начесто – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Sep 2018 12:27:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png начесто – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најчести предизвикувачи на алергија https://arhiva.vistina.com.mk/najchesti-predizvikuvachi-na-alergija/ Thu, 27 Sep 2018 14:02:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50141

Имуниот систем е составен од разни типови на специјализирани клетки, протеини, ткива и органи. Неговата главна функција е детекција на штетните микроорганизми и нивно уништување. Кога имуниот систем погрешно ќе детектира одреден алерген како штетен, тогаш и покрај тоа што алергенот не е опасен за организмот, се активираат имунолошки реакции со цел уништување на „штетниот патоген“. Во тој случај станува збор за хиперсензитивна реакција тип 1, односно алергиска реакција – алергија. Алергија Најчестите предизвикувачи на алергиска реакција се: Убод од инсекти Одредена група на луѓе развиваат алергиска реакција при убод од одредени инсекти (пчели, оси, стршлени итн.) како одговор на нивниот отров. Симптомите на алергиската реакција може да бидат различни – од благо црвенило и мал оток на местото на убодот, до гадење, замор и лесна треска, а во одредени случаи и анафилакса. Анафилаксата претставува акутна алергиска реакција предизвикана од антигенот (во овој случај отровот од инсектот) на кој телото е хиперсензитивно. Симптомите вклучуваат оток на лицето, јазикот, устата и грлото, отежнато дишење, низок крвен притисок, чешање и промена на бојата на кожата, гадење, повраќање, дијареја, вртоглавица и губење на свест. Доколку не се лекува, анафилаксата може да резултира со смрт. Храна Алергија Кај голем дел од луѓето се јавува реакција на организмот на одредени прехранбени продукти, па често причина за таа реакција се смета алергијата на храна, што во повеќето случаи не е точно. Затоа, треба да се направи разлика меѓу алергија на храна и интолеранција на храна. Алергија на храна е хиперсензитивна реакција посредувана од имуниот систем, која е одговор на одредениот вид храна. Симптомите се поизразени, а во одредени случаи и опасни по живот. Може да се јави оток на устата, јазикот и грлото, трнење на јазикот, кожни промени, па и развој на анафилактичка реакција. Интолеранцијата на храна е неалергиска хиперсензитивна реакција за која генерално не е одговорен имуниот систем. Се карактеризира со симптоми кои се помалку сериозни и најчесто се поврзани со дигестивниот систем. Најчестите нутритивни алергени за нашето поднебје се: јајце, млеко, кикиритки, пченично брашно, зрна од соја, морков, јагоди, риба и др. Латекс Кондомите, балоните, медицинските ракавици и други медицински материјали се направени од латекс, гумен материјал кој содржи протеини на кои одредени луѓе се алергични. Алергиската реакција може да се развие од едноставен контакт и допир со материјалот. Клиничката слика вклучува од лесни симптоми како чешање и црвенило на кожата, до можност за развој на анафилакса. Домашна прашина Домашната прашина (поточно Dermatophagoides pteronyssinus) е чест предизвикувач на алергиски реакции. Симптомите се кивање, течење на носот, затнат нос, солзење и чешање на очите и др. Превенцијата вклучува одржување на чист дом, избегнување на предмети на кои се насобира прашина, како плишани играчки или предмети од кои тешко се отстранува прашината, редовна промена на постелнината итн. Полен Алергија Симптомите за алергиска реакција на полен најчесто не се животозагрозувачки, но ни најмалку не се пријатни. Кивање, течење на носот (ринореа), затнат нос (назална конгестија), чешање и солзење на очите се само дел од симптомите со кои се справуваат луѓето кои страдаат од овој тип на алергија. (Како да се заштитите од полен?) Лекови Алергијата на лекови е позастапена отколку што се претпоставува. Најчесто, ако се појави алергиска реакција на одреден лек, се советува прекин на негова употреба. Доколку е неопходно да се прими лекот, докторот бара соодветна замена. Во случај да не постои замена за лекот, алергиската реакција може да се контролира со антихистамини и кортикостероиди, но само ако претходела лесна клиничка слика. Најчести симптоми се кожни промени, оток на лицето, отежнато дишење и анафилакса. Животни Алергија Луѓето кои развиваат алергиски реакции на животни всушност се алергични на протеините пронајдени во клетките од кожата (најчесто мртвите клетки од кожата – првут), плунката и урината на животното. Во одредени случаи, за да се развие овој тип на алергија е потребно подолго време (дури и до 2 години), а симптомите може да се провлекуваат со месеци. Најчесто симптомите на алергија на животни се слични со симптомите предизвикани од полен, но постои можност да се јави симптоматологија со појак интензитет како отежнато дишење, стегање во градите, недостиг на воздух при спиење итн. Мувла Постојат повеќе типови на мувли, а на голем дел од нив луѓето развиваат алергиски реакции. Мувлите имаат потреба од влажност, па затоа се јавуваат на места каде што има влага, како што се бањата, подрумот, кујната, поткровјето, места каде што има пукната цевка за вода, места каде има трева или купчиња од исушени влажни лисја и сл. Симптоматологијата е слична како алергијата на полен и домашна прашина.]]>