на збирка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 May 2019 13:00:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на збирка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промоција на збирка документарни етнолошки филмови во Музеј на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-zbirka-dokumentarni-etnoloshki-filmovi-vo-muzej-na-makedonija/ Wed, 22 May 2019 13:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89283

На 23 мај (четврток), во 11 часот во кино салата на Музеј на Македонија ќе биде промовирана збирката документарни етнолошки филмови на авторите Владимир Боцев и Елизабета Конеска. Оваа збирка филмови, произведени од 1997 до 2015 година, практично преставува прво вакво музејско издание во земјата и содржи 13 филмови во кои се обработуваат теми од обредниот и секојдневниот живот на Македонците, но и некои занаети кои се на прагот на исчезнување. Изданието ќе го промовира д-р Мирјана Мирчевска, професор на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ. Со формирањето на Етнолошкиот музеј на Македонија во 1949 година, започнало институционалното бележење на традиционалната култура на филмска лента. Македонските етнолози започнале да создаваат визуелни документи, односно преку визуелното да ги регистрираат актуелните случувања од секојдневниот и обредниот живот. Етнолошкиот музеј на Македонија активно се вклучил вo филмската продукција во Македонија, која во почетокот на педесеттите години од 20 век се зафатила со производство на документарни филмови со етнолошка тематика. Овој тренд на бележење на традиционалната култура од страна на етнолозите во Музејот на Македонија сè уште трае. Како резултат на оваа активност се наметна потребата филмовите продуцирани од Музејот да се издадат на едно место, како ДВД збирка и на тој начин да станат достапни за пошироката публика. Авторите Конеска и Боцев имаат свој специфичен пристап кон обработувањето на темите, но етнолошката наука, односно етнолошката точка на гледање на проблематиката е приоритет кај двајцата, што е карактеристика на овој жанр на филмови. Кога станува збор за филмовите во продукција на Музејот на Македонија новина, ако така може да се каже, во изборот на темите што се обработуваат во овие филмови е секојдневието на луѓето кои се во фокусот на интересот. Целта на оваа збирка на филмови е да се доближи етнолошкиот филм до широката публика, но и да го поттикне нивното производството, зато што тие се најдобриот начин за зачувување на вредностите поврзани со народната култура. Извор: република]]>