на свадба ми дојдоа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Mar 2020 13:33:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на свадба ми дојдоа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татијана Стефановска благослови роднини, пријатели со – „На свадба ми дојдоа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-blagoslovi-rodnini-prijateli-so-na-svadba-mi-dojdoa-video/ Mon, 16 Mar 2020 13:31:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139770

Една од најпознатите фолк пејачки на македонската естрада, Татијана Стефановска, го објави спотот за нејзината најнова песна која носи наслов; „На свадба ми дојдоа”. Како што кажува и самиот наслов, станува збор за песна со свадбарска тематика на која што како автор на музиката и аранжманот се потпишува маестро Златко Миладиноски, а текстот го напишал Драган Матески. Песната „На свадба ми дојдоа”, Татијана ја снимала во студиото „ХЛ“ на Дејан Момироски. „Една убава свадбарска тема, позитивна, а свадбата ја опишува невестата. Таа кажува за гостите кои што ги чека од туѓина да дојдат и заедно да се веселат на нејзината свадба. Во оваа песна можат да се пронајдат сите оние кои што имаат таков убав момент, како што е свадбата. Сепак,најмногу текстот се задржува на гостите кои што треба да дојдат од странство и заедно да уживаат во свадбата на блиската роднина, односно невестата“ - истакнува Татијана во интервју за сателитската ИН ТВ. Снимањето на спотот се одвивало во домот на Татијана и уште на неколку локации низ Охрид во соработка со ИН Продукција. Нејзините очекувањата се песната да биде добро прифатена од јавноста и да заживее меѓу народот. Татијана се надева дека „На свадба ми дојдоа” ќе се пее на македонските свадби, но и на другите семејни прослави. Во продолжение погледнете го спотот: ]]>