на врата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 07:24:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на врата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Миленковска славеше роденден, а Гуте ја изненади во 4 и 30 наутро на врата: Торта, свеќички, букет цвеќе и… непредвидено „трето полувреме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-slaveshe-rodenden-a-gute-ja-iznenadi-vo-4-i30-nautro-na-vrata-torta-svekichki-buket-tsveke-i-nepredvideno-treto-poluvreme-video/ Wed, 23 Aug 2023 07:18:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314862

Македонско-српската музичко-брачна екс-„Гранд“ двојка, Елена Миленковска - Гуте Маринковиќ важи за еден од најскладните брачни парови во светот на естрадата. Љубовта, дечињата и семејството пред се', а во рамките на тоа и одбележувањето на најважните датуми. Меѓу нив и „денот што го чекаме цела година“, секако, а овој на Елена и беше и некако посебен зашто заокружува една возрасна фаза, една етапа од животот, раситнувајќи ја четвртата деценија. „Велат дека најубавите работи доаѓаат после 30. Посериозни сме, позрели, различно сакаме, цениме и почитуваме. Стануваме подобра верзија од себе. Живееме за поголеми работи. Чувствувам дека мојот живот е само почеток. Среќна сум, благодарна и срцето ми е полно“ - споделила Елена палејќи ги жижиците со роденденската бројка.
Арно ама за животот да се живее барем приближно онака како што се сака, мора и да се работи... А нечија работа, како онаа естрадната не прашува ниту за делници и празници, саботи и недели, за викенди, ниту за значајни датуми... Напротив, тогаш естрадата најмногу работи. Така беше и овој пат кога Гуте наместо некаде на роденденска прослава заедно со својата Елена, мораше сам на тезга. Свирките траат до доцна во ноќта, па Гуте и не можеше да и го честита роденденденот онака како што треба на својата сакана сопруга... Или сепак можеше? Рано утро, половина пет, музичарите се враќаат дома. Со полни џепови, ама Гуте не и со празни раце. Чук, чук на домашната врата со роденденска торта со 30 свеќички за својата сакана, букет цвеќе, роденденска капа на главата и свирче во уста и секако познатата роденденска песна: „Среќен роденден ти посакувам...“! За крај, еден бакнеж - желби рој! За здравје, среќа, љубов, радост, убавини, за вечност...! „Бев малку тажна вчера што не беше таму за мојот роденден, но сето тоа помина во 4:30 наутро кога го дочекав од свирка на врата. Единствено него нема да можам да го опишам со зборови никогаш! Јас сум среќна жена со ваков човек покрај себе! Сега и засекогаш, твојата жена те сака бескрајно“.
Арно ама, дека ништо не е баш случајно и толку спонтано, Гуте појасни малку подоцна со свое видео. Имено, планот како да се изненади саканата со роденденска честитка и сладок подарок,  бил скован уште преку ден, пред да замине на настап.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Но, тоа не е се'... Зашто роденденската сага имала и своевидно „трето полувреме“. И тоа непредвидено. Имено, откако Гуте тропнал рано наутро во 4.30 на домашната врата со роденденските дарови, подготвен да ја изненади и да и честита на Елена, се случило нешто, што морало и изнендувањето и честитката да ги одложи... Барем на одредено време, за кое Гуте сосе тортата и букетот, онака уморен и издишанн, морал дополнително да стои и чека пред домашната врата... А, еве и зошто! Па нели рековме, семејството и децата се на прво место. Во секој случај мисијата исполнета, а од неа и пораката на денот: Сакајте и разубавете му го некому денот! Што би рекле: Се' за љубов! Фото: Инстаграм/gute.marinkovic/elenamilenkovskaa]]>