на спиење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Dec 2019 11:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на спиење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачката Зорица Марковиќ ограбена: Крадците ја фатиле на спиење и однеле „половина куќа“! https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-zorica-markovikj-ograbena-kradcite-ja-fatile-na-spienje-i-odnele-polovina-kukja/ Wed, 25 Dec 2019 11:15:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125851

Зорица Марковиќ била ограбена минатата недела, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, кога тројца непознати крадци провалиле во нејзиниот семеен дом во Јајинци. Пејачката во тој момент спиела во нејзината соба и не слушнала никаква врева што ќе ја разбуди. Кога станала утрото, таа нашла хаос во дневната соба. Наводно исчезнале две скапи слики во вредност од 10.000 евра, како и позлатена трпезна ламба, ѕиден часовник, мобилен телефон и целиот сервис за јадење. „Половина од вредните предмети и украси ги немаше, па ништо не и беше јасно. Прозорците беа  уредно затворни, но вратите беа отклучени. Бидејќи никој од нејзините не беше дома, таа веднаш го повика нејзиниот помлад син Илија и му рече дека провалници очигледно провалиле во куќата. Таа потоа телефонирала кај еден свој  познаник кој работи како полициски инспектор и тој пристигнал во рок од дваесет минути“ - открива добро информиран извор, инаку сосед на пејачката и додава дека безбедносните камери од куќата помогнале во фаќањето на крадците. „Бидејќи Зорица неодамна ја реновираше куќата и некои работи сè уште не се завршени, таа си обезбеди камери за сопствена безбедност. Кога полицијата ги прегеледала снимките, сè веднаш било јасно и виновниците биле брзо пронајдени. Се работи за  локални разбојници кои и се познати на полицијата уште од рана возраст. За среќа, работите во текот на два дена се вратени од куќата, па Зорица не  претрпела материјална штета, освен што била потресена, исплашена и измалтретирана“ - завршува соседот на пејачката.]]>