на црно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Aug 2021 08:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png на црно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Македонијо златна… јака ти душа“: Игор Џамбазов ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonijo-zlatna-jaka-ti-dusha-igor-dzambazov-ja-razreshi-ili-samo-odnovo-ja-zagatna-dilemata-do-drzavata-li-e-ili-do-narodot-foto/ Tue, 31 Aug 2021 08:47:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217336

„Каков народ - таква држава“ - вели една позната поговорка, ама дали е баш така, никој не е до крај сигурен во кажаното?! Точно е дека власта си ја бира народот, ама кај нас мора да има некој скриен парадокс, некоја латентна фалинка, штом 30 години вака ни оди како што ни оди со државата, а еден куп власти и владеачки коалиции и се „изнаредија“ на нашава кутра Македонија! Ќе го реши ли проблемот генерален „мастер ресет“ на системот или грешката е во генетскиот код на народот? Прашање или поточно дилема на која никој не може точно да одговори. Најдобар доказ за тоа се и последните примери со новите мерки за ковид пандемијата. Вакцинација, па вакцинација, сертификат и за влез во нужник на првото кафуле ти бараат, ако не дај Боже те спотера среде град, бидејќи јавни тоалети - нема, а за пиење кафе без да покажеш дека си „боцнат“ барем еднаш и муабет да не праиме?! Арно ама, народот е „жив ѓаол“ и не можеш баш така да го правиш „будала“, зашто ионаке веќе доволно „збудален“ од се' што му се случува по сите основи, на сите полиња. Патем, кај нас како што е познато се фалсификуиваат лични карти и пасоши, па за сертификат за вакцинација збор не станува... Само ти посакај. Се разбира на црно, за 50 евренца! Ова ионака е јавна тајна, па јавно го обзнани и нашиот шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил. Со тоа ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? Или ќе да е до двете? Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/pansionprespav  ]]>

Бугарската пејачка Марија во нов скандал: Тргнала да пее „на црно“ без да им пријави на продуцентите, па доживеала сообраќајка https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-pejachka-marija-vo-nov-skandal-trgnala-da-pee-na-crno-bez-da-im-prijavi-na-producentite-pa-doziveala-soobrakjajka/ Thu, 26 Jul 2018 11:54:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40180

Фолк пејачката Марија претрпела сообраќајна несреќа, кој лесно можела  да се претвори во страшна трагедија, тврди бугарска HotArena, повикувајќи се на очевидци
На пејачката и пукнала гума на патот помеѓу Михалково и Кричим. Инцидентот се случил во понеделникот по полноќ. Автомобилот на Марија,марка џип "Мерцедес",  бил на работ да се преврти и падне во стрмен канал  што крај брегот на водите на реката В'ча. Инцидентот се случил поради одрон на камења на патот, и големата брзина со која бил управуван автомобилот.
Ситуацијата околу несреќата станува уште поскандалозна заради фактот што Марија одела да пее на фестивалот Родопите. Но, сето ова  на 23 јули, не било официјално објавено. Во понеделникот, Марија дефинитивно пеела без нејзините продуценти од „Пајнер“ да  знаат за тоа, па пејачката го премолчела случајот.
Таа е позната по нејзиниот маничен интерес и лакомост за пари и сите можни начини на кои може да ги добие.
Што значи дека „лапнала“ хонорар од 10 до 15 илјади лева за нејзиниот настап, без да им пријави на продуцентите од „Пајнер“. Извор: Новини.бг  ]]>