на македонски јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Apr 2021 08:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на македонски јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Браво колега!“ и „Оцени се сам!“ бесплатни HR алатки на македонски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/bravo-kolega-i-oceni-se-sam-besplatni-hr-alatki-na-makedonski-jazik/ Wed, 21 Apr 2021 08:38:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199862

Вероника Маринковиќ својата кариера решава да ја започне и насочи кон одделот за човечки ресурси. Според нејзе тоа е вистинскиот оддел во кој може најдобро да ги примени своите способности стекнати на студиите. Не сака неправда и се бори сечиј глас да биде слушнат.   Академијата за човечки ресурси (https://creativehub.mk/academy/hr-akademija/ )  беше нејзин избор бидејќи смета дека Creative Hub е најдоброто место каде може да научи како да биде уште подобра во својата работа.   Вероника, зошто Академијата за човечки ресурси?   Во текот на студирањето на Институтот за психологија, покажав особен интерес кон организациската и трудовата психологија. Токму поради тоа решив својата кариера да ја продолжам во областа на човекови ресурси, како област во која можам најдобро да ги применам своите знаења од психологија. Морам да напоменам дека желбата за развој на луѓето и збогатување на целокупното работно искуство, како и создавањето можности за фер плата, беа мојот мотив да се запишам на Академијата и воедно, познавајќи ја работата на Creative Hub, одлучив дека токму оваа Академија ќе ми го овозможи стекнувањето на потребните вештини.   Како се одвиваше академијата, може ли нешто повеќе за теоретскиот но и практичниот дел?   Академијата се состоеше од низа на предавања, поделени во неколку модули. Тие се: Правни аспекти на човечките ресурси, Финансии во човечки ресурси, Регрутација и селекција, Тренинг и развој, Performance Management и Employee Engagement. На овие предавања ние се стекнавме со различни знаења и вештини како на пример: од што се состои еден договор за вработување, што е опис на работно место, како се пресметува плата, какви методи за развој на вработените постојат, зошто е важно да знаеме со кое сетило комуницираме и сл. Сите овие знаења потоа имавме шанса практично да ги примениме на четири хакатони организирани на различни теми, но со иста цел- создавање на дигитални tech решенија кои ќе бидат бесплатни и достапни за сите преку hr.mk платформата.   Неодамна го завршивте вашиот прв хакатон со останатите студенти наречен “Браво Колега”. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за него?   Првиот хакатон „Браво колега!“, беше организиран со цел да ги примениме знаењата од областа на Employee Engagement и да изработиме една дигитална алатка со чија помош би им искажале благодарност и ценење на нашите колеги. Алатката која ја изработивме нуди три опции. Првата опција „Браво за лојалноста!“ ни овозможува да им се заблагодариме на колегите за нивната лојалност и да им посакаме среќна годишнина од вработувањето во нашата компанија. Користејќи ја втората опција или „Благодарам колега!“, ние можеме да им се заблагодариме на нашите колеги за промената која ја прават во компанијата, доброто вршење на работата или пак помошта која ни ја дале. Третата опција нуди можност за испраќање на роденденска, новогодишна или друг вид на честитка. Алатката претставува едно интересно современо решение, кое во период на недостаток на физички контакт ни овозможува да им се приближиме на нашите колеги и да направиме да се чувствуваат посебно.   Потоа следуваше и вториот хакатон, “Оцени се сам!” Што претставува алатката “Оцени се сам?”   Алатката „Оцени се сам!“ претставува алатка за самоевалуација на вработените и и за изработка на истата ги користевме знаењата стекнати по предметот Performance Management. Оваа алатка е наменета за користење пред состаноците со претпоставените по повод годишните евалуации или заокружувањето на еден процес на процена на перформанса. Алатката е создадена со цел да се поттикне самокритичноста и објективноста на вработените во однос на нивното секојдневно извршување на задачите и нивните вештини, па така таа се состои од два дела. Првиот дел содржи отворени прашања како што се: „Кое од вашите задолженија сметате дека го исполнивте најдобро или дека најмногу се подобривте во извршување на истото ?“или „Кои специфични вештини би сакале да ги развивате до наредниот период на оценување?“. Вториот дел се состои во самооценување на вештините и компетенциите за работа на скала од 1 до 3 и вкупен впечаток. Заедно со останатите студенти успеавме да ги сумираме оние вештини и компетенции кои сметаме дека еден работник треба да ги поседува, но секако доколку некоја од вештините или компетенциите не е применлива за работното место на работникот, истата не треба да се земе предвид.   Дали луѓето ќе имаат некаква придобивка од овие две дигитални решенија? Зошто би требало да ги користат?   Да, јас верувам дека користењето на овие дигитални решенија би било од особена корист како за вработените, така и за самите компании. Најпрво затоа што истите се бесплатни и на македонски јазик и како такви се достапни за различни демографии на население. Потоа, затоа што во современиот начин на живот, а дополнително и во време на глобална пандемија, дигиталните алатки наоѓаат најголема примена па така нивното користење и достапност само по себе претставува придобивка. Воедно, континуираното користење на овие алатки им овозможува на компаниите да развијат една компаниска култура која е насочена кон работникот и неговиот развој и во која владее почит, поддршка и разбирање.   Колку сте вие задоволни од решенијата? Јас сум особено задоволна од решенијата кои ги развивме заедно со останатите студенти и воедно сум возбудена да дознаам какво ќе биде нивното влијание и како истите ќе бидат прифатени од страна на компаниите, вработените и HR професионалците. Морам да им се заблагодарам на Фросина Колевска и Јована Николовска, кои како дел од тимот на Creative Hub, ја овозможија визуелизацијата на нашите идеи и ни помогнаа во создавањето на финалниот производ.   Твојата порака за сите идни студенти на Академијата во Creative Hub e...   Мојата порака до сите оние кои сакаат да се запишат на Академијата за човечки ресурси и да инвестираат во својот личен и професионален развој е да не се двоумат за истото да го направат. Пред сѐ, затоа што Академијата обработува содржини од областа на современата HR индустрија, а потоа и затоа што нуди стекнување и примена на знаења и вештини пренесени од страна на искусни HR професионалци, кои сѐ секогаш достапни и отворени за прашања и совети и кои поттикнуваат критичко размислување, проактивност и развој.  ]]>