на скара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Jun 2023 09:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на скара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бојана Нушкова „на скара“ во Сахара: Манекенката дење на јадење и летни лудории, навечер на трошење… калории! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-nushkova-na-skara-vo-sahara-manekenkata-dene-na-jadene-i-letni-ludorii-navecher-na-troshene-kalorii-foto-video/ Tue, 27 Jun 2023 08:30:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307809

Како што веќе неодамна објавивме, македонската манекенка и модел Бојана Нушкова на нејзиниот  „Инстаграм“ профил испрати жежок поздрав од Грција, каде камерите ја фатија  како ужива во летото во познатиот „Сахара ресорт“ во Неа Каликратија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Раскошниот телесен потенцијал на скопската убавица навистина е „лудница“, па затоа и не можеше да остане незабележан од љубопитните погледи на околината... Оние, машките „влажни“ и оние на дамите кои иако се правата лажно важни и тоа како дискретно ѕиркаат, а секој нивни поглед длабоко понира и го анализира она што ги интересира. Дебелината не е баш ни ниту здрава ниту е во мода, особено никако за професијата со која се занимава Бојана, но ако помисливте дека манекенките се само на воздух и вода, верувајте ве лажат... Тоа не е така дури ни на плажа. Шишенцето до нив со ладна негазирана за освежување секако не е изненадување, ама затоа скопската убавица покажа дека извајаната задница и телото - вретено не само што треба да се обликуваат редовно, туку мора со нешто и да се храни и тоа во случајов обилно... Така Бојана Нушкова покажа дека е  „на скара“ во Сахара. Или поточно на обилен сендвич со сланинче, топено кашкавалче и веројатно во него со уште понекое мевце, за да се собере душа... Денот е долг, активностите и пеколното сонце исцрпувачки делуваат и на телото и на сетилата, па обилното сендвич мени со помфрит, за миг ја враќа силата. Или што би рекле, како што се гледа и од приложеното, манекенката дење е на јадење и летни лудории, ама затоа навечер, е на трошење... калории! Зашто она што преку ден ќе се стави, навечер треба да се симне, а како поинаку ако не со заводливо ѓускање на добра журка. Забавата барем на море не недостасува, па Бојана затоа тоа обилно го ползува, спојувајќи го убавото со корисното. Ем за забава до бесвест што ги буди сетилата и ја создава хемијата, ем за враќање на линијата. До душа, за ова второто постојат и поинакви или ако сакате „дополнителни методи“ во вид на „after night party“,  арно ама... Дали имало „забава по забавата“ или уморна од журката манекенката на перницата само нежно ја спуштила главата, правејќи  уште едно селфи пред спиење... нема да откриеме. Фто: Инстаграм принтскрин/boyananushkova
]]>