваат потреба и удобност да споделуваат сѐ, а тоа понекогаш знае да доведе до непријатни и збунувачки ситуации во врската. Затоа, најдобро е секогаш да се задржувате на големите работи, а да не навлегувате премногу длабоко во деталите. Зборувајте за посериозните ситуации во врската и работите кои ви пречеле или кои ви се допаднале. Кога ќе се придржувате до посериозните ситуации тогаш создавате дијалог и создавате појасна слика за вашето минато, со што вашиот партнер полесно ќе ги разбере вашите реакции за време на караниците. Ако не зборувате за вашите претходни врски, тоа нема да ги избрише, сепак тие се дел од вас и ве градат како личност. Никогаш не зборувајте за тоа колку вашите пријатели и семејство го сакаат вашето бившо момче, колку е добар во креветот, работите кои сте ги планирале за иднината и слично. Овие работи можат да доведат до проблеми во врската, а исто така и појава на љубомора.

КОГА И КАДЕ ДА ЗБОРУВАТЕ

За да одлучите кога и каде треба да зборувате за претходните врски може да биде тешко, сепак не ви сакале да го кажете тоа во несоодветен момент. Без разлика дали ќе зборувате во вашиот омилен ресторан или пак на некое интимно место, најважно од сѐ е како вие се чувствувате во моментот и на тој начин ќе знаете дека е вистинското време. Потребно е да се чувствувате удобно на местото и со личноста. Секогаш се создава онаа природна, искрена конверзација кога се чувствувате дека можете да зборувате за нешто што е поинтимно. Доколку го планирате разговорот тогаш може да дојде до напнати моменти, особено ако темата е со посериозна природа. Едноставно направете го тоа во моментот кога ќе се чувствувате најпријатно и слободно.

КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ЉУБОМОРАТА

Љубомората не треба да биде проблем ако не постои причина за да се појави. Ако зборувате за тоа колку вашата мајка го сакала вашето поранешно момче, а и тој неа, секако дека кај вашиот сегашен партнер ќе се појават чувства на вознемиреност. Имајте отворен однос со вашиот партнер за тоа како тој се чувства кога зборувате за вашето минато, можеби му е потребно да слушне дека навистина сте среќни со него.
]]>