на светот радост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Jan 2021 15:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на светот радост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Љубојна“ со преубаво видео ви ја преставува Божиќната песна – „Христос се раѓат, на светот радост“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubojna-so-preubavo-video-vi-ja-prestavuva-bozikjnata-pesna-hristos-se-ragjat-na-svetot-radost-video/ Thu, 07 Jan 2021 15:51:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184194

Традиционално, и овој Бадник, Здружението "Бадникови поворки" со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. Со голема радост соопшуваме, дека и покрај строгите протоколи за работа и отежнатите околности што ги создаде пандемија на ковид-19, успеавме да ја исполниме нашата света должност и да оставиме за навек уште едно музичко дело. Најголема благодарност упатуваме до Епископот Антаниски и Игумен Бигорски Партениј, за неговата безрезервна духовна поддршка за целиот тим во текот на целиот процес на создавање на делото. Видео записот за ново-возобновената Божикна песна (каланда) “Христос се раѓат, на светот радост” е снимен во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорскиот манастир. Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност. Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност се собра за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на: Изведба: „Љубојна“ Соработници: Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”; Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов; Инструменталисти: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас. Аранжман: Оливер Јосифовски Музички инжинер: Ангел Ќосев Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“ Режија – Дејан Пројковски Директор на фотографија – Горан Наумовски Монтажа и камера оператор – Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска Продукција – 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски Учесници: Љубојна, актер – Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти. Голема благодарност до: Стручен соработник – Антонио Стојчески, Хотел Неда – Галичник, Ансамбл Орце Николов – Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос – Ване Наков, Ансамбл Македонија – Владо Јаневски, Александар Костиќ – Претседател на месна заедница Галичник, шминка Марга Миновски. Во продолжение, и текстот на песната: ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ! Христос се раѓат - на светот радост, на светот радост, на сите луѓе. Четириесет дни и толку ноќи Дева бдееше, топло молеше. На крај е дојде време да родит, та бргу барат баби да дојдет. Баби да дојдет, миро да носет, миро да носет, да е послужет. Дури се најдет, дури да дојдет, Марија Дева Христа Го роди. Христа Го роди, Господ на сите, Господ на сите - в пештера бедна. В пештера бедна, ширна полјана, ширна полјана, ко сонце блесна. Ко сонце блесна, ко сјајна луна, ко сјајна луна, на светот светлит. Нек’ светлит така и в’ оваа куќа и в’ оваа куќа, на сета рода. На сета рода мир да е дават, мир да е дават, да множит љубов. Да множит љубов за добри дела, за добри дела, за сите ближни. Христос се раѓат - на светот радост, на светот радост, на сите луѓе. https://www.youtube.com/watch?v=bjZAabuHXHY]]>