на отворено – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Jun 2021 12:59:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на отворено – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Рибља чорба“ ќе одржат концерт под ведро небо во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/riblja-chorba-kje-odrzat-koncert-pod-vedro-nebo-vo-skopje/ Wed, 09 Jun 2021 12:59:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206364

Авалон продукција го најавува првиот концерт за 2021 година –  „Рибља чорба“ во Скопје на 27-ми јуни, на платото пред А1 Арена.Судбината сакаше после девет месеци од нашиот последен одржан концерт, концертот на „Бајага и Инструктори“ во септември минатата година, првиот нареден концерт да биде  токму со бендот во кој Бајага созреа и се изгради себеси како артист- „Рибља Чорба“, сигурно еден од најголемите рокенрол состави на Балканот на сите времиња. „Многу сме среќни што ја отворaме сезоната на концерти во Скопје. Отсекогаш сме се радувале на свирки во Македонија, меѓу другото, затоа што Македонците знаат да ценат добар рокенрол и затоа што секој има уво и пее како славејче. Во исто време, ние сме тажни затоа што короната го зеде Миша Алексиќ од нас. Неговиот дух ќе биде со нас на 27-ми јуни во Скопје, пред салата Борис Трајковски. Ќе дадеме се од себе да ги израдуваме сите со концертот. Ве сака „Рибља чорба“ – вели Бора во најавата за концертот.
Старите љубители на рокенролот, а Рибља Чорба како природен феномен на концертите има и неверојатно млада па дури и малолетна публика, паметат дека големата југословенска турнеја за легендарниот албум „Мртва природа“ (на којшто се наоѓаат хитовите „Волим жене“, „Неќу да испаднем животиња“, „Пекар, Лекар, Апотекар“, „На западу ништа ново“….), се викаше „Кој ќе преживее, ќе раскажува“.
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во четврток, 10 јуни 2021 во 21:00 часот.
]]>

Фестивалот на пантомима и физички театар „Панфиз“ на отворено, на 19 и 20 септември пред МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/festivalot-panfiz-na-otvoreno-na-19-i-20-septemvri-pred-mnt/ Tue, 15 Sep 2020 12:33:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167083

Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ оваа година, поради коронавирусот, првпат ќе се одржи на отворено пред МНТ, на 19 и 20 септември. Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Билети ќе бидат поделени пред претстава по принципот прв дојден прв услужен. „Како и секаде, така и во овој случај, ќе се врши мерење на температурата пред влегување, носењето маска е задолжително за сите, а дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита“ - велат организаторите. На фестивалот ќе има гости од Србија – „Алис ин вондербанд“ со претставата „Кис“, од Бугарија Филип Дончев со претставата „Лакомиот“, а за крај буто-перформанс, копродуциран од театри од Македонија и Србија.
ПРОГРАМА:
19.09. 20.00 ч. "Alice in WonderBand" - Србија "KISS" музичка комедија
20.09. МНТ плато 10.00 ч. Театарска Работилница - "Телото како инструмент"- Ана Врбашки, Србија
20.00 ч. Филип Дончев - Бугарија "Лакомост"- пантомима
21.00 ч. "Страница Театар" и Марко Нектан - Македонија - Србија "Кабаре на Апсурдот" - буто перформанс

Центарот за култура – Битола организира летно кино на отворено https://arhiva.vistina.com.mk/centarot-za-kultura-bitola-organizira-letno-kino-na-otvoreno/ Mon, 17 Aug 2020 13:06:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163728

Битола е филмски град и не смее да остане без кино, дури и во време на Ковид кризата. -„ Работевме интензивно последниот период на техничко решение за летно кино и го имаме резултатот. Мало летно кино, на една од најдрагите локации во нашиот објект, на косото плато под службениот влез на Центарот за култура и Малата сала.  Капацитетот ќе биде ограничен на околу 50 посетители, а цената на влезниците ќе биде по симболична цена од 100 денари. Филмските проекции ќе бидат реализирани по здравствените протоколи, меѓу кои на посетителите ќе им биде мерена телесна температура, задолжителна ќе биде дезинфекцијата на раце и носењето на маски.“ – соопштуваат од НУ Центар за култура – Битола. Билетите за проекциите ќе се продаваат пред почетокот, на принципот „прв дојден, прв услужен“. Сите проекции ќе започнуваат во 20:30ч. Во репертоарот ќе бидат вклучени наградувани европски филмови од познати режисери, комедии кои што на публиката ќе им овозможат пријатно расположение и мала пауза од секојдневието, како и филмови за најмладата публика. Реализацијата на проекциите ќе зависи од временските услови, а репертоарот ќе се објавува на неделно ниво, при што секој ден ќе се прикажува нов филм. Почеток на работата на летното кино е од вторник (18 август) со комедијата „Добредојдовте во Германија“, во среда 19-ти август ќе се прикажува Оскаровецот „Паразит“ а во четврток  уште една комедија „Брит Мари беше тука“.

