На сред село чешма шарена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2018 12:35:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png На сред село чешма шарена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Радичевска – „На сред село, чешма шарена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-radichevska-na-sred-selo-cheshma-sharena-video/ Mon, 12 Feb 2018 12:35:59 +0000 http://vistina.mk/?p=12470

Македонската фолк пејачка, тетовчанката Снеже Радичевска, со песната и спотот „На сред село, чешма шарена“ го најавува и својот прв солистички албум насловен  „Желбо моја“ . Видеото инаку е снимено на внимателно избрани локации, за реално да се  долови суштината на песната, која е само уште еден показател дека имаме непресушен извор од каде „излегуваат“ навистина убави македонски таленти и фолк музика.
Спотот се снимаше на две локации: во кругот на „Лешочкиот манастир“ и во селото Беловиште, тетовско, и се надевам дека навистина  ќе наиде на убави коментари од публиката. Песната со која го најавуваме албумот е сосем случајно избрана за прва да биде промовирана, бидејќи сите ми се посебно драги“ - вели Снеже.
На албумот „Желбо моја“ ќе се најдат девет, новокомпонирани, новосоздадени македонски песни, со фолк, етно, па дури и поп-фолк призвук, а поголемиот дел се работени во студиото „Гранд“, заедно со Далибор Ѓошиќ.
Освен Далибор и неговото „Гранд студио“, на албумот како соработници се потпишуваат и Дејан Момировски, Борче Нечовски, Љупчо Павлоски, Љупче Василев…
Наскоро Снеже, ја очекува и турнеја надвор од Македонија, каде оди заедно со Далибор Ѓошиќ, а песните од нејзиниот нов албум први ќе ги слушнат нашинците кои живеат во Шведска, Данска, Австралија и Америка. https://www.youtube.com/watch?time_continue=75&v=aDuGFqtqNRM]]>