„На Велигден“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Apr 2023 07:50:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „На Велигден“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „На Велигден“ не е само Џокси: Некои наши пејачи ја преработија неговата легендарна тема, а кај други големиот христијански празник е вткаен во нивните песни (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-veligden-ne-e-samo-dzoksi-nekoi-nashi-pejachi-ja-prerabotija-negovata-legendarna-tema-a-kaj-drugi-golemiot-hristijanski-praznik-e-vtkaen-vo-nivnite-pesni-video/ Mon, 17 Apr 2023 07:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247393

Кога е еден од најголемите христијански празници во прашање, секогаш во пресрет на Велигден  покрај се друго, на памет ни паѓа и песната... И тоа онаа, најпознатата, легендарната која тогаш радијата најчесто ја вртат... „На Велигден“, напишана и испеана од македонскиот кантавтор  Ѓорѓе Васиќ, алиас Џина Папас Џокси како што го познава јавноста по негвиот уметнички прекар. Но, со текот на годините „На Велигден“ испадна дека не е само синоним за Џокси... Прв кој го преработи неговиот евергрин беше тогаш младиот Ламбе Алабакоски, излезен од музичката работилница на Дарко Димитров и М2 продукцијата и нивното македонско музичко талент шоу - „Портага по ѕвезди“. Младиот пејач иако во свој стил, сепак речиси идентично ја донесе преработката на „велигденската поп химна“. По него уште една македонска пејачка во 2017 година влета во обид да ја долови и на себесвојствен начин да ја донесе „празничната песна“. Песната  доби своја женска верзија кога во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски ја испеа пејачката Пепа Димитрова, а аранжманот го направи Дамир Имери. Нејзината интерпретација во смут џез варијанта со етно елементи сосема поинаква, а сепак препознатлива на оригиналот. Самиот Џокси на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ во 2020 година во живо заедно со членовите на хорот на АКУД „Мирче Ацев“ донесе уште една малку поразлична верзија на сопственото „животно остварување“. За време корона пандемијата, додека траеа деновите на карантинот, Џокси одново зедно со голема група од 60 помалку или повеќе познати охридски музичари, пејачи и аматери наречена „Охрид биг карантин бенд“ ќе донесе сосема нова, поинаква, необична „онлајн“ верзија на големиот хит. Конечно, „На велигден“ не е само Џокси... Покрај оние наши пејачи кои ја  преработија неговата легендарна тема и кај некои други македонски поп и фолк ѕвезди големиот христијански празник се споменува и во нивните песни! Така на пример во прекрасната „Километри“ на Влатко Лозаноски од 2018-тата, стихот кој е поврзан со големиот христијански празник гласи: „Ми фали за Велигден јас да си дојдам, ми фали да сум дома...“! Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ пак, исто така има песна во чиј наслов е вткаено името на големиот христијански празник - „За Велигден“. Излезена во 2019 година, иако во неа се споменува големиот христијански празник и несомноно дека истата токму тогаш и е најмногу во фокусот и ја достигнува кулминацијата на својата популарност, сепак македонскиот фолкер неа ја правел наменски, зашто пред се’ се работи за печалбарска песна која во себе ја крие патината на македонскиот печалбар, неговиот живот во туѓина и тагата по родниот крај. Уште една позната македонска фолк пејачка, Елена Георгиева исто така има своја наменска песна за празникот што го слави Христовото воскресение и победата на животот над смртта. Нејзината тема е насловена „Молитва за Велигден“. И македонската фолк легенда Благица Павловска исто така има испеано велигденска песна и тоа заедно со познатиот музичар Цане Петров („Биоритам“), која исто така е наменска, празнична и носи наслов: „Хрисистос воскресна“ . На тема „Велигден“ песни посветени на еден од најголемите христијански празници има уште... Но за нив, задравје Боже догодина, во следната велигденска прилика! Христос воскресна - навистина воскресна!]]>

На Џокси Ѓурѓовден му е подеднакво важен, па можеби дури и поважен од Велигден, а еве и зошто?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-dzoksi-gjurgjovden-mu-e-podednakvo-vazen-pa-mozebi-duri-i-povazen-od-veligden-a-eve-i-zoshto-foto/ Thu, 07 May 2020 08:08:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148334

Вчера,6 мај 2020 година, православните верници од христијанска вероисповед го празнуваа Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто. Празник за Македонскиот народ, МПЦ - Охридска архиепископија, а за многумина и посебен ден - именден! Ѓурѓовден собено го славеја и чествуваа сите оние чие име е Ѓурѓа, Ѓорѓија, Ѓорѓи, Ѓуро, Ѓоре, Гоце, Ганка, Гане, Гина, Гена... А меѓу сите нив и еден познат македонски пејач. најпознатиот, чие име или потчно прекар се врзува токму со христијанските празници, односно со најголемиот - „Велигден“, зашто токму тој Џина Папас Џокси, ја напиша, испеа и остави за навека да се пее неговата песна „На Велигден“, која со текот на времето прерасна во легендарен македонски евергрин. Некој, особено од помладите сега можеби ќе се праша, каква врска има Џокси со Ѓурѓовден? Од каде пак сега Велигден и Ѓурѓовден, иако како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден па и во народната пена се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период. Малкумина знаат дека на македонскиот кантавтор и пејач Џина Папас Џокси му е всушност уметнички прекар. Ниту тој се вика Џина, ниту му е Папас презимето... Имено, вистинскот име и презиме на Џокси е всушност Ѓорѓе Васиќ. Оттаму и именденот кој го слави токму за време на празнувањето на Ѓурѓовден! За именденот Џокси доби стотици честитки, најмногу преку социјалните мрежи заради ситуацијата со коранапандемијата. Тој на сите им се заблагодари за честитките, исто така преку своите профили на Фејсбук и Инстаграм, но сепак една од ите честитки ја издвои со посебен пиетет. Онаа од Отец Пимен. Причината, повеќе од посебна. ]]>

Џокси и академскиот хор „Мирче Ацев“ од дома го преработија неговиот евергрин – „На Велигден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzoksi-i-akademskiot-hor-mirche-acev-od-doma-go-prerabotija-evergrinot-na-veligden-video/ Sun, 19 Apr 2020 08:52:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145608

Откако е создадена, Велигден не би можел да помине без да ја слушнеме легендарната песна која ја одбележа кариерата на легендарниот македонски пејач Џина Папас Џокси. И додека сите се шегуваа дека оваа година поради состојбата која владее во светот и кај нас, Џокси „нема да може да се заљуби“ бидејќи ќе мора да остане дома, тој не изненади со фантастично видео кое ќе ви го разубави денот и празникот. Имено, пејачот заедно со академскиот хор „Мирче Ацев“ од дома ја преработија и снимија легендарната песна и на сите им пренесоа моќна видеопорака. Болеста не може да не скрши, музиката се' уште не соединува. Кој вели дека и од дома не можеме да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден? Џокси и целиот тим кој стои позади ова прекрасно видео е доказ дека и во вакви тешки времиња  духот не може и не смее да клоне! Инаку, ова е втор пат Џокси да ја пее оваа песна со хорот „Мирче Ацев“. Тие годинава заедно ја испејаа и на манифестацијата „Златна Буба Мара“. Слушнете ја, погледнете го видеото и... празнично останете дома! https://www.youtube.com/watch?v=uj0LG4BdEyI&feature=emb_logo]]>