Снеже Велков – инструкторка по „три во едно“: Нејзините практични совети на отворено, може да ви се најдат… и „во затворено“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-instruktorka-po-tri-vo-edno-nejzinite-praktichni-soveti-na-otvoreno-moze-da-vi-se-najdat-i-vo-zatvoreno-video/ Fri, 19 Jun 2020 07:22:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154493

Снеже Велков е едно од оние ТВ лица кое во изгледот со години останува „Status Quo“. Како замрзната во времето, кое неминовно си тече, но очигледно речисси и да не влијае на нејзината, става, тежина, свежина, лицто, комплетниот изглед... Оттаму, логично  произлегува прашањето како и поаѓа од рака да остане навидум иста? Генетика, козметика, гимнастика, нутриционизам, пилатес, јога или некоја нова „здрава дрога“ е во прашање, кога се работи за нејзиното неменеување, во поглед на физичкиот изглед? Општо познато е дека синооката убавица покрај ТВ водителството последниве години е и пилатес инструкторка, па кога секојдневните вежби и физичката активност ќе се измиксаат со дел од посочените предиспозиции, станува јасно како Снежа секогаш изгледа толку свежа, згодна, убава и млада! Но, теретаните, спортские сали, вежбањето и групирањето заради короната се' уште се под ембарго и клуч, па затоа Велков последниве месеци наместо во затворено вежба на отворено. И тоа на некои чудни места, кои секогаш ги наоѓа за да покаже нова поза од нејзиното физичко умеење, која таа ја прави со смеење, додека повеќето на кои вежбањето им е мачење, не би ја извеле ниту со плачење. Најпрвин македонското „астрономско светилиште“ Кокино и беше дестинација за тренинг и релаксација, па таму Снеже Велков вежбаше пилатес, со високо кренати нозе како маркери на карпите за прекрасен поглед меѓу нив… Пилатес за ослободување од стрес со прекрасна панорама на околината или на инструкторката, во зависност кој во каква глетка повеќе ужива. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sneze-velkov-na-pilates-na-kokino-vo-teleskop-poza-visoko-krenati-noze-kako-markeri-na-karpite-za-prekrasen-pogled-megju-niv-foto/ Потоа Снежа истите вештини ги покажа и покрај езерското крајбрежје. Вежбата слична, само околината различна, како и погледот, различен од нејзин и ваш агол, во зависност чиј каде завршува: Во инструкторката на фронтот или во далечина на хоризонтот! Деновиве Снеже Велков најде нова локација за сопствена рекреација, но и за ваша едукација. Пилатес инструкторката одново реши да се дислоцира покрај вода, па покажа како минува дел од денот вежбајќи покрај базенот. А, вежбите на Снеже ем здрави и убави, ем полезни и корисни, ем... се три во едно! Здравјето пред се' - се рабира, телесната убавина и телесната линија - се подразбира, мирот и спокојот на духот со тоа секако оди во пакет, но има уште нешто, што може да ви биде од полза на овој свет. Или поточно во вашиот живот... И тоа сексуалниот. Добро, кондицијата, привлечноста на женското тело и зголеменото либидо веројатно се подразбираат како резултат на вакавата активност, но она што Снеже ќе ви го прикаже во своето најново видео, има уште една добра страна. Нејзините практични совети и вежби на отворено, може да ви се најдат... и „во затворено“! Конечно и стручњаците по тоа прашање не попусто велат дека секоја нова поза, буди нова доза... возбуда! Па, за да нема заблуда, погледнете го видеото и... пробајте. Впрочем, како што самата инструкторка вели: „Често многу повеќе работи дознаваш само со гледање, отколку со прашување“!