набуко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 May 2023 12:18:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png набуко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со „Набуко“ вечерва се отвора 51. издание на Мајски оперски вечери https://arhiva.vistina.com.mk/so-nabuko-vecherva-se-otvora-51-izdanie-na-majski-operski-vecheri/ Tue, 09 May 2023 12:18:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301267

Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе се прикажува балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски. Поради големиот интерес на публиката, распродадени се билетите за „Набуко“ и „Лебедово езеро“. На 17 мај ќе се прикажува операта „Кармен“ на Жорж Бизе, на 21 мај „Травијата“ од Џузепе Верди, а на 26-ти мај „Реквием“ од Џузепе Верди, каде што ќе свири оркестарот на Филхармонија и хорот на НОБ. На 31 мај свеченото затворање ќе биде со операта „Аида“. Со „Реквием“ на Верди ќе се одбележи и јубилејот 210 години од неговото раѓање. Директорот на Национална опера и балет, Васо Ристов вели дека „Набуко“ последен пат била обновена на 25 февруари 2003 година. На редовниот репертоар последен пат била изведувана на 7-ми декември 2017 година. Вердиевата опера во НОБ ја постави екипа од Италија: Ренато Бонајуто како режисер и Тереза Гаргано како асистентка, Флавио Арбети како сценограф, и Артемио Кабаси како костимограф. Ќе диригира Даниеле Аџиман исто од Италија.]]>